СКОПЈЕ НА ГАСТРОНОМСКАТА МАПА НА ЕВРОПА

Македонска пицерија е повторно прогласена помеѓу најдобрите 50 во Европа.

Матто Наполетано популарен ресторан лоциран во Македонскиот главен град Скопје е препознаен како една од најдобрите 50 пицерии во Европа за 2023 година.

Овојпат рангирана на феноменалното 25-то место во Европа, Матто Наполетано е најголемото изненадување на годинашново рангирање и е единствената Македонска пицерија што се најде на листата. Ресторанот веќе две последователни години обезбедува место помеѓу европската елита, откако претходно беше рангиран на 41 место во 2022 година.

Оваа пофалба доаѓа од 50 Top Pizza, најпрестижниот пица водичи во светот, (кој се смета за еден вид Мишелин водич меѓу пицериите) и кој на 3ти мај го одржаа рангирањето на најдобрите за 2023 во Барселона.

Ригорозните инспектори за квалитет на водичот ги посетуваат пицериите и го донесуваат својот конечен суд со набљудување на пицеријата како збир на елементи кои формираат целина. Тие ја анализираат услугата, квалитетот на менито за пијалоци, односно изборот на вино, пиво или коктели, естетиката на ентериерот и надворешноста, како и чистотата и уредноста на целиот локал. Се разбира, тие се фокусираат особено на квалитетот на состојките што ги користат во пицеријата, како и на мајсторството во правењето на тестото и, во крајна линија, на вкусот.

Оваа година, инспекторите на ова реномирано здружение, го опишаа Скопскиот Матто Наполетано како исклучително елегантен и префинет ресторан пица бар. Истакнаа дека ова место се естаблираше за кратко време благодарение на вниманието на деталите. Го пофалија амбиентот, професионалната услугат и понудата која е на инзворедно виско ниво како и богатото мени со пијалоци со вино, пиво и коктели.

Првото место на листата на најдобри пицерии во Европа го доби Сарторија Панатиери во Барселона. Бест во Копенхаген беше на второто место, а 50 Кало Лондон во Лондон го освои третото место.

Од пицериите во нашиот регион, подобар пласман од 2022 година има и белградската пицерија Мајстор и Маргарита, која го зазема 33-то место. Пицеријата „Пјетра“ од Белград го зазеде 39. место, „Попс пица“ од Љубљана на 40. место а Франкос Пица Бар од Загреб е на 43. место.

Атинската пицерија Одори е на 28. место и е прогласена за најдобра во Грција, на 37. место е Анималето Пица Бар од Букурешт, Романија а Бели Ди Мама од Будимпешта е на 26. место. Доколку патувате во регионот сметајте ги наведените места за навистина вредни препораки за пица.

Помеѓу наведените пласмани од регионот Македонскиот Матто Наполетано е најдобра рангирана пицерија и несомнено го носи со право епитетот Ѕвезда на Регионот.

Одлична вест за Скопје и Македонија.Вест за која се надеваме дека подеднакво ги подигнува локалните кулинарски стандарди, инспирира успешни приказни и во истовреме го промовира нашиот град на гастрономската мапа на Европа.

Листата на 50 најдобри пицерии во Европа и деталите за нив можете да ја погледнете на https://www.50toppizza.it/50-top-europa-2023

Во Индија почна петтата од седумте фази на парламентарните избори

 Во Индија денеска почна петтата фаза од парламентарните избори од вкупно седум, а се одржуваат во финансискиот главен град Мумбаи и големите индиски држави Утар Прадеш и Одиша.

Во петтата фаза 89,5 милиони гласачи избираат 49 пратеници.

Изборите почнаа рано утринава за да им се овозможи на гласачите да ги избегнат жештините бидејќи Индија ја погоди топлотен бран.

Парламентарните избори во Индија почнаа на 19 април, право на глас имаат 968 милиони Индијци, што е повеќе од вкупното население на САД, Европската Унија и Русија заедно.

Изборите за 543 членови на Долниот дом на парламентот се одржуваат во седум фази до 1 јуни на повеќе од еден милион избирачки места низ земјата. Гласачките ливчиња ќе се пребројуваат на 4 јуни, а резултатите ќе бидат објавени истиот ден.

ПОЦ: За седум дена санкционирани 191 непрописно паркирани возила во Центар

За седум дена санкционирани се 191 возачи, чии возила го попречувало нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во Општина Центар. 

Како што информираат ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар, во периодот од 13 мај до 19 мај 2024 година со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 102 непрописно паркирани возила.

Со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 89 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

- За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението.

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

- Како вистински пријател на Русија, тој даде непроценлив личен придонес во развојот на добрососедските односи меѓу нашите земји, вложувајќи големи напори да ги доведе до ниво на стратешко партнерство, се наведува во телеграмата на Путин. 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати телеграма со сочувство до врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, во врска со смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други ирански функционери и членови на екипажот во хеликоптерска несреќа.

Путин изјави дека смртта на Раиси е „огромна трагедија“ што го снајде народот на Исламската Република Иран, додавајќи дека Раиси бил исклучителен политичар кој целиот свој живот го посветил на служење на својата земја и „вистински пријател на Русија“, пренесува Интерфакс.

- Како вистински пријател на Русија, тој даде непроценлив личен придонес во развојот на добрососедските односи меѓу нашите земји, вложувајќи големи напори да ги доведе до ниво на стратешко партнерство, се наведува во телеграмата на Путин.

притисни ентер