Министерот Дурмиши го пречека министерот за труд на Катар – потпишан Меморандум за институционална соработка во областа на трудот
Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, каде завршија парите никој не знае
1Министерот Дурмиши го пречека министерот за труд на Катар – потпишан Меморандум за институционална соработка во областа на трудот
2Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, каде завршија парите никој не знае
КултураСкопски џез-фестивал со гости од САД, Европа и Африка Актуелни и врвни имиња во џез-музиката од САД, Европа и Африка најави Скопскиот џез-фестивал за 36-тото издание кое ќе се одржува од 19-ти до 22 октомври. - Ексклузивно за единствен европски концерт, од Чикаго доаѓа една од најдобрите џез-пејачки во светот – Ди Александер (20 октомври). Во иста вечер (21 октомври) ќе настапат две легендарни имиња од САД – Марк Рибо со проектот Јанг Филаделфијанс (The Young Philadelphians) и Стив Колмен со легендарните Фајв елементс (Five Elements), соопшти Скопје џез-фестивал. Од Норвешка ќе гостуваат два големи ансамбла – Трондхејм Џез Оркестра (Trondheim Jazz Orchestra) со Оле Мортен Ваган и Пал Нилсен-Лав Ларџ Јунит (Paal Nilssen-Love Large Unit). Еден од најдобрите светски џез пијанисти, Крег Тејборн, ќе настапи со својот квартет, а ќе гостуваат и две европски триа – Триото на Давид Хелбок и Интерзоне на Марио Ром. Два полноќни концерта со афро-бит легендите Орландо Џулиус и Хелиоцентрикс (Heliocentrics) и Ентони Џозеф со својата група. Соло-настап ќе има големото име на италијанскиот џез – Роберто Отавиано. Во четирите главни вечери (19-22 октомври) концертите ќе се одржат во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот. Во втората и третата вечер (20-ти и 21 октомври) полноќните концерти ќе се одржат во Дансинг-салата на Младинскиот културен центар. Четвртиот ден ќе има попладневен концерт во кино „Фросина“ во МКЦ со почеток во 17 часот. На годинашниот Скопски џез-фестивал ќе има и посебна дополнителна програма составена од проекции на два документарни филма и една мултимедијална презентација. Презентацијата на Ичо Видмар „New Music In New York” и проекцијата на документарниот филм „The Jazz Loft According To W. Eugene Smith“ ќе се одржат во кино „Фросина“ на 21 октомври со почеток во 15 и 16 часот. Проекцијата на филмот „Dixieland” (програма за млади) е во соработка со фестивалоте „Џифони“ и „Македокс“ и ќе се одржи во кино „Фросина“ на 20 октомври со почеток во 12 часот. Билетите се во продажба во Југотон рекордс, Македонската опера и балет, Младинскиот културен центар и mktickets.mk. За трите настани од дополнителната програма влезот е слободен. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Дурмиши го пречека министерот за труд на Катар – потпишан Меморандум за институционална соработка во областа на трудотВо рамки на средбата, министрите потпишаа Меморандум за соработка во областа на трудот меѓу Министерството за економија и труд на Република Македонија и Министерството за труд на Државата Катар.Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска во Клубот на пратениците оствари билатерална средба со министерот за труд на Државата Катар, Н.Е. д-р Али бин Самих Ал Марри, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, предводејќи висока владина делегација. Во рамки на средбата, министрите потпишаа Меморандум за соработка во областа на трудот меѓу Министерството за економија и труд на Република Македонија и Министерството за труд на Државата Катар, со кој се воспоставува институционална рамка за понатамошно продлабочување на билатералната соработка и размена на искуства во областа на трудот. Меморандумот предвидува соработка во повеќе области од заеднички интерес, меѓу кои размена на искуства, студиски посети и добри практики во сферата на работните односи, инспекцијата на трудот, безбедноста и здравјето при работа, како и размена на мислења и експертиза при унапредувањето на законодавството во областа на трудот. Документот предвидува и формирање Заеднички комитет кој ќе ја координира реализацијата на договорените активности и ќе работи на подготовка на идни програми за соработка. На билатералната средба министрите разговараа за можностите за натамошно унапредување на економската и институционалната соработка меѓу двете земји, развојот на пазарот на труд, размената на експертиза, како и за јакнење на партнерството во области од заемен интерес. „Потпишувањето на овој Меморандум претставува значаен чекор во продлабочувањето на односите меѓу Република Македонија и Државата Катар. Преку институционална соработка, размена на знаење и добри практики ќе придонесеме кон понатамошно унапредување на политиките на пазарот на труд, подобрување на условите за работа и зајакнување на капацитетите на нашите институции. Убеден сум дека ова партнерство ќе отвори нови можности за соработка и ќе донесе конкретни придобивки за двете земји“, изјави министерот Дурмиши. Посетата на катарската делегација и потпишувањето на Меморандумот претставуваат потврда на заедничката определба за натамошно зајакнување на билатералните односи и развој на партнерство засновано на взаемна доверба, соработка и размена на искуства во областа на трудот, во согласност со законодавството на двете држави.Тагови: Дурмиши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузманоска: Во следните години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ, каде завршија парите никој не знаеКога СДС зборува за задолжувањето, мора да се потсетиме на еден многу важен факт.Во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра преземени во периодот на власта на СДС и ДУИ. Долговите што денес и во следните години треба да ги враќа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не се создадени вчера. Само оваа година се враќаат околу 1,5 милијарди евра. Во 2027 година треба да се вратат уште 1,5 милијарди евра, во 2028 година околу 1,9 милијарди, во 2029 година околу 1,3 милијарди, а во 2030 година уште 1,4 милијарди евра. Тоа се близу 8 милијарди евра, долгови кои ги остави СДС, а не знаеме на што ги потрошија. Не може седум години да управувате со државата, да ја задолжувате и да преземате финансиски обврски, а потоа од опозиција да се однесувате дека долгот го направил некој друг. Почитувани граѓани, Кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во јуни 2024 година, јавниот долг беше над 60 проценти од БДП. Денес јавниот долг изнесува 58,8 проценти од БДП. Од една страна ги враќаме долговите што сме ги наследиле, а од друга страна јавниот долг како процент од БДП е понизок од нивото што го затекнавме. Паралелно, македонската економија денес бележи раст од 4,3 проценти. Кога СДС следниот пат ќе зборува за јавниот долг, нека одговори за што ја задолжија државата 4,5 милијарди евра за само 7 години? За јахта, стан во Дубаи или пак акции во индиска авиокомпанија? Не сме исти. Разликата е евидентна. Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Биљана Кузманоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасков: Над 250 дечиња со попреченост Јаневска ги остави без образовни асистентиХаосот што Мицкоски и Јаневска го создадоа во образованието продолжува секоја учебна година.Над 3.000 првачиња помалку, 26 затворени училишта, 433 паралелки помалку. Нема сегмент во образованието каде што не е хаос. И децата со попреченост останаа без потребната поддршка од образовен асистент. Околу 250 деца од кои најголем број првачиња на 1-ви септември се без образовните асистенти што им се потребни. За нив и за нивните родители, првиот училишен ден не беше ден на радост, туку ден на страв, разочарување и неизвесност. Ова е само уште еден доказ за неспособноста на оваа власт да се грижи и да вложува во она што е најважно за иднината на една држава - образованието. И ова не е првпат. Трета година по ред, министерката Весна Јаневска дозволува учебната година да започне без навремено обезбедена образовна поддршка за децата со попреченост. Образовниот асистент е неопходна поддршка за децата со попреченост - поддршка што им овозможува да ја следат наставата, да учествуваат во училишниот процес и да ги остваруваат своите права рамноправно со другите деца. Кога таа поддршка ја нема последиците директно ги чувствуваат и децата и нивните семејства. Јаневска треба да одговори зошто ги остави децата со попреченост без образовни асистенти? Училиштата ги доставиле барањата за образовна асистенција за првачињата уште до 30 јуни, по завршувањето на уписите. Што направи Министерството за образование со тие барања? Зашто ако постапката за вработување трае повеќе од 20 дена, тогаш е јасно дека и со започнување на постапката сега, дел од овие деца реално би добиле образовен асистент дури по 20 септември. Што треба да прават овие деца до тогаш? Да не одат на училиште? Да чекаат власта да заврши со своите административни процедури? Министерке, децата не се само бројка во табела. Тие имаат право на образование, право на еднакви можности и право на поддршка согласно нивните индивидуални потреби. Инклузијата не смее да биде само збор во стратегии и документи. Таа мора да биде реалност во секоја училница. А денес реалноста е дека деца со попреченост се оставаат без поддршка уште на првиот ден од учебната година. СДСМ бара итно да се решат проблемот и ниту едно дете со попреченост да не остане без потребната образовна поддршка. Прес-конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образованиеТагови: Јованче Манасков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook