Скандал во Полска: Изчезнати противтенковски мини биле најдени во Икеа, сменет е генерал - Канал 5

Скандал во Полска: Изчезнати противтенковски мини биле најдени во Икеа, сменет е генерал

Полскиот министер за одбрана го разреши високиот генерал одговорен за загубата на противтенковски мини кои на крајот биле пронајдени во магацин на Икеа, објави полскиот медиум Онет, како што пренесе Политико.

Скандал во Полска: Изчезнати противтенковски мини биле најдени во Икеа, сменет е генерал

„Би сакале да ве информираме дека на 9 јануари 2025 година, со одлука на министерот за одбрана, началникот на Инспекторатот за поддршка, генерал-мајор Артур Кепчински, е разрешен од должноста“, соопшти полското Министерство за одбрана на Х.

Работата на Кепчински како шеф на инспекторатот за поддршка беше, меѓу другото, управување со системот за логистичка поддршка. Во официјалното соопштение не се наведуваат причините за отказот, но локалните медиуми тоа го поврзуваат со исчезнувањето на противтенковски мини во јуни 2024 година, кои Кепчински наводно ги сокрил од своите претпоставени.

Според извештаите, војниците не успеале да растовараат дел од возот, кој превезувал вкупно над 1.000 тони експлозив, а противтенковските мини продолжиле да кружат околу земјата пред да исчезнат. Официјалните документи содржат лажни податоци за бројот на мини, јавуваат медиумите.

Официјалните лица очигледно станале свесни за проблемот кога биле пронајдени мини во магацин на Икеа, а потоа некој се јавил во војската за да ги праша „кога ќе ги подигнат мините“. Истрагата за овој случај е отворена минатата година и се уште трае, соопшти денеска обвинителството.

Разрешениот генерал Кепчински не одговорил на прашањата на Политико.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер