4 милиони евра за енергетски поефикасни домови: НЛБ Банка со нова кредитна линија од Европската банка за обнова и развој
14 милиони евра за енергетски поефикасни домови: НЛБ Банка со нова кредитна линија од Европската банка за обнова и развој
3СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?
МакедонијаСкопјанец е осомничен за насилство врз 13- годишно дете Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик.Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година. Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал, осомничениот најпрво започнал да му упатува навреди, пцовки и погрдни зборови на другото дете, а во еден момент и физички го нападнал со удари со шлаканици и тупаници во главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди – расекотини и подливи. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува во судот и забрана да се приближува на оштетеното дете, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Економија4 милиони евра за енергетски поефикасни домови: НЛБ Банка со нова кредитна линија од Европската банка за обнова и развојНЛБ Банка преку нова кредитна линија во износ од 4 милиони евра ја зајакнува поддршката и го проширува пристапот на домаќинствата до зелено финансирање за енергетски поефикасни домови. Средствата се обезбедени во соработка со ЕБОР во рамките на програмата GEFF III REpower Residential на Западен Балкан, а ќе се пласираат преку Банката. Наменети се за зелени инвестиции што придонесуваат за енергетски поефикасни, поодржливи и покомфорни домови, овозможувајќи конкретни придобивки за граѓаните - намалени трошоци и подобрен квалитет на живеење. Во време кога енергетската ефикасност и одговорното користење на ресурсите стануваат сè поважен дел од секојдневието, ваквата финансиска поддршка отвора можност повеќе домаќинства да ги реализираат потребните подобрувања во своите домови - изолација, нови прозори и врати, котли, топлински пумпи, сончеви колектори за топла вода, фотоволтаични системи или други енергетски ефикасни решенија. Сите овие технологии директно придонесуваат за пониски трошоци на домаќинствата, поголема удобност и порационална потрошувачка. НЛБ Банка во своето портфолио веќе нуди зелени кредити наменети за поддршка на одржливи и еколошки решенија, а новата кредитна линија од 4 милиони евра од ЕБОР претставува зајакнување на оваа определба. Дополнителна придобивка на овие кредити е повратот на средства, кофинансиран од Европската Унија, кој може да изнесува и до 20% од вкупната инвестиција. На овој начин, зелените кредити стануваат практичен инструмент преку кој енергетската ефикасност, одржливоста и заштитата на животната средина се претвораат во реални и достижни решенија за секое домаќинство. Придобивки од „зелените“ инвестиции во домот Кога домот троши помалку енергија, преку намалените сметки, придобивките се чувствуваат веднаш. Долгорочно, тие имаат и пошироко значење. Секоја инвестиција што ја намалува потребата од енергија придонесува и за помала потрошувачка на ресурси, помал притисок врз енергетскиот систем и помало влијание врз животната средина. Во Македонија, ваквите вложувања се особено значајни имајќи ја предвид потребата од обновување и модернизација на станбениот фонд. Токму затоа, зеленото финансирање има сè поважна улога во претворањето на одржливоста од концепт во конкретна одлука за секое домаќинство. Со соодветна финансиска поддршка, граѓаните можат полесно да направат чекор кон зелени решенија. *GEFF програмата на ЕБОР во Западен Балкан е кофинансирана од европската Унија преку инвестициската рамка за Западен Балкан, Австрија, јапонија, данска и швајцарија преку Партнерството со високо влијание врз климатската акција (HIPCA).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново СелоОваа година немав многу време за одмор.Одговор на претседателот на СДСМ Венко Филипче на прашањето на Канал 5 каде го минува летниот одмор. Оваа година немав многу време за одмор. Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село, таму каде што беа нападнати младите. Следната недела планирам да одам и во Гостивар, да видам како се луѓето. Последниот пат кога бев, состојбата беше многу лоша. Владата испрати само три цистерни вода за цел град. Во меѓувреме ќе се обидам да поминам неколку дена со моите, а потоа ме чека и работата во болница. Ако ви требаат информации за реалните проблеми на граѓаните, слободно. За туристички дестинации, подобро прашајте кај оние што летаат со државен авион. Поздрав, Венко ФилипчеТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Меси се врати на фудбалот по смртта на татко му, дочекан со овации Еден од најдобрите фудбалери на светотот во историјата, аргентиснкиот волшебник Лионел Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност и само 5 дсена по смртта на неговиот татко Хорхе се појавуви во тимот на Интер Мајами. Еден од најдобрите фудбалери на светотот во историјата, аргентиснкиот волшебник Лионел Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност исамо 5 дсена по смртта на неговиот татко Хорхе се појавуви во тимот на Интер Мајами на синоќешниот дуел од Лига-купот против Леон, меч што неговиот тим сепак го загуби од мексиканскиот претставник на домашен терен со 2-3. Lionel Messi returned to the pitch this night in Inter Miami’s match against León. 👏🏻 Despite Messi’s return, Inter Miami suffered a 2-3 defeat. ❌ pic.twitter.com/bNP2Q24pmn — Pro_Foot HQ (@ProFoot_HQ) August 13, 2026 Меси се уште тагува по смртта на неговиот татко, а вчера објави писмо во кое најави дека сериозно размислува набрзо да ја заврши кариерата. Тој доби слободни денови од управата да остане со семејството се додека не се почувствува подготвен за камбек на терените, но никој не очекуваше тоа да се случи така брзо. Неговото излегување на теренот беше проследено со аплауз и воодушевување од публиката. Само неколку часа претходно, Меси објави емотивна порака посветена на својот татко на Инстаграм. Во неа, тој ја опиша длабоката болка од загубата и изрази сомнеж дали ќе може уште долго да игра фудбал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00