Скандал во САД: Познат спортисти е брутално уапсен на улица пред почеток на натреварот (ВИДЕО) - Канал 5

Скандал во САД: Познат спортисти е брутално уапсен на улица пред почеток на натреварот (ВИДЕО)

Еден од најголемите ѕвезди на американскиот фудбал, Тајрик Хил од тимот на Мајами Делфинс, денеска е приведен во близина на „Хард рок стадионот“ на само неколку часа пред првиот натпревар сезонава.

Скандал во САД: Познат спортисти е брутално уапсен на улица пред почеток на натреварот (ВИДЕО)

Полицајците го принудиле Хил да гледа во земја и му ги ставиле рацете зад грб, за да му стават лисици.

Според ESPN, причината за апсењето било несовесно возење, но Тајрик Хил сепак подоцна бил ослободен.

Инаку, приведувањето се случило на само еден блок од самиот стадион, се вели во соопштението на Мајами Делфинс. Неколку соиграчи на Хил исто така го виделе инцидентот и им пријдоа на полицајците за да ја објаснат ситуацијата.

И покрај тоа што го помина денеска, се очекува Хил да биде на теренот против Џексонвил.

Агентот на американскиот играч, Дру Розенхаус, изјави за ESPN дека ситуацијата е „срцепарателна“ и е „тотално непотребна“ и дека сака да се погрижи неговиот клиент да не биде повреден на кој било начин во случајот.

- Ќе истражиме сѐ детално. Ќе се грижиме за Тајрик - истакна Дру Розенхаус, кој им се заблагодари на остатокот од тимот што помогнаа да се смири ситуацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швајцарија на референдум: Се гласа за план за ограничување на населението на 10 милиони

Швајцарија денес ќе бара на референдум одговор на прашањето – може ли една држава да постави фиксна граница на бројот на жители?

Швајцарија на референдум: Се гласа за план за ограничување на населението на 10 милиони

Гласачите ќе излезат на гласачките места за да одлучат за предлогот населението да се ограничи на 10 милиони жители. Овој потег го поддржа десничарската швајцарска народна партија, која го опишува како „иницијатива за одржливост“ насочена кон намалување на притисокот врз домувањето, јавните услуги и животната средина. Швајцарската влада, сите други поголеми партии, деловните лидери и синдикатите го нарекоа предлогот „иницијатива за хаос“, тврдејќи дека ќе ги лиши болниците и хотелите од многу потребниот кадар. Швајцарија инаку има над 9 милиони жители, од кои дури 27% се странци

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расчистен случајот со оштетување канделабра во парк на подрачје на општина Карпош

На 12.06.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Карпош е извршен разговор со 48-годишник од Скопје.

Расчистен случајот со оштетување канделабра во парк на подрачје на општина Карпош

Имено, по преземени мерки и постапување по пријава од општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје - Полициска станица Карпош дојдоа до сознание дека на 11.06.2026 во 21:30 часот на ул."Волгоградска", во близина на фитнес игралиштето, неговиот 13-годишен син оштетил и откорнал канделабра за улично осветлување.

По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден

Денес во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден.

Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден

За време на настанот предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер