Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ЗабаваСкопската Зоолошка чека пред ЕАЗА колку Македонија пред ЕУКоко се враќа во 2019 година. По една деценија. Од Холандија. Ќе живее во нова, посебна куќа со уште три шимпанза. Ќе бидат две машки и две женски. Во обејктот, кој интензивно се подготвува, има голема дневна соба. Нејзината подлога ќе биде од дробено дрво за да ги асоцира Коко и неговите другарчиња на Конго, на Централна Африка. Нема повеќе да лежат на бетон. Секој ќе има своја спална соба. И уште (многу) нешто. Аквариум, простор за савана-животните (антилопа, зебра, ној), лагуна за фламинго, површина за пингвини, „тропикариум" во поранешната „куќа за ѕверови" каде што беа сместени лавовите, тигрите, леопардот, црниот пантер и змиите, дом за папагали во доскорешната „мајмунарница", хранење мршојадци во живо, киносала за проекции, ново семејство волци, неколку лава, пар зебри од Чешка (напролет), антилопи од Палиќ, ноеви… Вакви се, накусо, плановите на Зоолошката градина во Скопје. Ја посетивме сред недела. Претпладне. Крај на ноември. Студено. Како што е редот, најпрво застанавме пред билетарницата. Таму, од прозорчето, ѕиркаше насмеаниот лик на чичко Трајко Костадиновски, еден од најстарите вработени. Нѐ поздрави и нѐ допрати до влезот. Во истиот момент пристигна нашиот домаќин Војо, познат љубител на влекачи и дел од поновиот тим на Зоолошката. Со фоторепортерката Фросина Насковиќ се израдувавме како деца (како впрочем при секое доаѓање во Зоолошката), но овој пат некако поинаку зашто први го сефтосавме новиот еколошки минибус на струја. Седиштата уште „неотпакувани", со најлони. Го донеле претходниот ден. Донација е, вели Војо, за ВИП-третман на посетителите, за посебно доживување. Бесшумно е, собира десетина лица, а наменето е за групи од школо, фирми… Билетите ќе бидат малку поскапи, но со нив се „добива" водич низ Зоолошката. Минибусот ќе застанува на одредени точки и ќе ги симнува „патниците" за да ги допрат, нахранат или бакнат животните. Тоа е и целта. Публиката да се доближи до животните, но и Зоолошката да обезбеди финансиска бенефиција за да може да се развива. Како да сме на сафари или во некоја зоолошка од европските метрополи. Такво беше чувството. Кратко ама преубаво. Се симнавме кај слониците Дуња и Даела. Од тука ја почнавме приказната. Или барем сакавме да ја почнеме. Намерата беше да се запознаеме одблизу со нивните карактери, со особините и дневните рутини на Кан, Инес, Гањо, Кристина, Флопи, Каспер, Тобого. Но, спонтано некако прво се осврнавме на слабостите и проблемите, на она што допрва треба да се направи. А ентузијазмот е голем. Тоа јасно се гледа и кај Војо, но и кај неговите колеги, кои постојано беа во движење. -Скопската зоолошка стана вид прибежиште за животни кои поминале трауми. Најчесто доаѓаат од циркуси, веќе „пензионирани". Практично, вишокот од Европа што не може да се вклопи во постојните групи завршува тука. И другарчињата на Коко, за жал, се или од лаборатории или од циркуси. Зошто е тоа така? Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми (ЕАЗА), која е вид европска унија за зоолошките на нашиот континент, сѐ уште нѐ смета за недоволно созреани во однос на негата на животните, смета дека не сме од доверба зашто немаме докажано дека знаеме да се грижиме за животните. Затоа и речиси воопшто немаме репродуктивни парови. Голем дел од нашите животни се или од ист пол или се стерилизирани и кастрирани, со спирали. Не им е дозволено размножување. Жирафите се три машки, слоновите се две женки, има еден морски лав, три машки преживалски коњи…, раскажува Војо. Кадарноста за правилна нега, грижа и способност да ги чувате животните е нешто што треба да го докажете низ години, со труд и со работа. -Сакаме да бидеме членки на ЕАЗА. Но, засега во однос на оваа Асоцијација сме исто како што е Македонија во однос на ЕУ. Единаесет години сме кандидати за членство, чекаме пред вратата. Сепак, се трудиме многу. Целта на новиот директор е да направиме европска зоолошка градина што ќе докаже дека практикува етички пристап кон животните, не само од посетителски аспект (дека сме ги едуцирале посетителите) туку и дека е сменет односот на негувателите. Веќе имаме и војнички ритуал. Секој ден отвораме и затвораме во исто време. Ги учиме животните на дисциплина, ги мотивираме да соработуваат. Постојано ги тренираме ментално, ги анимираме. Не дозволуваме да им биде досадно. Многу голем дел од нив, со оглед дека се паметни, бараат некаква активност. Тука сме максимално ангажирани и посветени, нагласува Војо. Според него, модерниот негувател треба да биде поврзан со животното и да го чувствува за да оцени како најдобро да се однесува со/кон него. Слабости што мора да се надминат „Ехееееј, Трајкооооо", ваква е сѐ уште комуникацијата на вработените во Зоолошката градина. Без воки-токи, со довикување. Не е средена ниту депонијата. Целиот отпад (од кантите за посетителите, изметот на животните, гранките, лисјата) оди на едно место. Во ист куп. Без да се селектира. На пример, секој ден се фрла по една тракторска приколка измет од слоновите, што е од седум до осум ѕидарски колички, наместо да се компостира и реупотреби. Не се мелат ниту гранките за да се добие органски отпад, па кога треба нешто хортикултурно да се освежи, хумус се купува, наместо да се има свој. Ова го забележала и ЕАЗА во последниот менторшип на скопската Зоолошка пред 1,5 месец. Испорачала нови замерки, над 50. Укажала, меѓу другото, и дека дрвјата во живеалиштата на животните не се скратени, дека се „задушени" од бекатонски плочки. -Ова се навидум едноставни работи, но се одраз на цивилизациски, урбан однос. „Туууу, па за ова ли доаѓаа од Холандија? Добро, ќе смениме, не е ништо страшно", беше реакцијата на постарите колеги кога им ги презентиравме забелешките во извештајот на ЕАЗА, истакнува Војо. Живеалиштата, генерално, ги задоволуваат критериумите. Поранешните директори, вели нашиот соговорник, граделе по стандардите на ЕАЗА. Но, Зоолошката не е музеј, туку жива институција. – Тука мора да има „живот" 24 часа, а трета смена немаме. Можеби слонот ноќеска ќе има потреба од нас. Доаѓа Нова година, ќе се пукаат петарди, можеби ќе се исплаши, ќе се вознемири, може ќе се повреди, дополнува Војо. Дуња и Даела – атракција што привлече 10.000 – 12.000 посетители дневно Дуња забележа дека Војо зборува за неа. Се доближи полека и почна со сурлата суптилно да си ја удира устата, како да вели „дај ми да јадам". – Да одиме понатаму, почнува да бара храна. Всушност вели: „Дај ми храна, што ме гледаш", толкува Војо и се смее. Продолживме кон т.н. мека спална на Дуња и Даела, дел од слонарницата – затворениот објект веднаш зад дворот во кој шетаат. Дуња е азиски слон, еден од најстарите и најголемите во Европа од овој вид. Има над 50 години и е релативно „возрасна" со оглед дека слоновите живеат околу 60 години. Во добра здравствена состојба е, а и кондицијата не ѝ е лоша. Со Даела се последните слонови украдени од природата. Вкупно 30 години настапувале секоја вечер во циркуски претстави. Во 2015 година се пензионираат поради донесување закон со кој се забранува користење животни во циркуси. Од Северна Белгија, каде што живееја, се донесени тука. Даела е „Африканка". Помлада е, има околу 30 години. Со Дуња се два сосема различни света, иако посетителите тоа не го забележуваат. Физички се разликуваат. Даела е со многу погруба, порапава, набрана кожа и поголеми уши. Различно и мирисаат, а поинаков им е и карактерот. Веројатно ќе бидат една од последните двојки во светот што живеат заедно, а се различен вид, зашто