Скапа храна, поскромна трпеза - граѓаните соочени со високи цени пред празниците - Канал 5

Скапа храна, поскромна трпеза - граѓаните соочени со високи цени пред празниците

На десетина дена пред новогодишните празници на пазарите и по маркетите преполни тезги и рафтови, но граѓаните со „празни“ џебови.

Скапа храна, поскромна трпеза - граѓаните соочени со високи цени пред празниците

Оние кои ги затекнавме велат од ден во ден забележуваат нагорни промени во цените. Најмногу се пожалија на високите цени на јајцата, месото, но и дел од млечните производи. Годинава велат скромно секој според сопстевениот џеб ќе ја наполни празничната трпеза.

Очекуваат наделжните да интервенираат со мерки. На онлајн платформите на кои може да се проверат цените по маркетите, може да се забележи дека килограм кашкавал достигнува цена и до 700 денари, слични се цените и на сирењето, месото, а јајце се продава по цена од минимум 13 денари...

„Јајцата се најповеќе, месото, скоро се е поскапено секој ден мењаат цени....“

„За разлика од лани ќе биде поскапа и тоа да доста... Јајцата се најмногу сега поскапени а и сите други артикли....“

„Скапи се да ти кажам... Месото, млекото, се....“

„Па зависи како кој, некому е поскоромно некому не зависи од џебот... Цените се тие.... “

Од пазарен за Канал 5 велат инспекторите се постојано на терен и се анализираат цените на храната, и иако имаат забележано поскапувања кај јајцата, кое пред се велат се должи на високите цени на храната за животните, одредени млечни и месни производи кои се главно од увоз - според пазарните инспектори засега цените се стабилни....

Од владата последно посочија дека во моментов се анализираат сите аспекти, но мерки засега не се во игра.

„Лани од 15 декември па се до 15 јанари годинава за време на новогодишните празници – на сила беше така наречената новогодишна кошничка – тогаш граѓаните имаа можност да купат над 1000 производи кои се продаваа со најмалку 10 отсто пониски цени. Оваа година Владата не планира никакви мерки, оттаму посочија дека ако се интервенира на било каков начин кај цените на храната тоа ќе се прелее во следните месеци..“

Инаку статистика во месец ноември измери инфлација од 4 %. Според последната пресметка на ССМ на едно четиричлено семејство само за основните месечни трошоци му се потребни нешто над 65 илјади денари.

В понеделник, пак, на седницата на Економско социјалниот совет треба да се донесе новата владина просечна потрошувачка кошничка, која според најави ќе се пресметува од 1 јануари следната година и ќе треба да биде вистински показател за месечните трошоци на семејствата...Една од темите на ЕСС се очекува да биде и минималната плата...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029

Минхен и Барселона ќе бидат домаќини на финалните натпревари во Лигата на шампионите во 2028 и 2029 година, објави УЕФА на своите официјални канали.

УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029

Истовремено, финалните натпревари во Лигата на Европа во овие сезони ќе се играат во Букурешт и Белград.

Белград ќе биде домаќин на финалето во Лига Европа, на новиот стадион во Сурчин кој треба да биде изграден во 2027 години

Финалето во 2028 година од најважното европско клупско натпреварување ќе се игра на стадионот на Баерн во Минхен, кој во соопштението на УЕФА е именуван како „Фудбалска арена Минхен“.

Една година подоцна, домаќин ќе биде „Камп Ноу“, стадионот на Барселона.

УЕФА ја објави веста придружена со фотографии од двата стадиона и порака во која се истакнуваат овие два култни фудбалски објекти, повикувајќи ги навивачите да изберат кое финале би сакале да го гледаат.

Белград го очекува финалето на Лигата на Европа, Националната арена во Букурешт ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа за сезоната 2027/28.

За сезоната, 2028/29, како домаќин е наведен Националниот стадион во Белград, кој моментално е во фаза на изградба. Тоа значи дека во 2029 година во Барселона и Белград ќе се одржат две големи европски клупски финалиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своите

Поминаа 18 месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која згаснаа 63 млади животи, а 193 лица беа повредени.

СДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своите

Правдата за Кочани се топи пред очите на јавноста.

Заробеното судство кое е под целосна контрола на Мицкоски ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговори и без правда.

Повеќе од две години власта на Мицкоски ги контролира полицијата, обвинителството и судството.

Диктира задачи на обвинители и судии преку телефон, од собраниска говорница, преку телевизија. Дискредитира и навредува обвинители јавно. Поставува свои советници за судии, сопруга на ексградоначалник на ВМРО во Судскиот совет, обвинителка поврзана со Сашо Мијалков.

И каков е резултатот?

Наместо брза и неселективна одговорност, гледаме одолжување на постапките и ослободување на лица поврзани со случајот.

Сега и „Газда Деко“ е пред слобода.

Мицкоски тврдеше дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во „Пулс“ е поврзано со ВМРО.

Како и за сè друго што им ветил на граѓаните – излажа.

Ниту се повлече, ниту понесе одговорност, ниту обезбеди правда.

Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот јавен обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите повторно гледаат како институциите ја погребуваат правдата.

Ова веќе не е изолиран случај. Ова е систем.

Го ослободуваат Груевски. Го ослободуваат Латас.

Враќаат имот стекнат со криминал на ВМРО-ОКГ.

Телохранители на Мицкоски кои тепаат жени се спасуваат од одговорност.

Нема одговорност за петте тони дрога пренесени преку граница.

Нема одговорност за криминалните тендери вредни 200 милиони евра.

Нема одговорност за водата во Гостивар, за загадените реки.

Нема одговорност за тепањето млади во Ново Село.

Така изгледа „правдата“ на Мицкоски – заштита за моќните и неправда за жртвите.

СДСМ стои со семејствата на загинатите и со повредените во трагедијата во Кочани.

Бараме целосна, неселективна и вистинска одговорност за секој што дозволил, овозможил или прикривал незаконско работење во „Пулс“.

Никој не смее да биде заштитен поради партиска книшка, функција или блискост со криминалната банда на власт.

Правдата за Кочани не смее да се разводни.

Правдата за Кочани не смее да се одложува.

Правдата за Кочани не смее да истече.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руси испукаа сигнални ракети кон дански воен хеликоптер: „Сериозен инцидент“

Руска фрегата испука две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер во меѓународни води.

Руси испукаа сигнални ракети кон дански воен хеликоптер: „Сериозен инцидент“

Инцидентот, кој се случи јужно од данскиот град Гедсер, беше потврден од Данската команда за одбрана, како што објави локалниот медиум TV2 на 15 септември, пренесува NV.

Сигналната ракета поминала многу блиску до хеликоптерот

Настанот се случил на 14 септември во меѓународен воздушен простор. Хеликоптер „AS-550 Fennec“ на Кралските дански воздухопловни сили бил на рутинска мисија за воздушно извидување и фотографирање на руски воен брод што пловел во меѓународни води. Рускиот брод потоа испукал две пиротехнички сигнални ракети директно кон леталото.

Според данските воени власти, еден од проектилите поминал многу блиску до хеликоптерот. Меѓу екипажот немало повредени, а хеликоптерот не претрпел никакви оштетувања.

„Сериозен инцидент“

Данскиот министер за одбрана Јепе Брус ја осуди провокацијата и најави дека Министерството за надворешни работи ќе го повика рускиот амбасадор на официјална дипломатска средба.

„Ова е сериозен инцидент и Данска го сфаќа крајно сериозно“, изјави Брус. „Колку што знам, ова е првпат да се соочиме со инцидент од ваква природа. Тоа јасно покажува дека Русите се подготвени да преземаат сè поголеми ризици. Ова е сериозен настан и токму затоа го повикуваме рускиот амбасадор“, додаде тој. Овој инцидент се случува кратко откако Емил Грешолм, шеф на контраразузнавањето во Данската служба за безбедност и разузнавање (PET), на 3 септември објави дека данските агенти откриле конкретни планови на руското разузнавање. Според него, Русите подготвувале саботажа на капацитетите на данската воена индустрија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер