Славната убавица Ирина Шајк ја шокираше јавноста со својот изглед (фото/видео) - Канал 5

Славната убавица Ирина Шајк ја шокираше јавноста со својот изглед (фото/видео)

Дали оваа манекенка е на раб од анорексија? 

Славната убавица Ирина Шајк ја шокираше јавноста со својот изглед (фото/видео)

Руската манекенка Ирина Шајк (37) е една од најбараните модели во светот. Таа се здоби со светска популарност откако се појави во магазинот „Sports Illustrated“ во 2007 година. Ирина верува дека убавината ја наследила од својот татко, кој има темен тен бидејќи е Татар. Како што вели, светлите очи ги наследила од својата мајка која е Русинка. Многумина се согласуваат дека таа порано изгледаше многу подобро и тоа токму поради тоа што имаше неколку килограми повеќе. Шајк е позната како „расна убавица“ со забележливи облини, кои секогаш ги истакнуваше, но нејзините последни фотографии покажува драстична промена.

Познатата манекенка на Инстаграм објави серија фотографии на кои позира во минијатурно црни бикини. Најголем дел од нејзините обожаватели не можеле да одолеат а да не прокоментираат дека Шајк во последно време драстично ослабела, па речиси сите прашуваа каде исчезнале нејзините бујни гради и фигурата по која оваа Русинка стана позната и популарна. Се чини дека изгледот што го промовира Западот и познатите дизајнери сè уште е актуелен и покрај тоа што облините се „во мода“, па манекенките се трудат да бидат сè послаби и послаби.

Очекувано, за изгледот на серијата фотографии, манекенката доби мноштво пофалби, но имаше и реакции од нејзините обожаватели дека повеќе им се допаѓа старата Ирина со облини.

- Од кога е во тренд да се биде олку слаб? –

- Ирина порано изгледаше неспоредливо подобро -

- Костумот за капење буквално ѝ виси –

- Изгледа анорексично – беа дел од коментарите.

Познатата убавица последниве години минуваше низ бурен период, па нема сомнеж дека тоа се одразило и врз нејзиниот изглед. Ирина беше во брак со актерот Бредли Купер, со кого има ќерка. Познатиот пар се раздели по објавувањето на филмот „A Star is Born“ во кој негова партнерка беше Лејди Гага, а за неговата врска со Гага се шпекулираше со месеци. Ирина и Бредли претходното летување го поминаа заедно, наводно заради нивната ќерка, но оттогаш се шпекулира дека парот се смирил.

Руската манекенка последниве денови е во фокусот на вниманието поради објавите во медиумите дека е во врска со актерот Леонардо ди Каприо. Оваа вест ги израдува сите, и ако се потврди како точна, на Леонардо ова ќе му биде прва девојка која има над 25 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач

На 85 годишна вораст попладнево Почина легендата на балканската музичка сцена, хрватскиот пејач Мате Мишо Ковач –, човек кој продаде над 20 милиони носачи на звук во текот на кариерата што траеше речиси половина век.

Почина легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач

Веста за неговата смрт за хрватските медиуми ја потврдија извори блиски до пејачот. Мишо починал околу 15:30 часот во својот дом во Сплит. Пред смртта, тој изразил желба да биде погребан во Загреб.

Покрај неговите безвременски хитови и бројни успеси, личниот живот на Мишо Ковач беше одбележан со голема трагедија. Деведесеттите години од минатиот век донесоа најтежок период за прочуениот пејач.

Во 1992 година, неговиот шеснаесетгодишен син Еди почина во Загреб под нејасни околности. По смртта на Еди, Мишо Ковач одржа голем концерт насловен „Ноќ на свеќи“ (*Noć svijeća*) на стадионот „Пољуд“ во Сплит. Настапи пред 50.000 луѓе, а по концертот изјави дека повеќе нема да настапува. Сепак, тој не го одржа зборот.

Покрај синот, во 1990-тите години тој ги загуби и мајка си и помладиот брат. По неколкугодишна борба со депресијата, Мишо се обиде да изврши самоубиство во Загреб во 1999 година, но преживеа.

Подоцна, тој се врати со концерт во Спортскиот центар, сними нови албуми и дуети со својата ќерка Ивана, а повторно победи и на Сплитскиот фестивал. Од тој период најмногу се издвојува песната „Далматино“. Во 2012 година, тој ја доби наградата „Порин“ за животно дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.

Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?

Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари.

Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен.

Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира.

Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба.

Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.

Фото: Ангел на ВС како „подарок“

Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“.

По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања.

Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура.

Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе.

За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер