Славниот актер за своите најтешки денови: Пиев и додека бев на работа - Канал 5

Славниот актер за своите најтешки денови: Пиев и додека бев на работа

Американскиот актер Џон Гудман, во јавноста познат по улогата на Ден Конер во популарната серија „Розана“, во последното интервју зборуваше за својата долгогодишна борба против алкохолизмот.

Славниот актер за своите најтешки денови: Пиев и додека бев на работа
За да ја победи зависност, Гудман во последните 10 години не се напил ни капка алкохол.

Сепак, патот кон одвикнувањето не бил лесен.

„Имав среќа бидејќи се уште ме ангажираа за разни проекти, но факт е дека пиев дури и кога бев на работа. Не можев јасно да го изговорам текстот, во лицето толку бев црвен што лесно би можеле да ме опишат како сообраќајниот знак “стоп“, го започна разговор славниот американски актер, а потоа го опиша и моментот кога сфатил дека ја преминал секоја граница.

„Се сеќавам дека морав на доделувањето на Еми наградите, а поради тоа ги пропуштив и пробите на сетот. Бев во алкохолизирана состојба и не престанував да пијам. Се тресев но и продолжував да пијам. Во еден момент сфатив дека морав во болница. Ја повикав сопругата Ана, која после неколку телефонски повици ми обезбеди место во центарот за одвикнување“, се присети 65 годишниот Гудман, кој на редовните третмани на лекување од алкохолизмот одел цели десет години.

„Едноставно одлучив дека ми се допаѓа тоа чувство. Сакам да бидат трезен“ – заклучив Гудман, кој во целиот процес изгубил и многу вишок килограми.

После искреното признание, дадена му е нова шанса да го докаже својот талент, па публиката наскоро ќе го гледа и во новите епизоди на култната серија „Розана“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Курти низ задниот влез го напушти собранието поради демонстрантите за ОВК, го изведе обезбедувањето (ВИДЕО)

Премиерот на Косово, Албин Курти, вечерва ја напушти зградата на парламентот низ задниот излез, бидејќи пред парламентот сè уште беа собрани поддржувачи на ОВК.

Курти низ задниот влез го напушти собранието поради демонстрантите за ОВК, го изведе обезбедувањето (ВИДЕО)

Курти го напушти парламентот низ задниот излез, во придружба на обезбедувањето, објави Косово-онлајн.

Претходно, Курти и Хамза одржаа состанок, откако косовското собрание ги усвои измените на Законот за специјализирани совети во прво читање, но тој заврши без договор.

Курти го замоли Хамза прво да гласа за претседателот, а потоа да продолжи со гласање за Законот за специјализирани совети во второ читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тинејџер остана без дланка за време на судирите со полицијата во Франција (ВИДЕО)

Петнаесетгодишно момче остана без дланка во судирите меѓу средношколците и полицијата за време на интервенцијата за растурање на демонстрациите во северна Франција, соопшти локален функционер. 

Тинејџер остана без дланка за време на судирите со полицијата во Франција (ВИДЕО)

Инцидентот се случи денеска, еден ден пред националниот протест организиран од ученичките синдикати поради недоволното финансирање, пренатрупаните училишта и лошите услови во образовните установи.

Локалните медиуми објавија дека 15-годишниот тинејџер ја загубил дланката и дел од подлактницата откако активирал полициска шок-бомба во градот Ленс, која потоа експлодирала, додека протестите на учениците влегувале во третата недела.

YouTube video

Шест месеци пред изборите за наследник на претседателот Емануел Макрон, неговата влада и крајно десничарското национално Собрание, предводено од водечкиот претседателски кандидат Марин Ле Пен, ги обвинија пратениците и градоначалниците од крајно левичарската партија „Непокорна Франција“ за поттикнување на протестите, што партијата го негира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина и Германија потпишаа договори вредни 8,5 милијарди евра

Украина и Германија потпишаа петнаесет договори во вредност од 8,5 милијарди евра, објави претседателот Володимир Зеленски денеска на Телеграм.

Зеленски: Украина и Германија потпишаа договори вредни 8,5 милијарди евра

Украина и Германија потпишаа петнаесет договори во вредност од 8,5 милијарди евра, објави претседателот Володимир Зеленски денес на Телеграм, заблагодарувајќи им се на Германија за нејзината поддршка и на германскиот канцелар Фридрих Мерц за неговата посета.

„Важни договори меѓу Украина и Германија што ќе ги зајакнат двете земји и нашите индустрии. Петнаесет договори, договори во вредност од 8,5 милијарди евра. Области на борба против беспилотни летала - пресретнувачи и мали ракети, радари, NRC, артилерија, ќе работиме колку што е можно повеќе на воздушната одбрана и зголемување на производството на ракети за системите Патриот во Германија. ФРЕЈА. Поддршка за енергетскиот сектор“, рече тој, пренесува Укринформ.

Според Зеленски, Германија ѝ помага на Украина за време на оваа војна.

„Сега Украина испраќа одбранбени и други нарачки, кои ќе им ги обезбедиме на компаниите во Германија. Ова ќе биде сериозен придонес. Ви благодарам, Фридрих, за посетата. Ви благодарам на Германија за поддршката“, додаде тој.

Како што објави Укринформ, Украина тестира мала ракета Ника и заеднички брз SPYS дрон со Германија за пресретнување на руски млазни беспилотни летала.

Зеленски вчера, на заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Киев, изјави дека Украина и Германија потпишале 15 договори и документи за безбедносна соработка, производство на оружје и набавка на оружје од германската индустрија, со вкупна вредност од над 8,5 милијарди евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер