Атрактивната Слаѓана неочекувано јавно проговори за својата наводна афера со вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Таа вели и дека кога врската со Новак завршила таа останала негова љубовница.
-Беше тоа многу одамна, но Новак ме забележа веднаш кога ме виде. Секако и јас не останав рамнодушна, поради тоа што секогаш ме привлекуваа спортисти, откри во интервјуто српската манекенка која сака да биде пејачка Слаѓана Дамјановиќ.
Атрактивната русокоса се сретнала со Новак Ѓоковиќ пред десетина години во Атина , кога наводно и започнала нивната врска.
-Неколку пати дури и ме носеше на тениски мечеви, но мечевите ги следев од различни ложи за да не биде ништо сомнително.Дури го запознав и неговото семејство, изјави Слаѓана за српските медиуми.
-Слаѓана излегуваше само по сплавови исклучиво со цел да пронајде добар „материјал“ за маж. Така го запознала и Ѓоковиќ, истакна еден член на бендот „2 Хот“ во кој некогаш пееле Слаѓана Дамјановиќ.
Новак Ѓоковиќ воопшто не се грижи за овие стории од минатото и ужива во својот брак со Јелена кој започна во 2013 година, Со Јелена пред бракот според медиумите популарниот Ноле бил во врска која траела дури 10 години.