Скандал на векот ја тресе Барселона: Се чека одлуката на УЕФА за исфрлање од натпреварите - Канал 5

Скандал на векот ја тресе Барселона: Се чека одлуката на УЕФА за исфрлање од натпреварите

„Скандалот на векот“, како што го нарекуваат тамошните медиуми, ја тресе Шпанија.

Скандал на векот ја тресе Барселона: Се чека одлуката на УЕФА за исфрлање од натпреварите

Обвинителството во Барселона поднесе обвинение за корупција против ФК Барселона и нејзините поранешни претседатели Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росело. Тие се обвинети дека платиле вкупно 8,4 милиони евра на Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешниот потпретседател на шпанската судиска комисија и неговата компанија од 2001 до 2018 година. За возврат, Негреира им делегирал судии кои ѝ одговараат на Барселона и гарантираше дека тие ќе судат за нив.

На првото судско рочиште вчера во Барселона, државното обвинителство го обвини истоимениот клуб за „корупција, фалсификување службени документи и нарушување на довербата“. Обвинителите рекоа: „ФК Барселона склучи и одржуваше строго доверлив вербален договор со Хозе Марија Енрикез Негреира дека, во својство на потпретседател на шпанската судиска комисија, дејствувал во замена за пари, така што Барселона имала привилегиран статус со судиите“.

Интересно, иако во периодот кога Барселона е обвинета дека плаќала судии, нејзиниот претседател во првиот мандат (2003-2010) беше и сегашниот Жоан Лапорта, тој не е осомничен за тоа кривично дело. И покрај ова, Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига изјави дека Лапорта мора да поднесе оставка. Единствениот услов под кој може да остане претседател на Барселона, додаде Тебас, е да каже сѐ што знае за поткупот на судиите во одредено време.

Лапорта му кажа дека нема шанси да се повлече, а обвинувањата против Барселона дојдоа три дена откако нејзиниот претседател рече: „Нека биде јасно дека Барселона никогаш не купувала судии и никогаш немала намера да ги поткупи. Апсолутно никогаш“.

Аферата беше откриена минатиот месец од новинарите, поточно од радио станицата Сер Каталуња, која го објави откривањето на даночната администрација по прегледот на деловните книги на компанијата на Негреира, Даснил 95. Во периодот од 2016 до 2018 година, Барселона уплатила вкупно 1,4 милиони евра на нивната сметка.

Таа уплатила вкупно 7 милиони евра на приватната сметка на Негреира во периодот од 2001 до 2018 година, кога тој престанал да ја извршува функцијата втор човек на шпанската судиска организација.

Барселона ги призна уплатите на сметката на компанијата: „Ѝ ги плативме споменатите суми како надворешен технички консултант, за да ни направи видео компилации од настапите на судиите. Тие снимки ги искористивме за да собереме информации за нивниот стил и начин на судење, со цел да се поучат играчите соодветно. Кампањите за ангажман за вакви работни места е вообичаена меѓу професионалните спортски клубови“.

Се чини дека тоа не е баш така бидејќи 18 од 20-те клубови од Ла Лига реагираа со заедничко соопштение во кое ја изразија својата длабока загриженост поради откритието што правела Барселона. Единствениот клуб освен Барселона кој не реагирал е Реал. Лапорта одговори дека Барселона ќе започне внатрешна истрага за исплатите.

Чави, тренерот на Барселона кој во споменатиот период како клучен играч на клубот освоил седум шампионски титули и три купа, изјави дека нема сознанија за уплатите на судиите и дека никогаш не почувствувал дека тие ги фаворизираат. „Како играч, секогаш одев на победа, но фер. Ако само за момент мислев дека мојот клуб мами, ќе си одев дома“.

Сепак, сите шпански медиуми пишуваат дека сериозноста на злоделата за која се обвинува Барселона и тоа што е под обвинение сериозно го загрозува нејзиното играње во Европа следната сезона. Имено, УЕФА и без да чека пресуда може да оцени дека угледот на нејзините натпреварувања сериозно би бил нарушен со самото присуство на клуб обвинет за криминал. Членот 4 од правилата за натпреварување на УЕФА го кажува ова јасно.

Во него се зборува за заштита на вредностите и духот на фудбалот, на што инсистира УЕФА, а ако се забележи дека клубови учествувале во местење натпревари на национално или меѓународно ниво, ги прекршуваат овие правила. УЕФА има право да им забрани на таквите клубови да влезат во европските купови без разлика што се пласирале во нив.

Инаку, УЕФА пред неколку дена побара од Барселона официјално објаснување за ситуацијата, но тогаш аферата беше „само“ под истрага. Фактот што таа беше претворена во обвинение предизвика бурни реакции и во Нион и во Камп Ноу.

Затоа, настапот на Барселона во Лигата на шампионите следната сезона е во сериозна опасност, токму кога под Лапорта се ослободија од огромен дел од долговите кои ја доведоа до работ на банкрот и додека суверено се насочуваат кон шампионската титула, а тие се во одлична ситуација и во Купот на кралот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%

Од 1,6% економски раст во време на СДС и ДУИ, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%.

Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%

Македонската економија расте забрзано.

Најновите податоци покажуваат дека во вториот квартал од 2026 година реалниот економски раст достигна 4,3 проценти.

Ова е важна бројка, но уште поважно е што таа не доаѓа сама и не е резултат на само еден добар квартал.

Кога ја презедовме одговорноста за водење на државата во јуни 2024 година, зад нас остануваше период во кој македонската економија предолго се движеше со недоволно темпо.

Во првиот квартал од 2024 година растот изнесуваше само 1,6 проценти. Денес, две години подоцна, зборуваме за раст од 4,3 проценти.

Тоа е сериозна промена во економската динамика, и тука би сакала да објаснам нешто многу едноставно.

Не е важно само колкав е растот. Важно е од каде доаѓа растот.

А бројките покажуваат дека денешниот раст има широка основа.

Инвестициите во вториот квартал реално растат за 16,5 проценти.

Извозот на стоки и услуги е зголемен за 10,4 проценти.

Градежништвото бележи раст од дури 21,9 проценти.

Раст има и во преработувачката индустрија, во трговијата, транспортот, угостителството и информациско-комуникацискиот сектор.

Тоа значи повеќе економска активност, повеќе работа за компаниите и поголем простор за нови инвестиции и нови работни места.

И има уште еден многу важен податок.

Додека економскиот раст забрзува, инфлацијата се намалува и таа денес е 2,3%.

Почитувани граѓани,

Ние работиме за тоа економскиот раст да се почувствува во семејниот буџет, во платите, во новите работни места, во компаниите и во животниот стандард на граѓаните.

Но за да стигнеме таму, економијата прво мора да расте, а денес таа расте и забрзува.

Затоа ќе продолжиме со поддршка на инвестициите и приватниот сектор, реализација на капиталните проекти и создавање стабилно и предвидливо економско окружување.

Од економија која растеше со 1,6 проценти на почетокот на 2024 година, денес имаме економија со раст од 4,3 проценти.

Тоа е промената и тоа е трендот што мора да продолжи.

И наша обврска е тој раст да го претвориме во подобар животен стандард за македонските граѓани, рече Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

Деловен авион, во кој веројатно се наоѓаа претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, пристигна во Москва, објави руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на воздухопловните власти.

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија.

Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испратил специјални претставници за да преговараат за решение во Украина.

Тој рече дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор.

ТАСС, исто така, објави дека двајцата претставници треба да го посетат и Киев.

Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари, кога разговараа со рускиот претседател Владимир Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер

Во близина на иранскиот остров Харг во Персискиот залив утрово одекнаа експлозии, јави агенцијата Фарс.

Експлозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер

Како што јави Иранската студентска новинска мрежа (SNN), ирански танкер со нафта во близина на островот Харг бил погоден со проектили.

Иранскиот новински канал Хабар Фури објави дека танкерот бил погоден со четири американски проектили и дека во тек е евакуација.

Островот Харг се смета за клучен нафтен терминал и околу 90 отсто од извозот на нафта на Иран се обработува таму.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави на социјалната мрежа Truth social видео генерирана од вештачка интелигенција на која се гледа како американските сили го напаѓаат Харг, со коментар дека островот е „разнесен на парчиња“.

Потоа, генералниот директор на иранската национална нафтена компанија Хамид Бовард изјави дека немало напади и најавите на Трамп ги нарече „смешни“.

Бовард потсети дека во минатото американските и израелските сили постојано го бомбардираа овој остров, од каде потекнуваат 90 отсто од иранскиот извоз на нафта, но и тогаш работните активности не беа прекинати ниту за момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер