Следната година преку нов мост ќе се стигнува од Аеродром до Центар

Целосно завршување и пуштање во употреба на мостот и улицата Михајло Апостолски кој е продолжение на булеварот АСНОМ од општината Аеродорм кон Гази Баба со излез кај Ист Гејт се очекува наредната година. 

Се уште трае процесот во преговарање на сопствениците на куќите за експропријација. 82 куќи се решени да се урнат во населбата Ќерамидница во општина Гази Баба за само четири месеци, вели Градоначалничката на Скопје Данела Арсоваска.

Дел од куќите веќе се уриваат од како склучиле спогода со Град Скопје. Арсовска вели дека има надеж бидејќи за краток период решили многу спорови, а претходно за три години биле решени само 31 предмет. Вкупно треба да се решат 275 постапки за експропријација, осум од нив се на суд.

Жителите кои се уште се во разговори со градот велат дека не се согласувале со првата понуда од 450 евра по квадарат пред три години. Зависно од куќата и колку е инвестирано среданата цена која што била понудена е 800-тини евра по квадрат. И Арсовска вели дека се преговара со секој посебно со цел да се најде решение.

Арсовска посочи дека сите активности поврзани само со мостот во делот на градежни активности ќе бидат завршени до 10 април.

Ковачевски: Ја изборната победа на нашиот политички противник ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски упати честитки и за победата на Гордана Силјановска Давкова во трката за избор на претседател.

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски и додава дека и тој и сите партиски функционери имаат одговорност.

Мичиген за прв пат во историјата воведе вонредна состојба- 50 луѓе се затрупани во урнатини

Серија моќни торнада го погодија средниот запад на Соединетите Американски Држави, што го натера Мичиген да ја прогласи својата прва вонредна состојба поради невреме.

Како што објави „Дејлимејл“, невремето доведе до уривање на дистрибутивниот објект „ФедЕКС“, по што повеќе од 50 луѓе беа затрупани во урнатините.

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Вајтмер потврди дека прогласила вонредна состојба во четири области.

„Моето срце е со сите погодени од невремето во југозападен Мичиген. Екипите за итни случаи се на терен и им помагаат на граѓаните. Ги советувам сите да ги следат предупредувањата на метеоролозите и советите на вработените во итните служби“, рече таа во обраќањето на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.

Таа потврди и дека е активиран државниот центар за вонредни ситуации.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги координираме спасувачките операции во текот на ноќта“, додаде таа.

Како што објави „Еј-би-си њуз“, ова е првпат да се воведе вонредна состојба поради торнадо во Мичиген, повикувајќи се на податоци од 1999 година. Еден од најтешко погодените е градот Портаџ, на југот на државата, каде живеат околу 50.000 жители. Невремето оштети електрични кабли, собори голем број дрвја и оштети многу куќи и згради.

„Штетата е голема, нејзиниот размер сè уште се проценува“, изјави градоначалничката Патриша Рандал за Вашингтон пост.

Најмалку 50 луѓе се затрупани во урнатините на дистрибутивниот центар „ФедЕкс“, кој се урна под налетите на ветрот. Покривот делумно се урнал, а спасувачките екипи успеале да ги лоцираат и извлечат сите работници.

Серија торнада го погодија Мичиген само еден ден откако 15 од нив пустошеа низ Оклахома.

Повеќе од 35 милиони луѓе живеат во зоната на ризик од бура и торнадо која се протега од Чикаго до Нешвил, Тенеси. Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека е можно невреме во делови од Илиноис, Индијана, Мичиген, Охајо и Кентаки.

Силјановска Давкова: Најголеми честитки за граѓаните, ова е голема одговорност

Прес-конференција на Гордана Силјановска Давкова

Таа изјави дека ќе се однесува како претседателка на сите.

притисни ентер