Скопскиот Кривичен суд треба да одлучи дали ќе ја прифати жалбата на Сабахудин Рустеми за притвор - Канал 5

Скопскиот Кривичен суд треба да одлучи дали ќе ја прифати жалбата на Сабахудин Рустеми за притвор

Кривичен совет на скопскиот Кривичен суд треба да одлучи дали ќе ја прифати жалбата екс директорот на ЈП Комунална хигиена Скопје, Сабахудин Рустеми за определениот притвор. 

Скопскиот Кривичен суд треба да одлучи дали ќе ја прифати жалбата на Сабахудин Рустеми за притвор

Преку неговиот адвокат тој вчера доставил жалба против решението на судија на претходна постапка кој му определи 30 дневен притвор како осомничен во истргата околу хаосот со ѓубрето во главниот град. Од судот потврдија дека ја добиле жалбата и дека е испратена на одговор до скопското обвинителство, и велат дека советот ќе одлучи откако се исполнат условите односно откако странките ќе дадат одговор на жалба. На Рустеми му е определен притвор поради Опасност да ја попречи истрагата или да влијае врз сведоци и Можност да го повтори делото. Тој и раководителот на сектор во претпријатието Аки Саити се осомничени за кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад, по член 230 став 1 од Кривичниот законик во кој меѓу другото се наведува:

-Тој што со оставање, фрлање, собирање, со непрописно транспортирање на една или повеќе поврзани пратки, со преработка или отстранување на отпадот, со создавање на депонии споротивно на прописите за заштита на животната средина, пропуштање на вршење надзор над собирањето, со транспортот и преработката, со непрописно управување со отпадот, или на друг начин ќе предизвика или може да предизвика значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата, или опасност за животот или здравјето на луѓето, или уништување на раститетелен или животнински свет во поголеми размери, или на ретки видови на растенија или животни, ќе се казни со затвор од 1 до 10 години. -Кривичен законик чл.230 ст.1.

Истрагата за случајот беше отворена по кривична пријава од МВР според која Рустеми и Сати постапиле спротивно на закон што резултирало со создавање на мини депонии во Скопје кои придонеле до загадување со што ги изложиле луѓето на опасност од заразни болести. Сомнежите биле утврдени и со воредни инспекциски надзори но и со експертско мислење на Институтот за јавно здравје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еко свест: Граѓанските енергетски заедници стануваат реалност со новиот Закон за обновливи извори на енергија

Новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори (објавен во Службен весник бр. 146/2026) воспоставува правна рамка за системот на производство, користење и поттикнување на обновливите извори на енергија (ОИЕ) во Македонија.

Еко свест: Граѓанските енергетски заедници стануваат реалност со новиот Закон за обновливи извори на енергија

Основната цел на законот е намалување на увозната зависност, подобрување на сигурноста во снабдувањето и исполнување на климатските цели, преку поттикнување на граѓаните и компаниите да произведуваат енергија за сопствени потреби.

Со ова, за првпат се овозможува граѓаните, локалните власти и малите претпријатија заеднички да инвестираат во производство, користење и споделување на зелена енергија, т.е. енергија добиена од обновливи нефосилни извори. Според законот, енергетскатазаедница може: да произведува, складира, користи и продава електрична енергија; да ја распределува произведената енергија меѓу своите членови согласно меѓусебни договори; самостојно или преку агрегатор да учествува на пазарот на енергија; да стекне статус на повластен производител и да користи мерки за поддршка. При тоа, примарната цел на заедниците мора да биде обезбедување еколошки, економски и социјални придобивки за членовите и локалната заедница, а не остварување профит.

Новиот закон ја дефинира енергетската заедница („заедница на обновливи извори на енергија“) како „правно лице основано согласно Законот за задругите, на доброволна основа и отворено учество, самостојно и независно, заеднички поседувано и контролирано од страна на основачите и/или членовите, со живеалиште, престојувалиште или седиште, во географско подрачје во близина на енергетскиот објект за производство на енергија кој е во сопственост или изграден од правното лице.“

Концептот овозможува широко локално учество и членство во енергетските заедници каде членови можат да бидат: физички лица (граѓани), единици на локалната самоуправа, микро, мали и средни претпријатија и јавни установи. Исто така, постои можност за различни комбинации на здружување: општина и група граѓани, станбени заедници (згради), граѓани и мали локални компании, или целосно приватни иницијативи без учество на локалната самоуправа.

Општините можат да бидат клучни двигатели преку заеднички инвестиции во фотоволтаични системи на јавни објекти, училишта или соларни системи за централно греење и ладење.

Иако законот ја поставува правната основа и ги дефинира правата на заедниците, тој не содржи детална процедура (чекор-по-чекор) за нивно основање. Во самиот закон сè уште не се прецизирани тмоделите за распределба и методологијата за пресметка на уделите меѓу членовите, ниту пак административната постапка за регистрација и приклучување. Овие прашања треба да се доуредат со подзаконски акти и прописи на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната комисија за енергетика и операторот на дистрибутивниот систем.

„Ја поддржавме месната заедница во Белица со инсталација на фотоволтаични панели на едукативниот центар за развој во Белица. Нашите неодамнешни истражувања на перцепциите и ставовите на населението во општините Новаци и Вевчани за енергетските задруги се позитивни, при што главни мотиватори се еколошките и економските придобивки.

Како клучни фактори при одлуката за основање или пристапување кон енергетска задруга се висината на почетната инвестиција и трошоците, поддршката од државата и општината и очекуваната финансиска корист. Главни пречки за граѓанско учество се финансиските ограничувања, недовербата, недостигот на информации и недоволната институционална поддршка од општините“ – изјави Жарко Конески, Програмски координатор за енергија од Еко-свест.

Во својата работа, Еко-свест се залага за енергетски сектор кој е целосно заснован на децентрализирано одржливо користење на обновливи извори на енергија, со минимално негативно влијание врз животната средина и јавното здравје. Во овој систем граѓаните имаат можност слободно да учествуваат во производството на енергија од обновливи извори и слободно да се здружуваат за производство на енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Детското игралиште во Михајлово омилено место за најмладите

[🤸] Детската смеа е најубавиот доказ дека ова беше вистинска инвестиција.

Јанчев: Детското игралиште во Михајлово омилено место за најмладите

Детското игралиште во Михајлово веќе подолго време е омилено место за најмладите. Секојдневно е исполнето со дечиња, млади луѓе и семејства кои уживаат во играта, дружењето и времето поминато на отворено. Современите детски реквизити овозможуваат безбедна забава, но и придонесуваат за развојот на моторичките способности и физичката активност кај децата.

Со вакви проекти создаваме простори кои живеат секој ден – места каде што се создаваат насмевки, пријателства и убави детски спомени.

[💚] Продолжуваме да инвестираме во содржини што го подобруваат квалитетот на животот на сите генерации, напиша на својот фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Драма во Трст: Автомобил падна во морето, кадети од Воената академија го спасиле возачот

Вистинската драма се одвивала во Трст, кога автомобилот заедно со возачот завршил во Јадранското Море. 

Видео: Драма во Трст: Автомобил падна во морето, кадети од Воената академија го спасиле возачот

Благодарение на брзата и одлучна реакција на припадниците на Воената академија од Модена, возачот бил спасен само неколку секунди пред возилото да потоне.

Италијанското Министерство за одбрана објави дека членовите на Воената академија, кои во тој момент биле во посета на градот, без двоумење дошле на помош. Војниците скокнале во морето, допливале до возачот и го извлекле на брегот, каде што потоа го предале на екипите на брзата помош.

Во официјалното соопштение беше истакнато дека оваа брза реакција е израз на вредностите што Воената академија им ги пренесува на идните офицери на италијанската армија и карабињерскиот корпус, имено храброст, чувство за должност, несебичност и дух на служба.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, исто така, ја пофали храброста и обуката на војниците. „Тие дејствуваа инстинктивно, ставајќи ги сопствените животи во служба на спасување на друг човек. Тоа е највистинското значење на воениот повик - да ѝ служите на вашата земја и да го заштитите човечкиот живот, секогаш, дури и кога тоа не е официјална обврска. Ви благодарам“, рече Крозето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер