МакедонијаСкопјани и денеска се соочуваат со проблеми во водоснабдувањетоПо два дена, нормализирано водоснабдувањето во детската болница Козле... По два дена без капка вода, протекоа чешмите во болницата за белодробни заболувања кај деца „Козле“. Од болницата велат дека работата во моментов функционира непречено, нема повеќе застои, во болниичкиот двор ја нема веќе цистраната со питка вода, а се прават и нови болнички приеми на деца. Додаваат и дека изминативе два дена со сите напори успеале 30тина дечиња кои се лекуваат кај нив да го добијат соодветниот третман, без да бидат префрлани по другите клиники во метрополата. „Успеавме и во тие два дена да се организираме и екипираме, амбулнатскиот дел непречено функционираше цело време, во текот на вчерашниот ден после вториот ден дел од дечињата кај кои состојбата дозволуваше беа пуштени во дневна болница на нашата болница и немаше потреба за префрање по други клиники. “ Доктор Гиновска појаснува и дека во функција е ставена и лабораторијата, кој во текот на изминатите денови поради немањето вода функционираше само за ЦРП, односно капиларна крв, додека за лабораторијата за венска крв беше надвор од функција. „Апаратите се калибрирани, исчистени, веќе првите анализи утрово во координација со докторите од биохемиската лабораторија се пуштени и функционира се непречено. Целата работа во болницата во моментов функционира нормално...“ И додека во болницата водоснабдувањето се стабилизираше, маката продолжува за жителите од околните населби. Екипа на Канал 5 направи обиколка во неколку населни места во повисоките зони во Скопје, дел од граѓаните во скопско Водно велат по неколку дена денеска вода има, но состојбата не е иста во другите населби. Граѓаните се пожалија дека веќе цела недела мака мачат со водата, велат или ја нема или притисокот е многу слаб. „Постојано нема вода... цела недела скоро се ќе дојде навечер неколку саати... Не знам што ќе се прави со водава, ни можеме да планираме, ни машина да пуштиме, ни за бањање....“ „Да има но пред неколку дена немаше... едниот ден буквално цел ден немаше.... вода купена за пиење ама не е пријатно во овие денови да нема вода...“ „Вода има од сабајле до 7 – 8 саат после нема....Во вечерните часови ќе се појави малку....“ Од јавнотото претпријатие Водовод и канализација причината за проблемот со немањето вода ја лоцираат во големата потрошувачка и дивите приклучоци. Од претпријатието во повеќе наврати апелираа до грѓаните на рационално користење на водата, одобено во текот на летните месеци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО Охрид се огласи по повод притворот на Кристијан КорабоскиОсновното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела.Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела - Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста. При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена. Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди. Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката, соопшти Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара Повторно е приведен Кристијан Корабоски, 31, годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 – годишна девојка, Сара Ѓорѓиоска.Повторно е приведен Кристијан Корабоски, 31 – годишниот охриѓанец кој е осомничен дека ја претепал неговата 26 – годишна девојка, Сара Ѓорѓиоска, и неофицијално полусвесна ја исфлил пред маркет од автомобилот. Според информациите од истрагата, приведувањето на насилникот се должи на новонастанати околности, меѓу кои е и изјавата пред обвинител попладнево на претепаната девојка. Воедно, според изворите на Канал 5 се очекува Корабоски да заврши и во притвор, откако првично, по барање на обвинителството, доби само мерки на претпазливост. Што се однесува до тоа дали ќе има преквалификација на делото нанесени „тешки телесни повредени“ во потешко дело како „обид за убиство“, републичкиот обвинител Ненад Савески, рече дека ќе зависи од доказите кои се прибираат. „Доколку би одговорил на вашето прашање, да утврдам јас правна квалификација, тоа би се свело на мое шпекулирање, бидејќи правната квалификација произлегува од сето она што ќе се собере на истражната постапка.“ „Собери ги сите познаници, да го прикроиеме нештово и да се одслободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“ – е разговорот кој го слушнала Сара во автомобилот помеѓу насилникот и неговиот татко, инспектор во УЈП, според обвинувањата на нејзината мајка која ги изнесе на социјалните мрежи. Таа обвинува и дека се правеле обиди за прикривање на случајот преку неговите родители, нагласувајќи дека негова мајка е Љубинка Корабоска, поранешна – претседателка на антикорупциска. Дополнително, според тврдењата, и неговата тетка се јавувала во болницата каде што е сместена за да влијае врз медицинскиот извештај и да се прикаже дека имала полесни повреди. Савески кажа дека се истражуваат и овие наводи. Братот на Сара, Димитар, за Канал 5 вели дека како семејство имале долга ноќ, стравувајќи за неговата сестра оти осомничениот бил пуштен. Дополнително, сподели и дел од она што Сара го поминала ноќта. „Сара најпрво кажа дека настанало од што почнал да вози брзо. Сара кога се освестила малку, слушнала како прашува напаѓачот како да се спаси од делото, ни кажа дека го зела телефонот да бара помош и рекле да молчи оти ќе биде убиена. Го зела од дечкото телефонот, затоа што нејзиниот веќе бил уништен. Цела ноќ никој не спиеше, сестра ми ми вика дека секој звук што го слуша, стравува дека некој ќе влезе, и ние подолг период останавме пред болницата и мораше да сме тука во близина.“ Според семејството на Ѓорѓиоска, насилникот дивеел возејќи со огромна брзина, воедно, не ја пуштал Сара да го напушти возилото, во кое таа барала прекин на нивната врска. Набргу следел и физичкиот напад од Корабоски, за кој полицијата портврди дека бил под дејство на алкохол, измерени му биле 1,29 промили, па и за возењето во алкохолизирана состојба, потврдија од СВР, ќе добие кривична пријава. Во меѓувреме, според информациите, пуштен е таткото на Ѓорѓиоска, кој беше приведен по пријавата на мајката на осомничениот, оти по претепувањето на неговата ќерка, според пријавеното, телефонски им се јавил и им се заканувал на целото семејство. За него според најавите, исто така ќе има постапка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево време со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степениВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 8 Попова Шапка, Ѓуриште, 9 Тетово, 10 Лазарополе, 11 Крушево, Зајчев Рид, 12 Крива Паланка, Скопје Петровец, 13 Струмица, 14 Претор, Гевгелија, Демир Капија, Велес, 15 Прилеп, Штип, 16 Охрид, Кавадарци, Виница, Берово, 18 Битола. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 10 Лазарополе, 8 Пожаране, 4 Попова Шапка, Крушево, 2 Тетово, Велес, 1 Прилеп, Охрид. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот наместа ќе има повремени локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе престанат. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од среда ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а во среда и четврток во западните делови повремено силен ветер од јужен правец (над 80 km/h).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter