Скопјани добија новогодишна елка

20тина дена пред дочекот на Новата година, скопјани добија новогодишна елка. Елката е поставена на црвена платформа над пропадната фонтана на градскиот плоштад. 

Таму пак за разлика од изминатите денови, може да се почувствува поголема раздвиженост, а најрадосни и најљубопитни се најмладите. Пред неколку денови беа поставени и дрвените куќички, а поставени се сијалички долж ул. „Македонија“

- Главниот град почна да се украсува, поставена е и новогодишна елка на градскиот плоштад, иако скромна сепак придонесе да се зголеми новогодишната еуфорија кај граѓаните.

Дел од нив пред камерата на Канал 5 кажаа дека иако им се допаднало тоа што скопскиот плоштад добил елка, сметаат дека треба да се направи повеќе. Други пак велат споредбено со годините наназад, сликата денеска не им се допаѓа. Велат и дека воопшто не се информирани ниту дали ќе има новогодишен дочек на плоштадот.

- Едвај чекавме барем нешто да се направи за Скопје, ете елката сега ја видовме се израдувавме, а другото кога ќе биде како ќе дочекаме ли само главната знае за тоа кога ќе се одлучи. Треба да е многу накитено да привлечеме и странци и луѓе да нешто го збогатиме угледот на нашиот главен град.

- Овде во овој дел воопшто не ми се допаѓа, кога ќе споредам во минатото како беше ова е страшно.

- Сега ја гледам се сликав тука пред елката, многу убаво направена сега уште треба вака младите јас сум стар човек да личи дека е главен град.

Но, се уште не е познато кој го украсува Скопје и колку чини украсувањето. Канал 5 упати прашање и до Градот, но одговор оттаму не добивме. На веб-страната на Бирото за јавни набавки до овој момент нема објавено тендер за новогодишно украсување, додека на веб-страната на Град Скопје беше објавен само јавен повик за организирање на новогодишен базар кој не го вклучува украсувањето.

Минатата година градот беше украсен без тендер, а градоначалничката Арсовска само кажа дека биле потрошени 30.000 евра, без да посочи како се исплатени парите. За овој случај предмет оформи и Финансиската полиција, за кој до денеска нема никаков исход.

Меѓу поставените прашања на кои досега не добивме одговор беше и тоа дали се планира организирање на новогодишен дочек или некакви празнични настани на плоштадот.

Нетанјаху му честиташе на Трамп:„Најдобрите денови допрва доаѓаат“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата втора инаугурација, велејќи во видео изјава дека „најдобрите денови на нашиот сојуз допрва доаѓаат“.

- Вашиот прв мандат како претседател беше исполнет со револуционерни моменти, рече Нетанјаху, наведувајќи некои од клучните чекори што Трамп ги презеде за време на неговото прво претседателствување, вклучително и потпишувањето на Абрахамскиот договор со кој се нормализираа дипломатските односи меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

- Се повлековте од опасниот ирански нуклеарен договор, го признавте Ерусалим како главен град на Израел, ја преместивте американската амбасада во Ерусалим и го признавте суверенитетот на Израел над Голанската Висорамнина, рече тој.

- Уверен сум дека ќе го завршиме поразот на иранската терористичка оска и ќе воведеме нова ера на мир и просперитет за нашиот регион, рече Нетанјаху.

Нетанјаху, исто така, му се заблагодари на Трамп за неговата помош во посредувањето за договорот со Хамас за прекин на огнот и за заложниците./МИА

Хабек: Враќањето на Трамп на власт е опасност за американската демократија

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек, водечки кандидат на „Зелената“ партија за претстојните избори во Германија, денеска предупреди дека демократијата во САД е загрозена под владеењето на новиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА.

Ако на актуелните настани се додадат „политичките интереси“ и „богатството на милијардерите се комбинира со политичките интереси и со сопственоста на инфраструктурата, тогаш богатството на власта и сила на власта може да ја турнат демократијата до нејзините граници“, рече Хабек на само неколку часа пред Трамп да положи заклетва во Вашингтон.

Хабек рече дека искрено се надева дека тоа нема да се случи, но дека луѓето во Европа мора да преземат мерки за да се заштитат од таквите сили.

-Европа мора да стане посилна и порешителна – ова е пораката од денешниот ден, нагласи Хабек./МИА

Зеленски му го честиташе на Трамп враќањето во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му честиташе на Доналд Трамп за неговото враќање на претседателската функција во САД.

Зеленски укажа на решителноста на Трамп и нагласи дека политиката „мир преку сила“ што ја најави дава можност да се зајакне американското лидерство и да се постигне траен и праведен мир.

- Овој век се оформува токму сега, и сите ние мора да работиме заедно за да го направиме голем и успешен век за демократските земји, а не за оние кои сакаат да пропаднеме, нагласи тој на Х.

- Денеска е ден на промени и ден на надеж за решавање на многу проблеми, вклучително и глобални предизвици, напиша Зеленски на Х.

притисни ентер