Скандал во ВИП ложа на стадион- и екс претседателот на клубот учествува во тепачката (ВИДЕО) - Канал 5

Скандал во ВИП ложа на стадион- и екс претседателот на клубот учествува во тепачката (ВИДЕО)

Напнатиот натпревар помеѓу Еспањол и Бетис, кој се одигра на 5 октомври, донесе многу повеќе од фудбал.

Скандал во ВИП ложа на стадион- и екс претседателот на клубот учествува во тепачката (ВИДЕО)

Тимот од Севиља оствари важна победа на гости со 2:1, што е нивен трет триумф по ред и потврда за нивната одлична форма. Сепак, она што се случи по последниот свиреж фрли сенка врз играта.

Еспањол имаше шанса да избегне пораз во 13-тата минута од судиското продолжение, кога им беше досуден пенал. Сепак, домашниот играч не успеа да ја искористи можноста, топката заврши покрај голот, а разочарувањето се прошири низ целиот стадион. Во тој момент, емоциите ги преплавија и трибините.

Веднаш по натпреварот, избувна физички конфликт помеѓу навивачите и клупските службеници во една од ВИП ложите. Видеата што набрзо се појавија на социјалните мрежи покажуваат хаотична сцена, а меѓу учесниците во тепачката беше и поранешниот претседател на Еспањол, Жоан Колет. Полицијата и обезбедувањето брзо реагираа и ја смирија ситуацијата.

Со оваа победа, Бетис стигна до 15 бода и ја зацврсти својата позиција на четвртото место во Ла Лига, додека Еспањол остана на деветтото место со 12.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?

Шефот на ВМРО-ОКГ повторно излезе пред камери и ја вклучи машината за бајки.

СДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?

Овој пат пензиите му пораснале „16 пати“ повеќе отколку во времето на СДСМ, а граѓаните наводно живееле подобро отколку пред три години.

16 пати. Не процент. Пати.

Како да зборува за казино, не за држава. А со оглед дека Државната лотарија веќе му е приватна каса, речникот му е логичен.

Оттаму излегоа 5,5 милиони евра за прослава на независноста и концерт на Дејвид Гета, откако истиот човек претходно рече „нула денари“.

Нема провизии од Лотарија, вели. Ги нема затоа што повеќе не се кријат. Сега се викаат спонзорство, дивиденда и патриотизам.

Македонија кај него е економски тигар. Само народот тоа уште не го видел на сметката.

Затоа арамијата Мицкоски не го мери животот на граѓаните со паричник и фрижидер. Го мери со табла, како Вучиќ: црта стрелки нагоре, додека дома сметките одат нaгоре.

Веќе сме „меѓу првите“ во туризам и авиосообраќај, „трети“ по економија во Европа.

Тоа го нема во животот на граѓанинот. Тоа го има само на неговата табла.

Едно прво место не го кажува: први сме по срам поради него и по најниска плата во Европа - повторно поради него.

Реалната состојба е сосема спротивна од бајките на Мицкоски.

Во касата нема пари за достоинствени пензии, па се задолжуваат од недела на недела.

Парите се топат во криминални тендери и во спектакли. Дупката во ПИОМ зема замав. Вториот столб повеќе не е сигурност на работникот, туку резерва од која ВМРО-ОКГ сака да се нахрани - да ги одземе заштедите на граѓаните и да ги претвори во крпење на сопствениот дефицит.

Со пензиите си играат, а најранливите ги држат во страв. Класична десничарска банда: крупниот капитал се штити, сиромаштијата се украсува со бројки.

Ова не е економија. Ова е пропаганда на организирана криминална група која државата ја води како сопствен штанд, статистиката како рекламен постер, а Лотаријата како благајна за журки.

Пензионерот не живее во кабинетот на арамијата Мицкоски. Пензионерот живее во продавница, во аптека, на сметка за струја и во редици пред шалтер. А таму нема 16 пати ништо - освен повисоки цени. Таму има поскап живот и евтина лага.

Ако навистина се живее подобро, зошто шефот на бандата мора секој втор ден да го објаснува тоа со калкулатор и фломастер?

Луѓето што јадат не им треба предавање. Им треба намалување на цените, не бајка за пензии и диџеи платени од народна каса.

ВМРО-ОКГ го прави класичниот трик: укради го буџетот, укради ја Лотаријата, потоа укради ја и бројката.

Земи ја пензијата како ПР-алатка. Фрли ја вината на СДСМ. Прогласи победа. И барај аплауз затоа што граѓанинот добил парче од тоа што претходно му го зеле.

Нема 16 пати поголем раст. Има 16 пати поголем цинизам.

Нема подобар живот од пред три години. Има само режија на лагата.

Нема трета економија во Европа. Има прва банда на власт.

СДСМ нема да се расправа со бајките на Мицкоски, ќе ја расчисти маглата, затоа што граѓаните ја знаат вистината.

Граѓаните не гладуваат затоа што немале консултант.

Гладуваат затоа што ВМРО-ОКГ ја претвори државата во плен, Лотаријата во касичка, а премиерот во раскажувач на бајки.

Кога арамијата вели дека тече мед и млеко, проверете му ги џебовите. Медот е кај него. Сметката е кај народот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

13 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 13 лица поради „безобѕирно управување со возило“.

13 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие

Од нив, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, и тоа од Велес, Скопје и Прилеп.

Двајца возачи, од Куманово и Скопје, управувале возило под дејство на алкохол.

При преземање на мерки и активности, кај возач од Скопје кој управувал возило без возачка дозвола, било констатирано дека на патничкото моторно возило предната регистарска таблица не припаѓала на возилото.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесните возачи и спречување на однесувања со кои се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поседувањето важечка возачка дозвола и управувањето со возило во трезна состојба се основа за безбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повлекува црвена линија: „Не сум добрa за сите годишни времиња“

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги отфрли шпекулациите дека би можела да формира сојузи со политички сили кои се противат на воената помош за Украина.

Мелони повлекува црвена линија: „Не сум добрa за сите годишни времиња“

Во интервју за италијанскиот весник „Ил Фодлио“, Мелони рече дека не е подготвена да се откаже од своите верувања за политичка или изборна корист.

„Џорџија Мелони сигурно не е подготвена да го стори спротивното од она што го направила или во што верува, заради политичка или изборна пресметка“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали поставила јасни црвени линии за приклучување кон коалиција.

Нејзините зборови се предупредување до Роберто Ваначи, поранешен генерал кој стана екстремно десничарски политичар и отворен критичар на Европската Унија и воената помош за Украина.

„Кој бара премиер кој се предомислува во зависност од тоа која партија го поддржува, секогаш и исклучиво за лична корист, треба да бара некој друг. Јас сум сериозна личност и не сум добра за сите годишни времиња“, рече Мелони.

Мелони ќе се соочи со гласачите на изборите следната година, откако штотуку стана премиер со најдолг мандат во италијанската историја. „За мене, во текот на овие години, од изборна гледна точка, ќе беше покорисно да не ја поддржувам Украина отколку да ја поддржувам неа. Не ја поддржував Украина за Киев, туку за Рим“, нагласи италијанската премиерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер