Скарлет Јохансон се потсети на бизарната аудиција за познат научно-фантастичен филм - Канал 5

Скарлет Јохансон се потсети на бизарната аудиција за познат научно-фантастичен филм

Една од најпознатите актерки на денешницата, Скарлет Јохансон, во неодамнешното интервју за Entertainment Tonight се потсети на бизарните аудиции низ кои поминала на почетокот на кариерата.

Скарлет Јохансон се потсети на бизарната аудиција за познат научно-фантастичен филм

Меѓу нив е и аудицијата за филмот „Гравитација“ од 2013 година, во режија на Алфонсо Куарон.

„Имав пробно снимање за филмот „Гравитација“, во кој Сандра Булок е фантастична, но морав да облечам вселенски костим и да се преправам дека лебдам во вселената, иако само седев на стол со кацига“, се потсети Јохансон.

„Гравитација“ е визуелно неверојатен научно-фантастичен трилер кој заработи над 720 милиони долари ширум светот и се смета за еден од најдобрите филмови на Куарон. Филмот освои дури 7 Оскари, меѓу кои и оној за најдобар режисер, а за најдобра актерка беше номинирана и Сандра Булок, која ја доби улогата за која се натпреваруваше Јохансон.

Покрај губењето на улогата во Gravity, Јохансон отворено зборуваше во интервју за Variety претходно оваа година за тоа како ја изгубила улогата на Црна вдовица во Iron Man 2, која првично требало да ја игра Емили Блант. Кога Блант морала да се откаже поради проблеми со распоредот, Јохансон добила втора шанса и оставила незаборавен впечаток како Црна вдовица.

Губењето на овие улоги за малку ќе предизвикало Јохансон да се откаже од својата актерска кариера. "Се чувствував многу фрустрирано и безначајно. Се запрашав: Дали ја работам вистинската работа?", изјавила актерката.

Јохансон моментално го промовира филмот Asteroid City, во режија на Вес Андерсон, во кој ја игра главната улога. Asteroid City пристигнува во кината на 23 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. 

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч

При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

На терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење.

Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак.

Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лице

На 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево. 

Претрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер