ФудбалМасовна тепачка на изборното собрание на Бенфика (ВИДЕО)Изборното собрание на фудбалскиот клуб Бенфика денеска беше прекинато поради физички конфликт што се случи меѓу членовите на собранието на клубот од Лисабон.За денеска беа закажани две собранија на Бенфика, првото каде што се анализираше финансиската состојба од минатата сезона, а второто каде што требаше да се дискутира за изборните прописи. Првото собрание беше завршено, но страстите се разгореа за време на второто собрание кога на главната сцена почнаа да се појавуваат потенцијални кандидати за нов претседател. Речиси сите кандидати кои дојдоа да зборуваат за својата програма жестоко истовремено го нападнаа сегашниот претседател на клубот Руи Коста, некогаш легендарен португалски репрезентативец. Руи Коста е претседател на Бенфика од 2021 година, но неговата позиција е сè понеизвесна, пред сè поради лошите резултати во последните години. Во последните пет сезони, Бенфика само еднаш беше шампион на португалската Примеира Лига. Руи Коста ја изгуби и довербата на навивачите. Конфликт за време на говорот За време на говорот на Луис Филипе Виеира, дојде до физичка пресметка меѓу неколку присутни лица во салата, по што собранието беше прекинато. Изборот на новиот претседател треба да се одржи на 25 октомври. Imagens tristes na AG. pic.twitter.com/HfN6Njicz2 — PLUS Benfica (@plusbenfica) September 27, 2025 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМладите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов ЗеландПратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
СветПриведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругатаЖак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар 64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30