Следниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана на 16 октомври - Канал 5

Следниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана на 16 октомври

На 16 октомври Тирана ќе биде домаќин на следниот самит на Берлинскиот процес. 

Следниот Самит на Берлинскиот процес во Тирана на 16 октомври

Веста ја соопшти германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес-конференција во Берлин, со албанскиот премиер Еди Рама, јави Топ чанел.

Тој додаде дека Западен Балкан и неговата интеграција во Европската унија се многу важни.

- Во многу наврати го свртев вниманието на фактот дека ова е една од големите задачи што Европа мора да ги исполни сега. Западен Балкан е дел од Европа и дел од европското семејство. Затоа, мило ми е што следниот Самит на Берлинскиот процес ќе се одржи на 16 октомври во Албанија. На овој начин, Самитот на Берлинскиот процес за првпат во речиси 10-годишната историја на процесот да се организира во главниот град на една земја од Западен Балкан, рече Шолц.

Рама го изрази своето задоволство, што Тирана е избрана за место за одржување на самитот на Берлинскиот процес.

- Драго ми е што можеме да го објавиме и датумот, 16 октомври годинава, кога во Тирана ќе се одржи Самитот на Берлинскиот процес. Овој самит ќе го продолжи продлабочувањето на процесот, ќе се занимава со балансот на постигнувањата, со целите што треба да се постигнат понатаму и ќе ја зајакне соработката во регионот, рече Рама, нарекувајќи ја Германија како „внимателен сопатник“.

Во однос на француско-германскиот план за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, Рама посочи дека силно го поддржува мировниот план, кој според него, ја носи потребната и долгоочекувана нормализација кон која двете страни мора да се однесуваат сериозно и со потребна храброст.

- Разговаравме и за регионот, силно го поддржуваме планот за мир и нормализација меѓу Косово и Србија. Според нас, тоа е многу суштински и реален план, кој ја носи потребната и долгоочекувана нормализација кон која двете страни мора да се однесуваат сериозно и со потребна храброст, рече меѓу другото тој.

Премиерот Рама ја презеде улогата на домаќин на Самитот на Берлинскиот процес на 3 ноември минатата година.

Тирана, инаку, на 6 декември минатата година беше домаќин на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што за првпат ваква средба одржана надвор од границите на ЕУ, на кој учествуваа лидери и делегации од 44 држави.

Албанската делегација денеска ќе се сретне и со високи претставници на германскиот бизнис, а премиерот Рама ќе го посети и Меѓународниот саем за туризам, кој секоја година пречекува околу 10.000 изложувачи од повеќе од 180 земји, меѓу кои ќе биде и албанскиот штанд. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка..

Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешен министер на Србија

Раде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.

Уапсен поранешен министер на Србија

Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови!

Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.

Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Во среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешко филе

20 гр. сув вргањ

150 - 200 мл. топла вода

500 мл. павлака за готвење

1 мало шише бело суво вино

40 - 50 гр. пармезан

1 коцка говедска супа

1 лажица путер

1 лажица маслиново масло

1 чешне лук

сол, бибер, свеж магдонос

мајчина душица

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер