Скандал во албанското МВР: 520 вработени земале плата, а со години не оделе на работа - Канал 5

Скандал во албанското МВР: 520 вработени земале плата, а со години не оделе на работа

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа.

Скандал во албанското МВР: 520 вработени земале плата, а со години не оделе на работа

- Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Скандалот бил откриен откако вршителот на должноста генерален директор на полицијата, Сокол Бижга, го суспендирал Улијан Шпатараку, ИТ асистент во директоратот, бидејќи примал плата и воопшто не се појавувал на работа, со изговор дека продолжувал со „магистерски“ студии, кога се знае дека ова ниво на студии се спроведува надвор од официјалното работно време.

- Вкупно, на платниот список на Министерството за внатрешни работи и на секое ниво на државната полиција низ земјата има 520 фиктивно вработени, кои се „препознаваат“ само по банкоматот каде што одат за да ги подигнат своите плати.

Нивното непојавување на работа е познат и повторуван проблем од страна на раководителите на структурите, но ниту еден министер или генерален директор во последните 13 години не побарал нивно отстранување од платниот список. Следствено, не е спроведена никаква истрага против шефовите кои ја дозволуваат оваа измама и кражба.

Според внатрешните прописи на Министерството за внатрешни работи и Државната полиција, секој вработен мора секој ден да се евидентира во посебна книга за присуство на работа или мора однапред да изјави кога и каде е на должност надвор од институцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари

Славески вели „сè е во ред“  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари

Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка.

Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари.

Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари.

Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија?

Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат.

Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка?

Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави.

Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите?

Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка.

Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократите со предност на среднорочните избори во САД, Трамп пред изборен тест

Американските гласачи денеска излегуваат на среднорочни избори, на кои ќе се оценуваат првите две години од вториот мандат на Доналд Трамп.

Демократите со предност на среднорочните избори во САД, Трамп пред изборен тест

Анкетите им даваат предност на демократите за освојување на Претставничкиот дом.,Додека битката за контрола врз Сенатот останува неизвесна.Се гласа за 435 места во Претставничкиот дом и за 35 сенатори.

Проценките се дека незадоволството од високите цени и трошоците за живот му штетат на Трамп,а дополнителен притисок создаваат царинската политика и војната со Иран.

Трамп водеше интензивна кампања и одржа повеќе од 20 предизборни митинзи.Тој ги обвини демократските кандидати дека се радикални и опасни.

Демократите се надеваат дека ќе освојат мнозинство во двата дома на конгресот. Тоа би им овозможило да отвораат истраги и да ги блокираат неговите именувања.. Секако резултатите ќе покажат колкава е поддршката за трамп и неговата политика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

30-дневен притвор за 20-годишникот што повреди малолетник во тепачката меѓу навивачите на МЗТ и Работнички

Кривичниот суд му биде одреди 30-дневен притвор на 20-годишник кој е осомничен дека во саботата, за време на тепачката помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје  и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ повредил малолетник.

30-дневен притвор за 20-годишникот што повреди малолетник во тепачката меѓу навивачите на МЗТ и Работнички

Кривичниот суд му биде одреди 30-дневен притвор на 20-годишник кој е осомничен дека во саботата, за време на тепачката помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ повредил малолетник од спротивниот табор.

Според информациите на Обвинителството, за време на конфликтот осомничениот 20-годишник му задал удар во глава на дете од спротивниот табор, кое се онесвестило и паднало на земја. Малолетникот бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Против осомничениот е поведена постапка за кривично дело насилство и му е одреден притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоци, како и да го повтори делото.Тепачката помеѓу навивачките групи на кошаркарските клубови мзт и работнички се случи во саботата околу 19 часот пред спортската сала „Јане Сандански“ во скопски Аеродром.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер