Славните диџеи на плажа во прегратка на убави девојки (ФОТО) - Канал 5

Славните диџеи на плажа во прегратка на убави девојки (ФОТО)

Францускиот диџеј Дејвид Гета (51) и неговиот колега, Кедрик Жевре (39) се снимени на плажа во Мајами со млади и атрактивни девојки.

Славните диџеи на плажа во прегратка  на убави девојки (ФОТО)

Дајвид беше во друштво на долгогодишната девојка , актерка со кубанско потекло , 27 годишната Џесика Ледон. Нејзиното тело во сино билини беше особено атрактивно за папараците ,како и за фановите на диџејот.

Тој е во врска со Кубанката од 2015 и се чини дека се уште се вљубени. Една година претходно Гета се разведе од 50 годишната сопруга Кети по 22 години во брак.

Диџејот Жерве беше во друштво со свршеницата Аријадна Гутерез (26). Колумбиската актерка и манекенка , која е и поранешна Мис на Колумбија , го истакна своето совршено тело во златно – кафеав бикини.

Аријадна со години по убавината ја споредуваат со сонародничката Софија Вергара.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промените во Серија А донесоа речиси пет минути повеќе фудбал

Во првите кола сезонава во натпреварите од италијанското Калчо или Серија А, просечното време на ефективна игра се зголеми за речиси пет минути во споредба со минатата година – од 54 минути и 20 секунди на 59 минути и 14 секунди. 

Промените во Серија А донесоа речиси пет минути повеќе фудбал

Промените особено ги израдуваа тренерите, кои со години го критикуваа одолговлекувањето на играта. Џан Пјеро Гасперини од Рома по победата над Фиорентина изјави: „Конечно, играме повеќе – колку убаво“.

Сеск Фабрегас, тренерот на Комо, изјави дека натпреварите се позабавни поради новите правила.

Една од новините се однесува на голманите. Доколку ја задржат топката повеќе од осум секунди при изведување на гол-аут, на противничката екипа ѝ се доделува корнер.

Воведени се слични правила и за изведување на аут, со цел да се намали одолговлекувањето на играта.

Најдобриот пример за промена досега е виден на натпреварот меѓу Аталанта и Сасуоло, во кој топкатабилса во игра повеќе од 66 минути, односно околу 69 проценти од вкупното времетраење на натпреварот.

На крајот од минатата сезона, Серија А беше на последното место меѓу петте најсилни европски лиги според ефективното време на игра. Сега италијанското првенство се доближи до Премиер лигата и Лига 1.

По години дискусии за прекини, симулирање, протести и одолговлекување на играта, се чини дека Серија А пронашла едноставно решение – едноставно да се игра повеќе фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Бред Пит својата прва голема улога ја добил во Југославија: Милена Дравиќ ја играла неговата мајка

Холивудската ѕвезда Бред Пит првата голема улога на филм ја имал во Југославија.

Видео: Бред Пит својата прва голема улога ја добил во Југославија: Милена Дравиќ ја играла неговата мајка

Денес тој е еден од најпознатите холивудски актери и добитник на Оскар, но пред светската слава, Бред Пит бил млад и речиси непознат актер кој својата прва голема филмска улога ја добил во тогашна Југославија.

Легендата на југословенското актерство, славната Милена Дравиќ ја играла неговата мајка. Таа го опилаша тогаш младиот Бред како многу исплашен млад актер за кого тоа бил прв филм.

Станува збор за филмот „Темната страна на сонцето“ (The Dark Side of the Sun), кој Божидар Николиќ го снимил во далечната 1988 година на црногорското крајбрежје.

На аудицијата имало околу 400 кандидати, но Николиќ многу брзо одлучил дека Пит е вистинскиот избор.

– Го избрав на кастингот меѓу 400 пријавени кандидати. Во потесниот избор имаше тројца актери, а во тој момент немав никакви дилеми дали да му ја доделам улогата – изјавил Николиќ. Кога дознал дека ја добил улогата, младиот Пит наводно истрчал преку тревникот, скокајќи и правејќи ѕвезди од радост.

Тој пристигнал во Југославија кога имал само 24 години и зад себе веќе имал неколку помали телевизиски улоги.

Филмот е снимен во Котор, Будва, Улцињ и околните места, а Пит го играше ликот на млад човек кој боледува од ретко кожно заболување.

На сетот биле присутни и големи ѕвезди на југословенската кинематографија од тоа време, меѓу кои Милена Дравиќ, Горица Поповиќ и Соња Савиќ.

Горица Поповиќ подоцна со насмевка се присетила на младиот актер.

– Кога стана ѕвезда, му реков на Божа Николиќ: „Погледни го тоа дете“. Зашто, кога го снимавме тој филм, Бред Пит беше како пиле – се присети актерката.

„Добро соработувавме“ Милена Дравиќ ја играше неговата мајка и го опиша како многу исплашен млад актер за кого тоа беше прв филм.

– Беше ужасно исплашен бидејќи тоа му беше прв филм. Имав неколку сцени, добро соработувавме – рече Дравиќ.

За време на снимањето, Пит живеел прилично скромно и наводно спиел во приколка на плажата во Улцињ. Се дружел со екипата, ги запознавал локалните обичаи и станал особено близок со сценаристот Жељко Мијановиќ.

Според тогашните приказни, Мијановиќ го запознал со локалната храна и пијалаци, додека Пит се обидувал да му препорача музика и книги на својот пријател. Младиот актер се обидел да научи неколку зборови на српски јазик, а меѓу изразите што ги запаметил била и реченицата „кога дојде“.

Наводно, Пит заработувал 1.523 долари неделно за филмот – сума што денес изгледа речиси симболично во споредба со неговите подоцнежни хонорари.

Поради војната и распадот на Југославија, филмот *The Dark Side of the Sun* не доживеа стандардна дистрибуција, а премиерата во САД се одржа дури во 1997 година.

Дотогаш, Пит веќе стана голема холивудска ѕвезда благодарение на филмови како *Thelma & Louise*, *Se7en* и *Fight Club*. Со децении подоцна, тој повторно се послужи со јазикот од регионот кога изговори пцовка на српски јазик во филмот *Wolfs*, во кој глумеше заедно со Џорџ Клуни.

Иако *The Dark Side of the Sun* остана релативно непознат, филмот денес е интересен токму затоа што ја означи првата голема улога на човекот кој подоцна стана еден од најголемите холивудски актери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роџер Федерер: „Повеќе ми е жал за Рафа и Дел Потро отколку за Новак“

Легендата на светскиот тенис, Швајцарецот Роџер Федерер сè уште присуствува на тениски турнири и често разговара со медиумите по своето повлекување од спортот.

Роџер Федерер: „Повеќе ми е жал за Рафа и Дел Потро отколку за Новак“

Кога се спомнува името на тениската легенда, а до него се додава и името на најдобриот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, првата асоцијација обично е спектакуларниот меч од Вимблдон во 2019 година и речиси петчасовната борба.

Мечот во кој Новак Ѓоковиќ спаси две меч-топки и го сврте резултатот во своја полза, го промени текот на тенисот. Се испиша историја на неверојатен начин, но впечатокот на Роџер Федерер е дека тоа не е најболниот пораз во неговата кариера.

Всушност, тој издвои мечеви од првата половина на својата кариера, оние од 2008 и 2009 година.

„Мислам дека финалето против Новак во 2019 година беше посебно, бидејќи значеше дека прво го победив Рафа (Рафаел Надал), а потоа и Новак, еден по друг. Имав... 38 години? Не се сеќавам, но одиграв неверојатен турнир. Играв многу добро, особено во финалето. Но, не знам...“

„Можеби затоа што сметам дека одиграв многу добро во полуфиналето... а потоа и во финалето... не чувствував жалење потоа, бидејќи бев толку блиску до победата. Знам дека тоа можеби би ги прогонувало некои други луѓе, но чувствувам дека успеав да свртам нов лист“, изјави Федерер за ESPN Tennis.

За поранешниот светски рекет број еден, постојат и поболни порази од оние што – барем во тенисот – веќе имаат статус на легендарни.

„Мислам дека повеќе ме прогонува финалето на УС Опен во 2009 година против Дел Потро. Тогаш заврши неверојатната низа од пет последователни титули на УС Опен, а знаев дека никогаш повеќе нема да можам да го повторам тоа. Исто така, чувствував дека пропуштив многу можности во текот на тој меч. Тоа ми претставува големо жалење.“ Федерер се присети и на дуелите со Надал. „Можеби финалето на Вимблдон против Рафа во 2008 година, бидејќи и тоа значеше крај на една голема низа. Интересно е што повеќе жалам за мечевите против Рафа и Дел Потро отколку за оние против Новак, иако овде имав два меча во кои имав меч-топки... Но, добро... јас сум кралот на пропуштените меч-топки“, рече Федерер со насмевка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер