Скрипал: Путин нареди да бидам отруен со „Новичок“ - Канал 5

Скрипал: Путин нареди да бидам отруен со „Новичок“

 Поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин наредил да биде отруен со нервниот агенс „Новичок“.

Скрипал: Путин нареди да бидам отруен со „Новичок“

Тој дал докази во истрагата за смртта на жена која случајно била отруена со нервен агенс.

Скрипал, кој продавал руски тајни на Велика Британија, и неговата ќерка Јулија, биле пронајдени во бесознание на клупа во јужниот англиски град Солсбери во март 2018 година, откако кваката на влезната врата од нивниот дом била намачкана со „Новичок“.

Четири месеци подоцна, локалната жителка Даун Старџис починала по изложувањето на отровот, откако нејзиниот партнер пронашол шише парфем за кој полицијата верува дека го користеле руските разузнавачи за да го прошверцуваат отровот во Велика Британија.

Сергеј и Јулија Скрипал и полицаецот кој бил во нивниот дом и го истражувал инцидентот, биле во критична состојба поради ефектите ос користењето за воени цели на нервниот агенс, но се опоравиле, како и партнерот на Стургис, Чарли Роули.

Русија постојано ги негираше британските обвинувања дека била вмешана во овие случаи./МИА

Божиновска од Атина: Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина

Божиновска беше дел од отворањето на самитот и министерскиот панел посветен на зајакнување на стратешката енергетска соработка на Балканот, заедно со министри и регулатори од целиот регион.

Божиновска од Атина: Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на 9. Балкански Енергетски Самит што се одржува во Атина, под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Македонија.

Божиновска беше дел од отворањето на самитот и министерскиот панел посветен на зајакнување на стратешката енергетска соработка на Балканот, заедно со министри и регулатори од целиот регион. Во фокусот на дискусијата беа регионалната енергетска безбедност, забрзаната транзиција кон чисти извори на енергија и заедничкиот одговор на глобалните предизвици.

„Регионалната соработка за нас не е избор, туку стратешка нужност. Денес, повеќе од кога било, Балканот треба да биде обединет во обезбедувањето сигурна, одржлива и зелена енергетска иднина“, порача министерката Божиновска.

Таа нагласи дека Северна Македонија, иако мала по големина, е посветен и активен играч на регионалната енергетска сцена, преземајќи конкретни чекори кон либерализација на пазарот на електрична енергија, масовни инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетската инфраструктура.

„Веќе инвестираме во нови фотоволтаични електрани, го прошируваме ветерниот парк Богданци и ја градиме енергетската мрежа на иднината – со паметни технологии, подобрена ефикасност и поврзување со соседните земји. Само така можеме да создадеме вистински функционален регионален пазар“, истакна Божиновска.

Министерката посочи дека клучот за енергетска безбедност е комбинација од државни инвестиции во базични капацитети и активно вклучување на приватниот сектор. Според неа, Македонија веќе бележи голем интерес од приватни инвеститори за изградба на ветерни и соларни капацитети, со вкупно поднесени барања за приклучување од 9.500 MW.

„Нашата стратегија е јасна: државата обезбедува сигурност, приватниот сектор носи иновации и дополнителна сила за зелената транзиција“, додаде Божиновска.

Во своето обраќање, министерката го најави и новиот Закон за енергетика, кој е во парламентарна процедура, а кој треба да создаде уште посилна основа за инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетскиот сектор.

Божиновска упати јасна порака дека енергијата денес е многу повеќе од ресурс – таа е темел за економски раст, енергетска независност и отпорност на глобалните предизвици.

„Енергијата е основата на иднината што сакаме да ја изградиме. Отворени сме за нови партнерства, за споделување знаење и заедничко креирање на регион кој ќе биде пример за Европа“, заклучи министерката Божиновска.

Балканскиот Енергетски Самит годинава обединува над 40 говорници, меѓу кои министри, регулатори и водечки енергетски компании, и се наметнува како клучна платформа за отворање на нови стратешки партнерства и инвестиции во енергетскиот сектор на Балканот.

Со почит,

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Марта Кос во посета на Белград

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска доаѓа во Белград, каде што вечерва прво ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Марта Кос во посета на Белград

Марта Кос треба да се сретне со претставниците на парламентарната опозиција, а потоа и со претставниците на владата.

Таа неодамна изјави дека „внимателно ја следи ситуацијата во Србија, вклучително и блокадата на Радио и телевизија на Србија“ и ги повика сите да се воздржат од продлабочување на тензиите, и изрази загриженост дека е поднесена кривична пријава против ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ.

Сателитските услуги на Гренланд се прекинати по прекинот на електричната енергија во Шпанија

Оддалечените региони на Гренланд го загубија пристапот до клучните сателитски услуги, вклучувајќи интернет и телефонија, соопштија телекомуникациските компании на арктичкиот остров.

Сателитските услуги на Гренланд се прекинати по прекинот на електричната енергија во Шпанија

Операторите додадоа дека ќе истражат дали прекините се поврзани со прекинот на електричната енергија што зафати големи делови од Шпанија.

Гренландската телекомуникациска компанија „Тусас“ објави дека го изгубила контактот со сателитската опрема лоцирана во Шпанија, која обезбедува телефонски, интернет, телевизиски и радио услуги.

Оддалечените села во Гренланд се погодени, иако сè уште не е познато колку луѓе останале без нивните потребни врски.

Снабдувањето со електрична енергија на Пиринејскиот Полуостров е речиси целосно обновено по вчерашниот тежок прекин, кој речиси целосно ги парализираше Шпанија и Португалија. /МИА

притисни ентер