Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“ - Канал 5

Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“

Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март.

Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“

Оваа година, маршот се одржува под слоганот „Нека јадат ружи!“.

Организаторите повикуваат на женски марш и солидарен женски бојкот за да се одбележи денот на економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените. Тие истакнуваат дека 8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази, туку за феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија.

Маршот ќе заврши во паркот „Жена борец“ со завршни обраќања до јавноста и институциите.

Костадиновска-Стојчевска: Со измените власта го уназади Законот за македонски јазик

Со Законот за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме со поддршка од сите пратеници, во јануари 2024 година, после 18 години, за првпат се воведе јасна контрола на тоа како ќе се употребува македонскиот јазик.

Костадиновска-Стојчевска: Со измените власта го уназади Законот за македонски јазик

Со Законот за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме со поддршка од сите пратеници, во јануари 2024 година, после 18 години, за првпат се воведе јасна контрола на тоа како ќе се употребува македонскиот јазик, каде и дали правилно, како и формирањето на независен Инспекторат. Денес, преку предложените измени, сведочиме на уназадување на тој напредок, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска.

- Со укинување, на став 2 од членот 1, Инспекторатот ја губи својата правна и буџетска независност и се претвора во одделение во Министерството за култура и туризам – спротивно на она што беше договорено и што го ветивме во 2024 година. Иако стручната јавност, вработените во Министерството и сите засегнати страни побараа Инспекторатот да остане независен, денес тоа се поништува, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа потенцираше дека дополнително, предложените измени не обезбедуваат јасни критериуми ниту за избор, ниту за разрешување на директорот на Инспекторатот.

- Во член 22 се вели дека Владата именува директор преку јавен оглас, но без јасна постапка и без дефинирани услови за селекција. Се предвидува дури и директорот да може да биде разрешен поради „привремена неспособност“, без појаснување што тоа значи, ниту предвидена жалбена постапка, рече пратеничката на СДСМ.

Со измените на Законот се намалуваат и стручните критериуми: наместо исклучиво меѓународно признати сертификати за познавање јазици, се дозволува и „друг документ“, со што се снижува критериумот.

- И покрај донесениот закон, скоро година и пол немаше сериозен обид тој да профункционира – ниту беа усогласени внатрешните акти на Министерството, ниту беа вработени нови лектори, ниту се спроведе систематизацијата. Денес гледаме дека Агенцијата за промоција на туризмот сè уште функционира со старата структура, што покажува дека нема капацитет. Наместо да го зајакнеме законот, се прави обид да се ограничи автономијата на телото кое треба да ја следи и штити употребата на македонскиот јазик. Ова е директен удар врз она за што се боревме – независен, стручен и функционален Инспекторат, рече Стојчевска Костдиновска.

YouTube video

Притвор за дилер од Битола, им давал марихуана и на деца

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Притвор за дилер од Битола, им давал марихуана и на деца

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45, како и Овозможување употреба на наркотични дроги согласно член 216 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во текот на 2024 и 2025 година осомничениот во повеќе наврати неовластено продавал наркотична дрога – марихуана на наркозависници. Во текот на претходната постапка обезбедени се докази и дека за целиот тој период осомничениот во повеќе наврати им овозможувал да употребуваат марихуана и на малолетници на возраст од 14 години. При претрес во неговиот дом на 12 мај биле пронајдени околу 8 грама марихуана кои ги држел за неовластена продажба.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Битола поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопшти Обвинителството.

Игра на нерви во Истанбул- откажани, па закажани преговорите меѓу Русија и Украина

По три години од пропаднатите преговори, грандиозната палата Долмабахче во Истанбул повторно ги отвори вратите за Украина и Русија. 

Игра на нерви во Истанбул- откажани, па закажани преговорите меѓу Русија и Украина

Но, разговорите кои требаа да почнат претпладнето се пролонгираа за попладнево на барање на домаќинот Турција и не е познато кога ќе почнат, по дипломатската игра на нерви и многу нејаснотии кој се ќе седне на преговарачка маса еден спроти друг. Извесно е дека столчињата предвидени за Путин и Зеленски ќе останат празни.

Украинскиот претседател попладнево се сретна со Ердоган во Анкара. Официјално не го соопшти форматот на својата делегација, а уште на слетувањето се обиде да го оспори легитимитетот на руската делегација.

-Нивото на Русите ми е официјално непознато, но од она што го гледаме, повеќе личaт на статисти. Треба да знаме каков мандатот има руската делегација, дали се способни сами да донесат какви било одлуки. Бидејќи сите знаеме кој ги донесува одлуките во Русија. , изјави Володомир Зеленски, претседател на Украина.

Путин во Истанбул испрати советници и заменици министри, на кои синоќа им даде последни инструкции. Ја предводи помшникот на Путин Медински, придружуван од Михаил Галузин, Игор Костјуков и Александар Фомин. Москва категорично застана зад нив и го жестоко го нападна Зеленски.

-Кој тоа го користи зборот „статисти“? Кловн, губитник, лице со непознато образование. Тој да зборува за луѓе кои не само што имаат основно образование, туку и академски дипломи. , изјави Марија Захарова, портпаролка на руското МНР.

Исходот со внимание се следи и во Анталија, каде се одржува Самит на НАТО, а каде западните сојузници очекуваат исчекор во Истанбул.

-Американскиот претседател беше многу јасен дека сака војната да заврши. Не постои воено решение за руско-украинскиот конфликт. Оваа војна нема да биде завршен со воено решение, туку по дипломатски пат. , изјави Марко Рубио, државен секретар на САД

-Украина e подготвена да се обврза на прекин на огнот и на итни преговори. Тоа е апсолитно јасно. Топката сега е јасно на руски терен. Тие треба да објаснат што прават, зошто се тука или не се, со кој тим или што и да е. , изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.

Се огласи и Трамп, кој повторно се обиде да даде ветер в грб на преговорите. Сега не исклучува можност утре да се појави во Турција.

-Размислував да одам, но многу е тешко поради обврските денеска и утре… Но, доколку нешто се случи, ќе одам во петок ако е соодветно. Во моментов имаме луѓе кои преговараат. Се надевам дека Русија и Украина ќе можат да направат нешто. Војната мора да престане. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Кои се клучините теми за разговорите не е познато, иако руската страна најави дека основа ќе биде да се отстранат освновите причини за војната.

Украина не очекува ништо освен прекин на огнот како база за понатамошните преговори. Неизбежно, ќе се најдат и прашањата за идниот статус на окупираните украински територии, кои чинат безмалку една четвртина од целата територија.

притисни ентер