Скопјанец завршил на токсикологија, пиел ракија од непознато потекло

Внимавјте од каде купувате ракија – со ваква порака семејство од Скопје се обрати во Канал 5. 

Нивниот татко и сопруг по конзумирање на ракија која има висока концетрација на метил алкохол или метанол која му направила тешки последици од паѓање во несвест со претходни вибрации во вратот и силни болки во главата завршил на клиниката за Токсикологија. Ракијата која во народот е позната како: шпиртовача или брзосмртка најчесто се наоѓа по пазарите велат од семејството.

Од Клиниката за токсикологија велат дека ваквата ракија е многу опасна. Таа изгледа како секоја друга ракија по вкус и мирис но навистина е отров и може да биде и опасна по живот, објаснува токсикологот Андон Чибишев.

Она што е особено важно според токсикологот е лицата кои конзумираат ваква ракија и имале проблеми да пријават до надлежните.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека на почетокот од оваа година пристигнала една преставка од граѓанин за продожба на ваква ракија и дека се постапува за случајот. Но апелираат граѓаните да пријават вакви небезбедни производи и да не ги пијат.

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели.

Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел.

Започната е истрага под сомнение за сериозни прекршоци со оружје.

Без струја дел од скопските општини Илинден и Кисела Вод

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Илинден и Кисела Вода, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „34“ во населбата Илинден, а од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Востаничка“ во општина Кисела Вода.

Во Скопје санкционирани 108 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 108 мерки за прекршоци во областа на сообраќајот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од нив, девет мерки се за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас...

притисни ентер