постои закон кој вели дека зоолошките мора да чуваат само ист вид. Слониците генерално се дружат. Но, како и секој по дома, понекогаш се караат, иако сериозна „тепачка" меѓу нив немало никогаш. Ќе се клоцнат со нога, едната ќе ја удри со задникот другата малку посилно ако сака да ѝ ја земе храната, ќе си подвикнат. Се хранат трипати на ден. Имаат заедничка поилка, надворешна и внатрешна. Кога треба да си легнат, тоа и го манифестираат: стануваат понервозни, застануваат на една од вратите, почнуваат да чукаат… Една тракторска приколка свежи гранки или цело мало дрво, по околу четири бали сено или слама, 20-тина килограми моркови, десет килограми јаболка и банани, од три до пет килограми свежи кикиритки, тегла мед. Ова е приближно оброкот за еден ден на Дуња и Даела. -Утринскиот ритуал е хранење со тренинг. Околу 13 часот ваквиот ритуал го повторуваме, а потоа, приквечер, ги легнуваме да спијат. Тоа најмногу зависи од расположението на овие две дами, што многу се чувствува. Дуња особено знае, ако ѝ е досадано, да застане на една од вратите на слонарницата и да тропа со сурлата. Притоа, точно знае на која врата тропа. Во 13 часот ќе застане на металната врата и тропа. Всушност вика „ајде, отвори, време ми е да јадам" или „време ми е да се одморам". Пред спиење имаме уште еден краток тренинг, ги тераме да седнат, да легнат. Ќе добијат награда од банани и јаболка, малку леб и потоа во големата спална ги ставаме на мек песок на кој спијат, објаснува Војо. „Мека спална" и педикир Проблем за слоновите е да спијат на бетон, поради што во слонарницата е направена т.н. мека спална со која ретко која зоолошка на Балканот може да се пофали. Наскоро ќе се донесе и кварцен песок, кој е уште помек од овој, сегашниот. Објектот, пак, кој засега е затворен за посетители, ќе биде отворен. Во слонарницата, покрај „меката спална" што зафаќа околу 300 квадратни метри, има и т.н. груминг-соби. Во нив се прави педикирот, се средуваат ноктите на слониците. Во посебна одаја се поставени камери преку кои се следи движењето на Дуња и Даела надвор и внатре. -Веќе се држат кратко време надвор, по три часа, зашто е ладно. Потоа влегуваат внатре. Ги капеме ние со т.н. вап-машина, како за миење коли, но ги триеме и со четки на главата, лицето и нозете. Имаме бојлер со 400 литри топла вода и го трошиме цел на едно капење. Интересно е и тоа што никогаш не влегуваме слободни кај слоновите. Меѓу нас има бариера со струја зашто тоа се животни со претрпена траума и можат да нападнат. Секогаш ги храниме од дистанца, а така ги даваме и наредбите. Единствено ги допираме кога се прави педикир, во посебните т.н. груминг-соби или кога треба да им се земе крв, да им се намачка рана…, вели Војо. Африканска савана Зад слонарницата патот води кон поранешната „куќа на ѕверови". Сега тука се чува сено, а има и понекој транспортер за животни, останат од времето. Визијата на Зоолошката е овој објект да стане „тропска куќа", со палми, егзотични растенија, мали птички, мрзливци и понекој гуштер. Овде, ни покажува Војо, може да се „смести" и една киносала за проекции. Веднаш одзади се гледа парцелата која претходните власти ја имале замислено како ботаничка градина. Зоолошката ја доби пред десет години. Идеја на Војо е овој простор да стане африканската савана во која зебрата ќе се расправа со антилопата, а антилопата ќе го брка нојот. -Ова е одличен простор за т.н. мешано живеалиште за савана-животните. Моја идеја и голем ќеф е тука да овозможиме простор за животни од Африка, слободно да живеат, да се движат, да се бркаат, природно да се однесуваат, просторот да биде типичен репрезент на африканската савана. Екоавтобувчето ќе поминува оттука, доловувајќи им на посетителите сафари-искуство. Нивистина се надевам дека во 2019 година од оваа средина овде ќе направиме отворена савана. Не е потребно многу време за да ја реализираме оваа идеја, но ќе ни требаат одредени дозволи и документи, како и потврда од ЕАЗА дека идејата е добра. Конечно животните ќе имаат можност да го манифестираат своето природно однесување, да трчаат, а ќе направиме и штала, додава Војо. Движејќи се, поминавме покрај мршојадците. И тука се предвидени новини. Од идната година треба да стартува интерактивно шоу кое во живо ќе ги претставува овие животни. Ќе се влегува внатре, во нивното живеалиште, хранењето ќе биде пред публика. Целта е да се едуцираат луѓето и да се мотивира емпатија кај нив, да се натераат да размислат зошто се мршојадците загрозени. Притоа, секоја од презентациите ќе завршува со молба посетителите да сменат понекоја навика која се одрзува врз природата. Полека изминуваше вториот час од нашата прошетка, а муабетот како допрва да почнуваше. Време имавме сѐ помалку поради обврските. Сепак, решивме да ги ѕирнеме уште жирафите и да се поздравиме со Кан – морскиот лав со преубави очи. -Имаме речиси 30 лемури, сите се од Мадагаскар. Идната година ќе треба да намалиме дел од семејството. Обично групите на лемури се околу 20, а ние скоро достигнавме максимум. Само годинава имаме шест бебиња. Бремена е и една од двете женки од мајмуните гибони, поради што е изолирана во посебно живеалиште. Волците, хммм… Голем дел од нив се кастрирани и стерилизирани, не се размножуваат. Групата е одлична, но релативно стара. Во следните години, како што ќе ги губиме, ќе мора да набавиме ново семејство. Динго немаме. Имаме и четири европски кафеави мечки, но живеалиштата не се идеални. Не може ниту да се реновираат. Тоа во моментов е една од најлошите точки на Зоолошката. Нема ни каде да се стават сите четири мечки. Ако успееме да дадеме две, тогаш од постојните три пештери ќе направиме една убава, поголема, и едно добро живеалиште. Во Зоолошката има и два персиски леопарда. Досега еднаш имале бебиња, но последниве неколку години немале. Затоа се размислува да бидат префрлени во друго живеалиште, зашто каде што се сега можеби не им се допаѓа. Малечките се дадени, едното во Битола, едното во Белград. Има и три сибирски тигри. Мајка, татко и ќерката Ана. Планот е мајката и таткото повторно да се спојат. Засега се одвоени зашто и во природата не живеат заедно, туку се здружуваат само во период на парење. Тигрите живеат на простор од 2.000 квадратни метри. Лавовите, пак, вкупно четири, се во сосема друг дел од 1.200 квадратни метри. Три од нив се продукт на инцест поради што девијациите се веќе евидентни, иако не се многу возрасни. Едната лавица има метастазиран тумор на лицето и веројатно ќе мора да се евтаназира многу скоро, а другата се претпоставува дека има епилепсија. Многу тешко се движи, добива напади. И таа нема да има иднина. Братот на лавиците е добар, но не смее да се размножува зашто носи ризичен ген (од инцестот). Инес е јагуарот, женка од 17-18 години што до скоро беше со тетка ѝ Ксенија. Во Зоолошката има и пет павијани, сите машки. Нема зебри, антилопи и ноеви, сите се изумрени. Додека разговаравме со Војо, нѐ пресретна Маја, „чуварката" на морскиот лав Кан. Ни предложи да „скокнеме" и до кај крокодилите Гањо и Кристина. Во „нилски" услови, лежеа мирно, под инфрацрвена светлина. Најадени. Двајцата се по 12-13 години. Допрва ќе растат. Јадат три пати неделно, свежо телешко месо, пилешко и риба. Продолживме кај Флопи, Каспер и Тобого. Ги погаливме, им дадовме храна и се упативме накај Кан. Со него ја заокруживме посетата на Зоолошката. Кан е „Хрват", набавен од Зоолошката во Загреб. Го донеле кога имал само пет години. Денес има десет. Всушност, дошол со братчето, но тоа починало пред две години. -Останат е сам, но се надевам дека ќе му донесеме девојка и ќе го жениме, поради што сум прилично љубоморна. Само јас сум женско кое работи со него и имаме изградено убава врска. Се галиме, се гушкаме, се смее Маја. Кан се храни со морска риба, четири пати на ден. Лете јаде до 15 килограми, а зиме и над 20 за да создаде сало кое му служи како бунда и го штити од студ. Сака да живе надвор и покрај живеалиштето со парно греење, малото базенче и останатите услови. Социјално животно е, многу умно и сака да се дружи. Сака да учи и знае многу „финти". -Не дозволуваме да го фати депресија. Го тренираме од три до четири пати на ден, за викенд малку поедукативно, за посетителите. Имаме инсталирано звучници со микрофон, им објаснуваме што е морски лав, како живее, како се храни… Ги поздравува гледачите, скока, рипнува, се бакнува… Оваа зима ќе учи нешто ново, за да не им биде досаден на посетителите, рече Маја. Само за МИА таа се симна кај Кан и ни покажа што го има научено. Кога ја виде, пресреќен, Кан веднаш почна со егзибициите. Маја му фрлаше свежа морска риба, зборуваше со него, а тој возвраќаше на негов јазик. Бројни се плановите, идеите и желбите на Војо и неговите колеги за скопската Зоолошка да стане неодминливо место во градот. Воодушевува нивната посветеност и љубов кон животните. На заминување, уште еднаш се сретнавме со чичко Трајко, кој во Зоолошката е вработен од 1981 година. И со него кусо разменивме неколку реченици. Се присети на времето кога Македонија беше дел од поранешна Југославија и кога „Илинденска" и „Рузвелтова" беа преполни со автобуси. -Триесет и кусур години сум на билетарницата. Сум видел сѐ и сешто. Работите се многу променети, а посетители секогаш има. Тоа, секако, зависи најмногу од животните со кои располага Зоолошката. Колку поатрактивни и нови животни, толку повеќе посетители. Тоа го потврдија и последниве два месеца, септември и октомври. Откако сум тука, тие се рекорд со продадени 7.000 – 8.000 билети за викенд, истакна Костадиновски. Според него, има денови кога нема ниту еден посетител во Зоолошката. Тоа е обично зиме, ноември, декември или јануари, посебно кога е студено или кога врне снег. Се случува никој да не дојде и за викенд. Чичко Трајко понекогаш излегува од билетарницата, да прошета, да ги ѕирне, како што вели, животните, но за тоа има многу малку време. Нѐ испрати со една негова констатација: „Стопати е полесно да се работи со животни, отколку со луѓе, со народ. Животните повеќе ќе те сфатат од човекот". Скопската Зоолошка градина е од 1926 година. Зафаќа вкупно 13 хектари површина. За споредба, Зоолошката во Белград е на само шест хектари. Во текот на земјотресот, во 1963 година, дел од живеалиштата на животните се срушиле. Изградени се нови, по стандардите на ЕАЗА./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
СветЗеленски: Преговарачите од Украина, Русија и САД се среќаваат на почетокот на ноември во Абу Даби Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека преговарачите од Украина, Русија и САД се согласиле на состанок на техничко ниво во првата половина на ноември во Абу Даби.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека преговарачите од Украина, Русија и САД се согласиле на состанок на техничко ниво во првата половина на ноември во Абу Даби, изразувајќи надеж дека ќе следи состанок на лидерите на трите земји. Зеленски рече дека разговарал со американските претставници Џаред Кушнер и Стив Виткоф во понеделник, по нивниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела, објави Ројтерс. Тој рече дека секој мировен договор ќе мора да вклучува силни безбедносни гаранции за Украина и финансирање на украинската војска за следните 10 години. „Планот е состанокот да се одржи во првата половина на ноември и, се разбира, што е можно поскоро“, рече Зеленски преку видео врска на собир на Институтот Хадсон во Вашингтон. Според него, многу ќе зависи од Русија, истакнувајќи дека сличен состанок, кој требаше да се одржи овој месец, не се одржа. Зеленски ја нагласи важноста на продолжувањето на дипломатските напори насочени кон постигнување прекин на огнот и завршување на војната, која сега е во својата петта година, и додаде дека Европа исто така треба да биде вклучена во преговорите. Украинскиот претседател оцени дека е клучно по техничките разговори да следи состанок на лидерите на Украина, Русија и САД. Зеленски, исто така, рече дека украинската војска сè уште има проблеми со пристапот до комуникациските системи „Старлинк“, и покрај уверенијата на САД дека ограничувањата на брзината се отстранети. „Ограничувањата на брзината на системите „Старлинк“ и „Старшилд“ сè уште постојат и брзината не е вратена“, рече Зеленски, спротивставувајќи се на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека услугите се целосно вратени. Украина, исто така, чека испорака на претходно договорените пресретнувачи на воздушна одбрана, рече Зеленски, што дополнително ја комплицира одбраната на земјата од речиси секојдневните масовни руски напади со беспилотни летала и ракети.Тагови: Абу Даби Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗатворени се сите четири аеродроми во Москва поради напади со дронови- се евакуираат патницитеСите четири московски аеродроми денеска повторно беа затворени за дојдовни и појдовни летови поради напади со беспилотни летала врз руската престолнина. Во Шереметјево (SVO/UUEE) повторно беше прогласена воздушна тревога, а патниците беа упатени во безбедни зони и засолништа. Руската федерална агенција за воздушен транспорт (Росавијација) воведе ограничувања на аеродромите Шереметјево (SVO/UUEE), Домодедово (DME/UUDD), Внуково (VKO/UUWW) и Жуковски (ZIA/UUBW). Пристигнувањата и полетувањата на авионите се суспендирани од безбедносни причини за летовите. Во Шереметјево, од патниците се бара да се оддалечат од прозорците и стаклените површини и да се префрлат во најблиските безбедни области на терминалот. Влезот во стерилните зони на сите терминали е ограничен, додека персоналот на аеродромот ги насочува патниците и ги информира за ситуацијата преку звучници. На патниците им беше кажано и да не користат лифтови или авиони како засолништа. Ограничувањата беа воведени додека руската воздушна одбрана се обидуваше да одбие напад врз московската област. Градоначалникот Сергеј Собјанин неколку пати во текот на денот изјави дека се соборени дронови, кои, според него, летале кон руската престолнина. Службите за итни случаи беа испратени на местата на несреќите. Затворањето на воздушниот центар на Москва предизвика големи нарушувања на распоредот на летовите. Повеќе од 340 летови беа одложени или откажани од почетокот на денот, според податоците од онлајн таблите на аеродромите објавени од руските медиуми. Некои авиони што веќе летаа за Москва беа пренасочени кон алтернативни аеродроми. Пулково (LED/ULLI) во Санкт Петербург прифати 25 летови насочени кон Москва, додека Нижни Новгород прифати уште 13 авиони. Аерофлот и Русија ги менуваат своите распореди на летови поради ограничувањата, при што летовите се откажуваат, одложуваат и пренасочуваат кон алтернативни аеродроми. Компаниите предупредија дека доцнењата може да продолжат дури и по повторното отворање на воздушниот простор, делумно поради ограничувањата на работното време на екипажот. Ситуацијата се менуваше неколку пати во текот на денот, при што ограничувањата беа укинати, а потоа повторно воведени. Според најновите достапни информации, сите четири московски аеродроми повторно се затворени, додека воздушната тревога е повторно активирана на Шереметјево. Тагови: дронови москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе урна новоизградена зграда во Кенија- имала градежна, но не и употребна дозвола (ВИДЕО)Зграда во изградба се урна денеска во Најроби, главниот град на Кенија. Се стравува дека голем број луѓе се затрупани под урнатините. Повеќе од десет ката се урнаа еден врз друг, а зградата остана огромна куп бетон, пишува АП. Зградата се урна околу 13 часот на прометна шопинг улица во областа Истли, низ која секојдневно минуваат илјадници луѓе. Шефот на полицијата во Најроби, Иса Мохамуд, рече дека сè уште се работи на повеќе од десет горни катови. Спасувањето беше уште потешко поради немирите во близина. Полицијата мораше да употреби солзавец за да ги растера луѓето кои почнаа да ги ограбуваат продавниците во близина, додека спасувачите се обидуваа да стигнат до урнатините. 🇰🇪 An 18-storey building under construction collapsed in Nairobi, Kenya Numerous people, including construction workers and nearby pedestrians, are trapped under the rubble. https://t.co/ErrXr9dzJE — Visegrád 24 (@visegrad24) October 23, 2026 Џозеф Каула, кој работеше на петтиот кат, успеа да избега непосредно пред да се урна зградата. Тој рече дека слушнал вресоци и ги видел колегите како трчаат кон излезот и викаат дека зградата се урива. „Јас бев последниот човек што излегол пред сè да се урна. Целата област беше исполнета со прашина“, рече Каула. Тој се плаши дека неколку негови колеги се закопани во подрумот. Полицијата потврди дека една повредена жена е извлечена од урнатините и однесена во болница. Спасувачите слушнале и друго лице кое повикува на помош, но нејзиниот глас подоцна не се слушнал. Мохамуд предупреди дека постои опасност од понатамошни уривања бидејќи дел од срушената зграда се потпира на соседна зграда. Ги пребарувале урнатините со часови без тешка механизација Спасувањето на почетокот било тешко бидејќи на местото на несреќата немало тешка механизација. Спасувачите ги пребарувале урнатините со часови користејќи дрвени столбови. Подоцна, пристигнал багер и почнал да отстранува големи парчиња бетон, а до вечерта биле доставени уште најмалку две работни машини. Спасувачите се обидуваат да најдат простори во подрумот и приземјето каде што можеле да преживеат. Во тие делови од зградата, и покрај работата на горните катови, веќе работеле продавница за електроника, месарница и продавница за храна. Жителите рекле дека некои членови на семејството кои останале под урнатините веднаш им се јавиле по уривањето и побарале помош. Сепак, подоцна повеќе не можеле да ги контактираат преку мобилни телефони. Во близина на местото на несреќата е поставен шатор каде што граѓаните можат да пријават исчезнати членови на семејството. Сè уште не е познато колку луѓе биле закопани. BUILDING COLLAPSE: A tragic incident has just happened in Eastleigh, Nairobi. An 18-storey building has collapsed, and we’re told over 50 people may be inside. The fear now is the number of lives this could claim. https://t.co/oks5c0Zt5t — Sholla Ard 🇰🇪 (@sholard_mancity) October 23, 2026 Зградата имала дозвола за градење, но не и дозвола за вселување Паѓањата на згради се чест проблем во Најроби, каде што локалните власти често се критикувани за лабав надзор на градежните работи и недоволни безбедносни контроли. „Ќе се спроведе истрага. Ќе се погрижиме одговорните за каква било небрежност да завршат на суд“, рече Мохамуд. Гувернерот на Најроби, Џонсон Сакаја, потврди дека срушената зграда имала дозвола за градење, но немала дозвола за вселување. Ова значи дека продавниците на приземјето не смееле да бидат отворени. Сакаја рече дека на локалните власти им се потребни поголеми овластувања за надзор на градежните работи. Тој верува дека сегашните казни за кршење на градежните прописи се премногу благи и не ги одвраќаат инвеститорите од опасни практики.Тагови: зграда Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter