Скандал во Белгија: Инспектори утврдиле сериозни пропусти во центрите за плодност - Канал 5

Скандал во Белгија: Инспектори утврдиле сериозни пропусти во центрите за плодност

Користење на сперма од исклучен донатор, замена на јајце клетки и непочитување на лимитот за оплодување од едно лице.

Скандал во Белгија: Инспектори утврдиле сериозни пропусти во центрите за плодност

Користење на сперма од исклучен донатор, замена на јајце клетки и непочитување на лимитот за оплодување од едно лице, се само некои од сериозните пропусти наведени во извештаите на инспекциските служби при контрола на центрите за плодност во Белгија.

Извештаите се однесуваат на инспекции спроведени од белгиската Федералната агенција за здравство, благосостојба и спорт помеѓу 2019 и 2025 година во 46-те белгиски центри за плодност. Белгиските медиуми наведуваат дека наодите во извештаите укажуваат дека проблеми во овие центри се многу поголеми отколку што тоа се мислело досега.

При овие контроли е утврдено дека во 2023 година во еден центар за плодност жена била оплодена со сперма што требало да биде повлечена од употреба, затоа што кај дете зачнато со сперма од истиот донатор била дијагностицирана генетско модификација што ги зголемува ризикот од појава на рак, која се наследува од таткото.

По утврдувањето на оваа генетска аномалија овој донатор бил ставен во категоријата „неподобен“, што значи дека неговата сперма повеќе не може да се користи, но сепак со неа била оплодена жена, која веќе родила дете. Засега нема информации дали истата генетска модификација ја има и кај ова дете.

Контролите утврдиле дека со сперма од овој донатор биле оплодени пет жени.

По откривањето на овој пропуст, инспекторите предложиле да му биде одземена лиценцата за работа на центарот и случајот го доставиле до Јавното обвинителство.

Сепак, Обвинителството ја отфрлило пријавата и не покренало постапка, откако вработените во центарот изјавиле дека „не биле свесни дека донаторот е исклучен“. Дополнително, центарот ја задржал лиценцата, затоа што било утврдено дека „ги имплементирал сите дадени препораки“ при контролата.

Инспекторите откриле и дека во два центри за плодност имало случаи на замена на јајце клетки меѓу различни жени.

Во извештајот се наведува дека „еден центар самиот утврдил дека ембрион бил вбризган во погрешна пациентка поради човечка грешка“.

- Сличен инцидент со замена на ембриони бил утврден и во друг центар, посочи Агенцијата.

Овие замени на јајце клетките се случиле во 2022 и во 2024 година, но нема информации дали оплодените жени ги родиле децата.

Утврден е и случај дека сперма од еден донатор од Данска била користена за оплодување на над 50 жени во Белгија и покрај законскиот лимит од максимум шест жени. Дополнително е утврдено дека генетиката на овој донатор носи зголемен ризик од појава на рак.

Инспекторите откриле и дека во еден центар на епруветата со сперма „по грешка“ било запишано името на друга жена, наместо онаа за која било предвидено тоа оплодување. Грешката ја увидел лабораториски техничар и таа сперма не била искористена за инсеминација.

Овој случај инспекторите во извештајот го оквалификувале како „погрешна идентификација“ и „сериозен несакан настан“.

Контролите утврдила дека пумпите на пипетите за сперма не се стерилизираат по секоја употреба, што „претставува потенцијален ризик од вкрстена контаминација и мешање на примероците“.

Инспекторите откриле и случај на „фалсификување“, со тоа што доктор во документите наведувал дека пациентки биле оплодувани во болница, иако всушност постапката се одвивала во неговата приватна ординација.

Ваквото „фалсификување“ се должи на фактот што вештачко оплодување може да се врши само во акредитирана болница за тоа, а спроведувањето на ваквата постапка во неакредитирани и приватни ординации е противзаконско. За прекршување на оваа одредба предвидена е казна затвор „од осум дена до шест месеци“.

И за овој случај инспекторите го известиле Јавното обвинителство, но Агенцијата нема информации дали е покрената постапка против докторот.

Во извештаите се наведени и утврдени „измамнички практики од страна на специјалисти за плодност“ за кои се покренати постапки од страна на Обвинителството и кои, според сознанијата на Агенцијата, се уште траат. Во интерес на истрагата детали за овие откриени „измамнички практики“ не се обелоденети.

Според законодавството, Агенцијата што ги спроведува овие инспекции може само времено да ги затвори медицинските установи или да им ја одземе лиценцата за работа, но не може да изрекува други санкции за одговорните за сторените прекршоци.

Дополнително, Агенцијата посочува и дека има недостиг на персонал за „темелна инспекција на центрите за плодност“, поради што врши помалку контроли од законски пропишаните, како и дека тие понекогаш траат со години.

Коментирајќи ги наводите во извештаите, белгискиот вицепремиер и министер за здравство и социјална политика Франк Ванденбруке изјави дека тие не даваат убава слика за работењето на центрите за плодност во Белгија.

- Извештаите покажуваат дека центрите биле невнимателни. Ова е навистина неприфатливо. Идните родители од странство доаѓаат во Белгија токму поради квалитетот на нашата грижа. Но, сега е време центрите за плодност да се погледнат во огледало, изјави Ванденбруке.

Во однос на поплаките на Агенцијата за недостиг на персонал, министерот изјави дека сака да издвои дополнителни средства за ангажирање на дополнителни инспектори, но дека тоа е дел од „сложените преговори“ за федералниот буџет кои се во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сѐ е подготвено за единствен експеримент- шкотски и јапонски научници ќе прават виски во вселената

Вискито ќе помине низ процес на созревање во вселената за прв пат во експеримент кој исто така ќе мери како се прави пијалокот во средина надвор од Земјината атмосфера, објавува „Скај њуз“.

Сѐ е подготвено за единствен експеримент- шкотски и јапонски научници ќе прават виски во вселената

Инженери од Шкотска и Јапонија планираат да лансираат ракета во 2028 година за да испратат сателит во орбитата околу Земјата со примероци од алкохол и неговите клучни состојки како дел од петгодишна мисија.

Експертите се надеваат дека честите промени помеѓу екстремната топлина и студ на кои ќе биде изложено вискито додека орбитира околу планетата на секои 90 минути би можеле да го забрзаат процесот на созревање. Ова потенцијално би можело да ја отвори вратата за идното производство на виски во вселената, за кое научникот што го води проектот очекува дека ќе има многу препознатлива арома поради неговото необично патување.

Иако таквото виски би имало астрономска цена поради трошоците за лансирање и враќање на Земјата, веќе е познато дека страсните колекционери плаќаат стотици илјади долари за некои од најретките шишиња.

Жил Баје од Универзитетот во Глазгов изјави дека неколку студенти патувале од Шкотска во Јапонија за да помогнат во заедничкиот дизајн на таканаречен сателит „cubesat“, кој ќе содржи мали примероци од виски и состојки. Се очекува истражувањето да даде увид и во тоа како функционираат орбиталните фабрики, што би можело да овозможи развој на молекули за лекови кои тешко се произведуваат на Земјата.

Тековниот план за експериментот е сателитот да се лансира во 2028 година како дел од мисијата за снабдување на SpaceX на Меѓународната вселенска станица, по што би бил пуштен во орбитата од јапонскиот модул на станицата.

Научното знаење за процесот на „дишење“ на вискито за време на созревањето во дрвени буриња е сè уште ограничено, рече Баје, но овие циклуси би можеле да се случат многу побрзо во вселената, каде што температурите можат брзо да варираат од минус 150 до плус 200 степени.

Алкохолот во минијатурниот сателит ќе се следи за време на неговиот престој во вселената, а податоците за неговата боја и хемиски состав ќе бидат испратени до научниците на Земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марта Кос: Молдавија добива 157 милиони евра

Еврокомесарката за проширување Марта Кос објави дека Европската Унија денеска, на Десеттиот совет за пристапување на Молдавија во Европската Унија, издвоила 157 милиони евра за помош на Молдавија во согласност со Планот за раст.

Марта Кос: Молдавија добива 157 милиони евра

„Ова е поддршка за патишта, училишта и создавање повеќе работни места за да можат Молдавците да изградат подобра иднина дома“, изјави Кос на мрежата X.

Таа нагласи дека Молдавија се движи кон членство во ЕУ со силна решителност, поддржана од конкретно спроведување на реформите.

„Понатамошното спроведување на реформите ќе донесе поголема поддршка од Европската Унија и ќе ја доближи Молдавија уште повеќе до членството“, додаде Кос.

Таа оцени дека Молдавија веќе постигнува силен напредок и заклучи дека сега треба да го одржи тоа темпо.

По повод Советот за пристапување на Молдавија во ЕУ, високата претставничка и потпретседателка на Унијата Каја Калас, премиерот на Молдавија Василе Тофан и комесарката Кос денес одржаа заедничка прес-конференција, на која беше оценето дека односите меѓу ЕУ и Молдавија никогаш не биле поблиски, според веб-страницата на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Зголемена поддршката за зелена нафта, доделувањето на картичките започнува оваа недела

Во текот на неделата ќе започне распредлебата на првите картички за зелена нафта за земјоделците, најави министерот за земјоделство Борче Серафимовски.

Серафимовски: Зголемена поддршката за зелена нафта, доделувањето на картичките започнува оваа недела

Идната недела ќе започне поделабата на картичките за зелена нафта во пресрет на почеткото на подготовките на нивите за новата есенска сеидба. Распределбата на овие картички доаѓа токму во период кога најмногу им е потребна помошта во нафта која со зголемувањето на цените заради војната на Блискиот исток почна да ги загрижува земјдоелците бидејќи драстично влијае на згоелемувањето на трошоците кои ги имаат при производството.

-Во пресрет на есенската обработка и подготовката на нивите, во текот на оваа недела започнуваме со доделување на првите картички за зелена нафта. За оваа мерка обезбедивме 584 милиони денари. Поддршката ја зголемивме за 12,3 проценти, со што директно го намалуваме трошокот за гориво во период кога земјоделците повторно влегуваат на нивите, рече министерот Серафимовски.

Покрај за поделбата на картичките зе зелена нафта министерто истакна дека во следниот период приоритет на МЗШВ ќе биде и исплатата на финансиската поддршка од два денари за килограм јаболко од бербата во 2024 година, за што се предвидени околу 2,5 милиони евра. За цената од 4 денари за индустриското јаболко тој рече дека нема ингеренции министерството околу формирањет на цената деодека за Октупната цена на оризовата арпа чија жетва почнува истакна дека се во финална фаза преговорите и дека цената би била во рамките на барањата на оризопроизводителите. Откупот на земјоделски производи го следи инспекторатот кој досега има напишано 17 казни за неправилности кај откупуваите

Тонско Ивица Ангеловски директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Според Министерто Серафимовски откупот на виснко грозје е во завршна фаза и досега се откупени околу 80 милиони килограми виснко грозје а кај црвената пиперка ајварка во тек е откупот во пелагонсикиот регион каде откупната цена е зголемена на 25 денари за килограм.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер