Славна оскаровка откри дека поради сиромаштија со мајка ѝ живеела и спиела во автомобил - Канал 5

Славна оскаровка откри дека поради сиромаштија со мајка ѝ живеела и спиела во автомобил

Долгот пат на Хилари Свонк до една од најголемите ѕвезди во Холивуд имал скромни почетоци.

Славна оскаровка откри дека поради сиромаштија со мајка ѝ живеела и спиела во автомобил

Оскаровката (49) неодамна се осврна на почетокот на својата кариера, признавајќи дека спиела во автомобил со нејзината мајка Џуди кога првпат пристигнала во Холивуд.

Свонк се присети во новото интервју за Wall Street Journal дека го напуштила средното училиште во Вашингтон по втората година во обид да стане актерка во Лос Анџелес. Таа објасни дека нејзината мајка во тоа време се разделила од нејзиниот татко Стивен.

„Постојано барав работа. Кога не спиевме во автомобилот, бевме во куќата на мојот нов пријател на моја возраст, чие семејство штотуку се иселило и се обидувало да го продаде својот дом“, се сеќава таа.

Џуди потоа нашла работа како секретарка во Калифорнија и изнајмиле гарсоњера. „Бев возбудена да го живеам мојот сон“, вели таа. Потоа ѝ се заблагодари на својата мајка, која отсекогаш ѝ била најголема поддршка.

„Иако сум среќна што го напуштивме Л.А., повремено, кога сум таму на состаноци, возам по улицата во Пасадена каде што јас и мајка ми се паркиравме и спиевме. И покрај сѐ, чувствувам носталгија за деновите кога немавме ништо“, заклучила таа.

За потсетување, оскаровката и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер станаа родители на близнаци во април 2023 година. Среќната вест ја сподели на социјалните мрежи и открија дека родила момче и девојче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден: Се реновира Домот на култура во н.м Кадино

Општина Илинден продолжува со реновирање и санација на Домовите на култура, при што во тек се градежни активности во Домот на култура во населеното место Кадино.

Општина Илинден: Се реновира Домот на култура во н.м Кадино

Општина Илинден продолжува со реновирање и санација на Домовите на култура, при што во тек се градежни активности во Домот на култура во населеното место Кадино, со цел значително да се подобрат условите за одржување на културни, општествени и јавни настани.

Во рамки на проектот се изведуваат повеќе градежно-занаетчиски активности, меѓу кои поставување на нови вертикални олуци и чистење на постоечките хоризонтални олуци, поставување на нов пластифициран лим за изработка на симс, реконструкција на фасадата и молерисување на внатрешните простории на објектот. Поставување нови ПВЦ врати и прозорци, изработка на нова ограда, поставување плочки на надворешните скали, како и санација на електричната инсталација во објектот.

При увидот, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека со реализацијата на овие активности, Домот на култура ќе добие современ и функционален изглед, подобрена енергетска ефикасност, повисоко ниво на безбедност и поквалитетни услови за користење од страна на граѓаните.

Општина Илинден и понатаму инвестира во обновата и модернизацијата на јавните објекти, со цел создавање поквалитетни услови за културниот и општествениот живот во сите населени места.

Општина Илинден

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже дали го поддржува ставот на Лимани дека нема морална одговорност за скандалот со водата

Филипче да каже дали го поддржува ставот на Лимани дека нема морална одговорност за скандалот со водата и да не собира политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже дали го поддржува ставот на Лимани дека нема морална одговорност за скандалот со водата

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СТАВОВИ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Филипче со компромитираните кадри околу него, нема кредибилитет да бара одговорност за Гостивар. Венко Филипче собира дневнополитички поени врз грбот на граѓаните на Гостивар, ширејќи шпекулации.

Венко Филипче даваше огромна поддршка и мобилизираше луѓе за Валбон Лимани, градоначалник на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата.

Дали Венко Филипче го поддржува тој став на Лимани кој без срам и образ вели дека тој не е одговорен за грешките на луѓето кои тој ги има назначено да ги водат општинските претпријатија?

Со ликови со криминално минато и богато полициско досие, како Зоран Трифуновски, СДС нема кредибилитет да морализира за скандалот во Гостивар. Сомнителни ликови со криминално минато, како организацискиот секретар Зоран Трифуновски, се во првите редови во СДС.

Особено е несфатливо што Венко Филипче држи лекции за функционирањето на здравствениот систем, имајќи предвид дека како министер за здравство имаше бројни скандали кога десетици илјади луѓе умираа од корона, а тој мислеше само на провизиите од вакцини.

Додека надлежните институции постапуваат, вршат контроли и ја утврдуваат фактичката состојба, Филипче однапред носи пресуди, пласира сценарија за нови епидемии и се обидува да создаде паника кај граѓаните.

Наместо политички конструкции и обиди за манипулација, институциите треба да се остават професионално да ја завршат својата работа. Сите наоди и резултати ќе бидат соопштени транспарентно, врз основа на факти и стручни анализи, а не врз основа на политички квалификации.

Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички маркетинг на СДС.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоревски: Го враќаме европскиот сјај на МЗТ - брзо ќе ги затвориме и сите наследени долгови!

МЗТ Скопје Аеродром по 25 години повторно ќе настапува во европско натпреварување под капата на ФИБА, а освојувањето на домашните трофеи останува приоритет. 

Ѓоревски: Го враќаме европскиот сјај на МЗТ - брзо ќе ги затвориме и сите наследени долгови!

Во клубот се убедени дека дојде време да се направи исчекор и да се врати европскиот сјај кој некогаш беше заштитен знак на „сино-белите“.

За амбициите, формирањето на тимот, младинската школа и иднината на клубот разговаравме со извршниот директор Филип Ѓоревски.

МЗТ Скопје повторно ќе игра во Европа по четврт век. Колку е важен овој чекор за клубот?

„Играњето во Европа ми беше желба уште од првиот ден кога дојдов во клубот. Летово конечно се поклопија сите услови за да го реализираме тој план и решивме да го прошириме нашиот видик со настап во ФИБА Еврокупот. МЗТ Скопје, како најтрофеен и најдоминантен македонски кошаркарски клуб во последните две децении, има обврска да ја претставува Македонија и на европската сцена.

Освојувањето на домашните трофеи секогаш ќе биде наш примарен приоритет, но истовремено сакаме повторно да ја вратиме атмосферата која некогаш владееше во „Јане Сандански“, кога во Аеродром гостуваа европски клубови како Реал Мадрид, Улм, Порто или Бенфика. Верувам дека ова ќе биде дополнителен мотив за нашите навивачи, симпатизери, но и за сите љубители на кошарката да дојдат во салата и да ни помогнат да оствариме што подобар резултат.“

Какви се очекувањата од групата во ФИБА Еврокупот?

„Добивме исклучително интересна, но воопшто не лесна група. Ќе играме против екипи од земји кои редовно имаат свои претставници на големите европски натпреварувања, што доволно зборува за квалитетот што нѐ очекува. Никого не потценуваме, но истовремено веруваме во сопствените можности и ќе се обидеме достојно да го претставиме клубот и македонската кошарка.“

Паралелно се работи и на создавање на новиот тим. По што ќе се разликува МЗТ Скопје оваа сезона?

„Работиме напорно за да формираме квалитетен состав во кој ќе има вистински баланс помеѓу искуството и младоста, дополнет со квалитетни и перспективни странски кошаркари кои ќе се вклопат во нашата визија.

Продолжувањето на соработката со Дамјан и Војдан Стојановски ни значи многу, не само поради нивниот квалитет на теренот, туку и поради нивното лидерство и човечки вредности. Во исто време ги вративме репрезентативците Лука Стојановски и Никола Василевски, кои носат дополнителна енергија и потенцијал, а договорени сме уште неколкумина кои наскоро ќе ги официјализираме.

Секој ангажман е темелно анализиран. Нашата цел не е само да собереме квалитетни индивидуалци, туку да создадеме тим кој ќе функционира како хомогена целина, во кој секој ќе ја знае својата улога. Истото важи и за странските кошаркари, бидејќи сакаме да избегнеме некои грешки што сме ги правеле во минатото.“

Промени има и во младинската школа, каде што координатор стана Саша Димитријевиќ. Колку е значаен овој потег?

„Саша Димитријевиќ е човек кој практично целата своја кариера ја посвети на развојот на младите кошаркари. Неговото искуство е огромно и сакаме максимално да го искористиме, не само за работа со нашите таленти, туку и за едукација на тренерите во младинската школа.

Нашата цел е младинскиот погон повторно да биде фабрика за играчи за првиот тим. Тоа е најздравиот, но и најисплатливиот модел за создавање конкурентен клуб кој долгорочно ќе продолжи да доминира на домашната сцена.“

Веќе пет години сте на чело на клубот. Како гледате на периодот што е зад вас?

„Кога ја презедовме одговорноста, затекнавме исклучително тешка финансиска состојба. Наследивме огромни долгови и навистина се чинеше дека нема крај на проблемите. Но, тоа не нѐ поколеба. Напротив, работевме паралелно – го градевме тимот, освојувавме трофеи и истовремено ја стабилизиравме финансиската состојба.

Сега можам да кажам дека клубот од година во година е финансиски посилен и постабилен. Убеден сум дека не е далеку денот кога целосно ќе ги затвориме сите обврски наследени од минатото и ќе можеме да кажеме дека МЗТ Скопје функционира на здрави основи.

Секако, ништо од ова немаше да биде возможно без огромната поддршка од Општина Аеродром и нашите спонзори. Нивниот број постојано расте, што е доказ дека нашата работа, амбиција и визија се препознаваат и во бизнис-заедницата. Тоа ни дава дополнителна обврска да продолжиме уште посилно.“

Новата сезона за МЗТ Скопје Аеродром официјално ќе почне во средината на август, кога шефот на стручниот штаб Васко Атанасов ќе ја означи првата прозивка и стартот на подготовките за предизвиците што ги носат домашната сцена и европските натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер