Славески побара банките да ги намалат надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите - Канал 5

Славески побара банките да ги намалат надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите

Според последните податоци од 2024 година, нето-приходите од надоместоци учествуваат со 18 проценти во вкупните нето-приходи на банките. 

Славески побара банките да ги намалат надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите

Народната банка ќе ги намали надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), како што се надоместоците поврзани со долговниот промет, но очекува во најкус можен рок банките да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво. Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска на средба со претставници на банките од Македонсаката банарска асоцијација (МБА) порача дека надоместоците за платежните услуги треба да бидат на разумно ниво, одржливо за банките, но истовремено фер и прифатливо за корисниците.

Според последните податоци од 2024 година, нето-приходите од надоместоци учествуваат со 18 проценти во вкупните нето-приходи на банките.

Славески предупреди дека високите трошоци за извршување на плаќања можат да бидат бариера за користење на официјалните канали, особено кај населението со пониски примања кое во услови на ценовно недостапни услуги ќе мора да се потпира повеќе на готовина. Најголемата придобивка од поставување на разумни надоместоци, укажа, е што тоа директно ќе придонесе за зголемена финансиска вклученост. Кога плаќањата ќе станат поефтини и подостапни, повеќе граѓани ќе се охрабрат да ги користат дигиталните канали, да отворат сметки и да извршуваат трансакции преку официјални механизми. Тоа, пак, ќе придонесе и за намалување на сивата економија – бидејќи колку повеќе средства циркулираат преку формалниот банкарски систем, толку потранспарентни ќе бидат економските текови. И банките и граѓаните, рече Славески, ќе имаат корист од тоа – преку подобра финансиска вклученост, зголемен број на плаќања, а со тоа и повисоки приходи, и подобри услуги за сите.

Споредувајќи ги надоместоците за платежните услуги на банките со надоместоците на матичните банки од ЕУ, како што информира гувернерот, согледани се неколку видови на платежни услуги за кои надоместоците треба да се намалат и поедностават, а некои и да се укинат.

- Надоместоците за одржување на платежна сметка за компаниите - иако се на слично ниво како кај матичните банки од ЕУ, сепак претставуваат висок трошок, посебно за малите и средните компании во земјата, поради што треба да се намалат. Надоместоците за користење на електронско и мобилно банкарство, во услови кога се наплатуваат надоместоци за одржување на платежна сметка, претставуваат дополнителен трошок кој би требало да се укине имајќи предвид дека оваа услуга е вообичаено бесплатна за граѓаните кај матичните банки од ЕУ, а дел од нив не наплатуваат вакви надоместоци ни од компаниите. Надоместоците за плаќањата со платни налози во рамки на банката треба да се укинат имајќи предвид дека за нивно извршување не е потребно користење на платни системи кои создаваат трошоци за банките, а оваа услуга е вообичаено бесплатна за граѓаните кај матичните банки од ЕУ, рече гувернерот.

Треба значитено да се намалат и надоместоците за меѓубанкарските плаќања во домашната валута кои се извршуваат преку платните системи КИБС и МИПС, како што појасни, имајќи предвид дека ваквата услуга кај матичните банки од ЕУ за плаќањата во евра како национална валута во СЕПА е бесплатна или по многу ниски надоместоци за граѓаните, најмногу до 1 евро. Исто така треба да се намалат и поедностават надоместоците за подигнувањето готовина на туѓи банкомати во земјата и странство кои кај некои баки се и во вид на процент од износот следејќи го моделот на поставеност кај матичните банки од ЕУ кои применуваат пониски и фиксни надоместоци по трансакција. Гуверенерот рече дека и надоместоците за прифаќање картички на продажни места кај трговците кои банките ги наплатуваат од трговците треба да се намалат имајќи предвид дека меѓубанкарските провизии се ограничени со Законот за платежни услуги и платни системи и се сведени на нивоата во ЕУ.

- Во таа насока, Народната банка активно работи на создавање предуслови за намалување на трошоците за платежните услуги. Денес доаѓаме со понуда до банките Народна банка да го направи првиот чекор со намалување на надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во МИПС, како што се надоместоците поврзани со долговниот промет. Очекуваме и банките во најкус можен рок да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво, порача Славески.

Како што укажа, во 21 век пристапот до платежни услуги не е привилегија, туку основна потреба и предуслов за економско учество и социјална интеграција.

Гувернерот соопшти дека според последните податоци од 2024 година, нето-приходите од надоместоци учествуваат со 18 проценти во вкупните нето-приходи на банките. Покрај приходите од камати на одобрените кредити, како што дополни, овие приходи придонесуваат за високата профитабилност на нашите банки, која мерена според показателот „поврат на сопствениот капитал – ROE (Return on Equity)” изнесува во просек околу 20 поценти, а кај некои банки и над тоа. Ваквата стапка на поврат на вложениот капитал од страна на акционерите на банките е значително повисока во споредба со другите сектори во нашата економија.

Славески на средбата оцени дека во изминатиот период во нашата земја е направен значителен напредок во осовременувањето и усогласувањето на регулаторната рамка со европското законодавство и практики, што ни овозможи членство во СЕПА и услови за извршување на прекуграничните плаќања во евра на брз и ефикасен начин како да сме дел од Европската Унија. Во оваа реформа, наведе гувернерот, банките имаат клучна улога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби

Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин.

Петмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и претставници на Генералштабот Игор Костјуков и Јуриј Жигарловски.

Тие присуствуваа на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со постојаните членови на Советот за безбедност во петокот, на кој разговараа за претстојните разговори закажани за вторник, објави Интерфакс.

Песков потврди дека споменатите функционери ќе учествуваат во разговорите, додека помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, кој исто така присуствуваше на состанокот, ќе ги надгледува преговорите во својство на помошник на Путин за меѓународни работи.

Путин претходно изјави дека ги поканил на состанокот функционерите кои ќе учествуваат во претстојните трилатерални разговори, кои вчера објави дека ќе се одржат на 10 ноември во Абу Даби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром: 400 тони отпад транспортирани во „Дрисла“ за само два месеца

Општина Аеродром во текот на септември и октомври отстрани и дистрибуираше до депонијата „Дрисла“ 400 тони мешан отпад.

Општина Аеродром: 400 тони отпад транспортирани во „Дрисла“ за само два месеца

Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно се на терен, отстранувајќи кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини.

На располагање на граѓаните е услугата на Јaвното претпријатие на Општина Аеродром, за подигање отпад директно од нивните домови и негов правилен и безбеден транспорт до „Дрисла“ за симболичен надоместок.

Работиме за почист Аеродром, но чистата животна средина е заедничка одговорност. Да не создаваме диви депонии, да ги користиме достапните услуги и да го чуваме местото во кое живееме.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Снимка на Вучиќ ги запали мрежите- пијан пее и се забавува, па наеднаш се смрачува (ВИДЕО)

Александар Вучиќ повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со видеа од ноќно излегување во еден белградски ресторан. 

Снимка на Вучиќ ги запали мрежите- пијан пее и се забавува, па наеднаш се смрачува (ВИДЕО)

Иако во текот на вечерта пееше и се забавуваше со толпата, на социјалните мрежи особено се прошири видео во кое неговото расположение, барем очигледно, наеднаш се промени, објави Индекс.

Вучиќ вечерта ја помина во белградскиот ресторан Саванова, познат и како „Ќаци бар“, каде беше организирано неформално дружење на кое, меѓу другите, се собраа и главниот уредник на Информер Драган Ј.Вучиќевиќ и Ана Брнабиќ.

Пее песна на Оливер Драгојевиќ

Вучиќ на социјалните мрежи објави видеа од собирот, а на нив може да се види како пее, разговара со публиката и ужива во весела атмосфера. Во текот на вечерта беше испеана и песната на Оливер Драгојевиќ „A sad adio“.

Но, додека некои го коментираа неговиот настап и доброто расположение, други се прашуваа дали тој испил уште неколку пијачки во текот на вечерта. „Дали е пијан? праша еден корисник на социјалните мрежи.

„Пијан како кафеана пее „Тажно адио“, усните му се поцрнети од виното. Катастрофа што личи на човек кој ја водел оваа земја 14 години“, напишал друг корисник.

Од песна и радост до празни погледи

Посебно внимание привлече видеото што го сподели новинската агенција NEXTA. На него се гледа како Вучиќ по учеството на веселбите во еден момент молчи и замислено гледа пред него.

Ненадејната промена на изразот на лицето не остана незабележана од корисниците на социјалните мрежи, кои набрзо почнаа да го споделуваат видеото со бројни хумористични коментари. NEXTA се пошегува дека поранешниот српски претседател изгледа како само да се сетил на изборните резултати.

„Филмот на Кустурица“, „Мамо, дојди земи ме“...

Видеото набрзо стана повод за низа шеги и споредби, а многумина конкретно се осврнаа на замислениот израз на лицето на Вучиќ во разиграната атмосфера.

„Филмот на Кустурица“, кратко коментираше еден корисник, а друг напиша: „Кога ќе ми кажат да појадувам попара во градинка“.

Некои ја споредија сцената со текстот на песната: „Насекаде околу мене, луѓе, жени... и јас сум како пуст остров“, додека еден корисник едноставно рече: „Мамо, дојди земи ме“.

Споредбата со личност која се обидува да покаже колку се забавува на социјалните мрежи по раскинувањето стана особено широко распространета.

„Овој човек како лик кој објавува приказни по раскинувањето покажувајќи дека сето тоа одлично го сфатил и дека, иако заедничките пријатели се на нејзина страна, тој има и тим со кој може да поминува време во градот“, стои во еден од коментарите.

Меѓу реакциите имаше и кратка порака: „Еден човек никогаш немал среќа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер