Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец - Канал 5

Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец

Скопјанец кој има воспаление на мозокот се бори за живот и е на респиратор откако го каснал домашен заразен комерец со западно нилска треска, потврдува Директорот на Инфективната клиника д-р Фадил Цана.

Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец

Седумдесет и шестгодишникот не патувал никаде, а и најголем дел од хоспитализираните кај кои е потврден вирусот „западен нил“ кој не се пренесува од човек на човек, а посериозните симтоми што се аларм да се побара медицинска помош се висока температура, силна главоболка, конфузност и агитираност. Засега во болница со потврдена западно-нилска треска и воспаление на мозокот има петмина над 60 годишна возраст, а за тројца други, кои исто така имаат невроинвазивна форма на инфекцијата се чека лабораториска потврда.

Здравствените власти велат дека годинава досега има 8 потврдени случаи, од кои само еден е поврзан со патување во Грција, а другите, сите се над 60 години и се смета дека се локални случаи, односно болеста се пренела од заразени комарци во Македонија.

Болеста најчесто минува со благи симптоми, а може да не даде и никакви, но кај постари лица ретко предизвикува тешки невролошки компликации.

За зачестениот број на случаи и на западна нилска треска, но и досегашните случаи на маларија, денга и зика во Македонија, кои се пренесуваат преку комарци и најчесто „ги увезуваме“ со патувањата на Малдиви и Занзибар се состана и Комисијата за заштита од заразни болести.

Препораките се насочени кон заштита од убоди од комарци – употреба на спреј и соодветна облека. За лицата кои патуваат делови од Африка и региони околу Индискиот Океан, се препорачува навремена консултација со лекар и, доколку е потребно, земање профилакса за маларија, иако во моментов таа не е достапна во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на затворениот базен

[⤵️] Напредуваат градежните активности на затворениот базен на локацијата на поранешна „Ла Луна“, објави на Фејсбук, првиот човек на Кавадрци, Митко Јанчев.

Јанчев:  Напредуваат градежните активности на затворениот базен

Овој затворен базен е со димензии 25×9 метри и длабочина од 1,20 метри. Истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани.

Во моментов започна лепењето на плочките во базенот, паралелно се работи во машинската просторија, а интензивно се изведува и партерното уредување на просторот околу објектот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Музејот на град Скопје одржана обука за евакуација и спасување на музејски предмети при земјотрес

Во Музејот на град Скопје вчера се одржа обука и трибина за евакуација и прва помош на музејски предмети при земјотрес, во организација на музејот и СИН ШТИТ.

Во Музејот на град Скопје одржана обука за евакуација и спасување на музејски предмети при земјотрес

Настанот беше посветен на заштитата и спасувањето на културното наследство во услови на природни непогоди.

На трибината се дискутираше за постапките за евакуација на музејските експонати, функционирањето на Штабот за заштита и спасување, кој треба да постои во секоја институција, како и за предизвиците со кои се соочуваат музеите при природни катастрофи.

Практичниот дел од обуката беше реализиран според целосниот протокол – од пронаоѓање на предметот, негова безбедна евакуација и пакување, до подготовка на потребната документација и тријажа во прифатниот центар.

Обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на музејските институции за навремена и ефикасна заштита на културното наследство во случај на земјотреси и други природни непогоди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и печки на пелети

Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. 

Општина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и печки на пелети

Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден буџет од вкупно 2.000.000,00 денари. Општината ќе кофинансира 50% од вредноста на набавените пелети, но не повеќе од 10.000,00 денари со вклучен персонален данок. Рокот за аплицирање трае до исцрпување на средствата, а најдоцна до 31.10.2026 година. Дополнителни информации можат да се добијат на електронската адреса [email protected].

Вториот повик се однесува на поддршка за купување на печки на пелети, намена за која се одвоени 300.000,00 денари. Преку оваа мерка ќе се покријат 50% од трошоците на домаќинствата за купување на печката, до максимален износ од 20.000,00 денари со вклучен данок. Услов е барателите претходно да немаат искористено субвенции за печка на пелети или инвертер од кој било извор во државата. Овој повик ќе биде отворен најдоцна до 30.11.2026 година, односно до исцрпување на предвидените финансии, додека за прашања е достапна адресата [email protected].

И за двата повика право на учество имаат домаќинствата кои не се поврзани на градското парно греење. Ќе се рефундираат средства за купувања извршени почнувајќи од 1 јануари 2026 година па сè до завршувањето на повиците. Како доказ е задолжително приложување на фискална сметка или фактура, како и извод од банка за извршена уплата во оригинална форма. Барањата можат да се подигнат од Архивата или од општинската веб-страница (www.kiselavoda.gov.mk), по што заедно со целосната документација се доставуваат исклучиво во затворен плик преку Архивата на Општина Кисела Вода до Комисијата за спроведување на постапката. Пријавите со непотполна документација или оние пристигнати по рокот нема да се земат предвид. Сите дополнителни информации се достапни на следните линкови:

https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/07/peleti2026.pdf

https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/07/pecki2026.pdf

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер