СКРМ бара негово вклучување во изработката на новиот закон за култура - Канал 5

СКРМ бара негово вклучување во изработката на новиот закон за култура

​Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ) реагира на процедурата со која се одвива донесувањето на Нацрт верзијата на новиот Закон за култура,

СКРМ бара негово вклучување во изработката на новиот закон за култура

алармирајќи дека не се вклучени во работните групи за негова изработка, со што, според нив, се руши добриот однос граден со години помеѓу двете страни.

Од Синдикатот истакнаа дека покрај тоа што не се вклучени во работните групи, не им е даден доволен временски простор да испратат забелешки и предлози на веќе подготвената верзија.

– Како што во 2014 година, како вработени во културата, еден ден случајно дознавме дека имаме нов Закон за културата, така и овој пат историјата речиси да се повторува: Министерството за култура изготви нова нацрт-верзија на Закон, во кој социјалниот дијалог со репрезентативните синдикати во културата го сведе на „осум дена за забелешки мислења и предлози и доколку е потребно состаноци за заедничка дискусија“. Иако партнерски, искрено и конструктивно претходно договорени дека заеднички ќе учествуваме во изработката на новиот предлог-текст, кој сите ќе нѐ засега за долги години во иднина, нашите претставници кои беа номинирани и доставени до Министерството за култура уште во месец февруари 2022 година, не беа повикани на ниту еден состанок на работната група, која е формирана во април 2022 година, изјави претседателката на Синдикатот на културата, Вера Атанасовска.

Таа додаде дека на овој начин се руши искрениот однос со Министерството граден со години.

– Во годините што следеа нашиот партнерски однос со Министерството за култура макотрпно беше граден, преку процесите на нивелација и историскиот Колективен договор, во кои активни чинители во нивната изработка постојано беа претставници на СКРМ. Наши претставници беа и дел од тимот што учествуваше во изработката на претходната предлог-верзија на Законот за јавен интерес во културата, која не помина на комисиската дебата во Собранието и според нашите информации, беше закочен со неколку илјади амандмани, порача таа.

Атанасовска соопшти дека повлекувањето на овој предлог-закон резултирал со негово ревидирање од страна на работна група формирана од Министерката за култура, која во новата верзија на законот ги отфрлила речиси сите предлози на СКРМ што биле интегрирани во претходната верзија на законот.

– И така, повторно се вративме на старата пракса, кога од трети лица дознавме дека без нас е изготвуван закон што ќе се однесува токму на нас. Ја повикуваме министерката, во знак на досегашниот коректен и партнерски однос, да провери кој и зошто инсистира на штетниот закон од 2014 и ја урива праксата на квалитетен, европски принцип на социјално партнерствово меѓу Министерството за култура и СКРМ, да го повлече овој предлог-закон и да отпочне транспарентна процедура за нов, во кој ќе бидат вклучени и претставници од репрезентативните синдикати, порача Атанасовска.

Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска од друга страна, тврди дека не е точно оти СКРМ не е вклучен во подготовката на новиот закон, нагласувајќи дека нацрт верзијата е испратена на мејл, откако била изработена во рамки на Министерството.

– Нацрт верзијата за новиот Закон за култура е во изработка, не се работи за финален закон. На Синдикатот му беше испратена работната верзија на 28 октомври, по состанокот во мојот кабинет. Тоа не значи дека тие не се вклучени во изработката, туку дека нацрт верзијата се изработи прво во рамки на Министерството за култура и сега во оваа фаза на ред се да се изјаснат и Синдикатите со рок до 8 ноември. Тоа не значи дека тој рок не може да се продолжи на нивно барање, изјави министерката Костадиновска Стојчевска.

Во однос на претходниот нацрт закон, таа рече дека тој бил заглавен долг период и дека самите синдикати изразиле потреба од донесување нов законски текст.

– Бидејќи претходниот верзија на закон беше заглавена во собраниска процедура, на состанокот што го имавме, самите синдикати ја истакнаа потребата од нова верзија за закон за култура, оти стариот не одговара на она како се развива културата денес, порача Костадиновска Стојчевска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромна мечка среде Врање- трча пред автомобил со голема брзина (ВИДЕО)

Во Врање беа снимени вознемирувачки сцени во кои возач на автомобил брка мечка на патот среде населба.

Огромна мечка среде Врање- трча пред автомобил со голема брзина (ВИДЕО)

На видеото се гледа како животното бегачки трча во темница, сè додека конечно не успева да сврти лево во тревата, објави Телеграф.

Постапките на возачот предизвикаа остри реакции на социјалните мрежи.

- Не го вознемирувајте и не го плашете животното... дали сте нормални, а тоа ве брка вас?;

- Бркајте мечка кон населба за да една од мечките биде убиена по патот - беа само дел од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанска астронаутка ги откри тајните на нејзиниот престој во вселената (ВИДЕО)

Саманта Кристофорети, Италијанка и астронаутка за Европската вселенска агенција, помина вкупно 370 дена, 5 часа и 45 минути во вселената. 

Италијанска астронаутка ги откри тајните на нејзиниот престој во вселената (ВИДЕО)

Сега, иако на Земјата, таа ги открива тајните на престојот во орбитата со своите следбеници на нејзината Фејсбук страница AstroSamantha.

- Пиењето убаво кафе во вселената изгледа малку поинаку... Погледнете - напиша таа во видео што штотуку го објави.

Во видеото, таа прво демонстрира како изгледа кога кафето се префрла од садот за складирање во еден вид чаша.

„Може ли да користам чаша?“ се вели во видеото, исто така објавено на TikTok. „Ајде да пробаме.“

Откако ќе проба, се вели: „Мммм... Не можам да го извадам кафето.“

Но, потоа таа го покажува решението.

„Ајде да ја пробаме вселенската чаша“, се вели и продолжува:

„Има посебен облик. Овој агол му овозможува на кафето да тече кон работ поради капиларниот ефект.“

А потоа таа демонстрира како изгледа.

Патем, посебна вселенска чаша е дизајнирана од друг астронаут - Дон Петит. Оваа чаша со нулта гравитација е првиот патент дизајниран во вселената.

Саманта претходно во интервјуа изјави дека ја следи серијата „Ѕвездени патеки“ уште од детството и дека токму поради неа се заинтересирала за истражување на вселената. „Сигурна сум дека немаше да бидам на ова патување ако не беа „Ѕвездени патеки“, рече таа во тоа време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неверојатни сцени од Либија: Силните дождови го поплавија Триполи, има загинати (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина откако обилните дождови ги поплавија улиците и предградијата на либискиот главен град Триполи, уништувајќи десетици возила.

Неверојатни сцени од Либија: Силните дождови го поплавија Триполи, има загинати (ВИДЕО)

Владата им нареди на јавните служби итно да интервенираат, а Дирекцијата за безбедност на Триполи прогласи затворање на обиколница, објави France24, наведувајќи поплавени електрични раскрсници, зголемувајќи го ризикот од електричен удар.

Видеата што кружат на социјалните мрежи и во медиумите, исто така, покажуваат возачи кои успеваат да излезат од своите автомобили заробени во водата во последен момент.

Зградите во центарот на градот беа поплавени, вклучувајќи ја и Централната болница, каде што водата влезе во ходниците.

Националниот метеоролошки центар на Либија прогнозира обилни дождови низ северниот дел од земјата во понеделник вечерта, предупредувајќи ги луѓето што живеат во близина на суви речни корита и во долини.

France24 објави дека секоја година во текот на летото, локалните власти во Триполи се обидуваат да ги подготват градските улици пред дождовите, чистејќи ги дренажните мрежи и шахтите кои често се затнати со песок што го носи пустинскиот ветер, но и покрај ова, за време на дождовната сезона улиците редовно се поплавуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер