Скопски улици – единствен дом на 48-годишниот Камбер Бајрамов - Канал 5

Скопски улици – единствен дом на 48-годишниот Камбер Бајрамов

Скопските улици веќе со години му се единствениот дом, нема засолниште, а преспива каде ќе најде. 

Скопски улици – единствен дом на 48-годишниот Камбер Бајрамов

48 годишниот, бездомник, Камбер Барјамов вели дека понекогаш го буди и полицијата доколку заспал во парк или на некое пораздвижено место. Единствена подадена рака кон Камбер е онаа на Црвениот крст, кој му обезбедува храна, облека и топол кревет во зимските денови.

-Каде наоѓам таму спијам, тоа е, ако сретнам некој пријател па да ме прибере да преспијам, а инаку по улици завршувам, паркови, ме брка полиција, јас не знам што се случува оваа држава треба да ни помогне, вели Бајрамов

Тој додава дека, иако има операција на срце, е деловно способен и е упорен во обидите да добие помош од институциите, велејќи дека заслужува и тој да има живот како останатите граѓани, но досега институциите се глуви на неговите барања..

Одам во социјално, ме бркаат, утре-задутре, утре задутре, ништо не ми помогаат. Побарав работа за минимална платичка, да земам колку да се крпам, ниту тоа не ми помогнаа, ме лажат само. По некогаш одам и просам да ви кажам искрено, срамота не е да просиш, срамота е да крадеш, вели Бајрамов

Бројот на лица кои немаат кров над глава, од година во година загрижувачки расте, велат од Црвениот крст. Тие примаат околу 150 лица во неделно. Им даваат храна, чиста облека и место за основните хигиенски потреби. Досега организацијата помогнала 15 бездомници да се вратат на животите кои ги имале претходно.

Треба да им ја подадете раката за да сфатат дека имаат една огромна доверба и помош од Црвениот крст. Лицата кои што сакаат сами да си помогнат дефинитивно си помагаат, пред се затоа што ќе ветат дека ќе го променат начинот на живеење, истакна Драгана Лазаревска од Црвениот крст.

Денеска во пунктот на Црвениот крст во Момин поток традиционално се одбележа Светскиот ден на бездомниците. Се поделија пакети со храна и хигиенски прибор. Од Црвен крст велат дека поради коронавирусот дополнително е отежната грижата за лица на улица, а неофицијално само во главниот град нивната бројка изнесува околу 300 лица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер