Скопскиот аеродром е апсолутен лидер во регионот со понудени 316 илјади повеќе седишта во прв квартал за 2026 година - Канал 5

Скопскиот аеродром е апсолутен лидер во регионот со понудени 316 илјади повеќе седишта во прв квартал за 2026 година

Меѓународниот Аеродорм Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места, се вели во најновата анализа на специјализираниот веб сајт за авиосообраќај, "exyuaviation.com".

Скопскиот аеродром е апсолутен лидер во регионот со понудени 316 илјади повеќе седишта во прв квартал за 2026 година

За првиот квартал од 2026 година скопскиот аеродром нуди 316 528 повеќе седишта споредено со истиот квартал од 2025 година, што го прави апсолутен лидер во регионот. Зад Маѓународниот Аеродром Скопје е аеродромот со Белград со 267 илјади повеќе седишта или 100 илјади помалку од Скопје, а далеку зад скопскиот аеродром е аеродромот во Загреб со само 68 илјади повеќе понудени седишта во првиот квартал во 2026 година.

Ова е уште еден показател на одличните политики на Владата кои преку Министерството за транспорт се реализираат во насока на силен развој на авиосообраќајот во земјата.

За една година се воведоа 21 нова дестинација од скопскиот и охридскиот аеродорм, што говори за посветеноста за развој на цивилниот авиосообраќај, кој пак директно влијае врз туризмот и економијата во целина.

Да потенцираме дека пред само два дена беше одбележан три милионитиот патник на скопскиот аеродорм што само ги потврдува одличните политики на Владата.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна вака поставените политики даваат одлични резултати, а очекува следната година бројките уште повеќе да растат.

" Знаете дека по изборот на новата Влада се потрудивме да помогнеме во привлекување на нови дестинации. Од некаде септември минатата година до овој момент, за година и неколку месеци имаме 21 нова дестинација до скопскиот и охридскиот аеродром, што многу говори за нашата посветеност. Тоа се најмногу нови дестинации што било која државата ги реализирала. Не случајни се бројките, не случајно скопскиот аеродром ќе заврши со над 3 милиони и 200 илјади патници, не случајно охридскиот аеродром ќе оди со над 300 илјади патници или не случајно вкупната бројка ќе биде над 3, 5 милиони патници. А тука е растот, оваа година имаме континуиран раст, Ако во Март имаме раст од 6 % раст, Април 9 %, Мај 8 %, Јуни 12 %, Јули 7 %, Август 9 %, Септември 8 %, Октомври 12 %, веќе во Ноември имаме 25 % раст споредено со минатата година што значи за една четвртина е зголемен бројот на патници што патуваат на македонските аеродроми. Се надевам дека в’година, ако не 4 милиони, барем 3, 5 милиони патници да прославиме тука од скопскиот аеродром”- изјави вицепремиерот Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката.

На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето.

Вежбање, сауна и масажа

Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби.

На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви.

По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа.

Неодамна го прослави својот 30-ти роденден

Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми.

Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите.

Ново поглавје во животот

Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска.

Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“.

Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите.

Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал.

Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер