Скопскиот аеродром најдобар во Европа

Скопскиот аеродром Александар Велики е најдобар во Европа по квалитетот на услугите во категоријата до 2 милиони патници.



Наградата ја доделува Меѓународниот аеродромски совет , а признанието за 2012 , е добиено врз основа на одговорите од патниците за квалитетот на услугите - љубезноста , времето за пасошка контрола , хигиената, аеродромските услуги. Доказ за успехот е и постојаниот раст на патници кој лани изнесувал над 900 илјади велат од компанијата.
„Нашата цел е да достигнете патници од еден милион во 2013 година “ изјави Мурат Орнекол, главен оперативен директор на холдингот ТАВ аеродроми.

Од скопскиот аеродром моментално има летови до 27 дестинации, а мината година патниците најмногу патувале преку Виз ер, а најфреквентна дестинација бил градот Цирих. Најмногу летови биле реализирани на 23 декември, дури 46, а најмногу патници 47 46 на 4 август. Министерот за транспорт и врски, Јанакиески изјави дека наградата е резултат од на реализација на проект за модернизација на аеродромот, а задоволна е и министерката за внатрешни работи за високите оцени на пасошката контрола.

„Владата направи сериозен чекор во развојот на воздухопловството што подразбираше изградба на нова терминална зграда, паркинг простор, карго-терминал и други објекти. Посветено работиме на привлекување на нови ниско- тарифни авио компании и ќе продолжиме во насоката, Владата да помогне во плановите на ТАВ Аеродроми, бројот на патници за оваа година да достигне еден милион, имајќи предвид дека капацитетот на аеродромот е четири милиони патници“, изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски

„Аеродромот доби високи оценки за времето на чекање на пасошките контроли, љубезноста, услугата како и чувството на сигурност и безбедност. Во 2012 година аеродромот го посетиле 840 илјади патници од кои 200 илјади странски државјани. Ме радува и фактот што и лицата од соседните земји, заради квалитетот, ги користат услугите на нашиот аеродром“, изјави Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи.

Признанието е добиено во конкуренција од 275 аеродроми, а наградите се доделуваат во 4 категории, најдобар аеродром во регион, најдобар аеродром во регионот, со помалку од 2 милиони патници, по големина и најзначајно подобрување.

Неверојатна и досега невидена заплена на кокаин вреден 800 милиони евра (ВИДЕО)

Италијанската полиција заплени рекордна количина кокаин скриен во керамички банани.

Според италијанските медиуми, дрогата вредна 800 милиони евра е запленета во пристаништето Џоја Тауро, во регионот на Калабрија.

Дури 2.700 килограми кокаин биле скриени во керамички банани, а дрогата пристигнала од Јужна Америка.

Изворот кој ги открил деталите за оваа операција за медиумите изјавил дека имагинацијата на шверцерите нема граници, додавајќи дека регионот каде што е извршена заплената е под контрола на озлогласената Ндрангета.

На видеото кое е објавено се гледаат полицајци како со чекани кршат керамички банани и од нив вадат дрога.

Како што е објаснето, дрогата спакувана на овој начин е отпорна на конвенционалните скенери, па затоа е многу тешко да се открие.

Победникот на УС Опен ја завршува кариерата со 30 години

Австрискиот тенисер Доминик Тием (30) на крајот на сезоната ќе ја заврши кариерата, дознава Салцбургер Нахрихтен, а веста ја пренесоа и големите светски медиуми.

Победникот на УС Опен во 2020 година многу рано ќе престане да игра активно, а причината за тоа се повредите.

По освојувањето на Грен слем, тој беше измачуван од бројни повреди на колкот и коленото и не можеше да го достигне нивото на кое беше во неговите најдобри денови. Во годината кога го освои УС Опен беше трет играч во светот, а сега е само на 117 место на АТП ранг листата. Покрај освојувањето на УС Опен, Тием во истата година играше и во финалето на Австралија Опен, додека во 2018 и 2019 година беше во финалето на Ролан Гарос. Во кариерата освои вкупно 17 титули, а е еден од само 11 тенисери кои ги победиле сите членови на големата тројка (Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер). Вкупно против нив остварил 16 победи.

притисни ентер