Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
2Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
Шоу бизСкандал на МТВ: Цензуриран е настапот на Манескин, поради голата басистка (ВИДЕО)Италијанскиот бенд Манескин настапи на MTV Video Music Awards.Како и обично, членовите на бендот се појавија во провокативни изданија. Дамијано носеше панталони на кои му се покажуваше голата долна страна, додека басистката Викторија де Анџелис носеше маица која покриваше само една брадавица, додека на другата имаше налепница. I WANNA BE YOUR SLAVE is now Best Alternative Video!!!!! Thanks to @MTV and the @vmas + everyone who supported us for this adrenaline rush, we love you ❤️🔥 pic.twitter.com/UiGhnDjknN — MåneskinOfficial (@thisismaneskin) August 28, 2022 Сепак, само неколку секунди по нивниот настап, камерите не го покажуваа бендот на сцената, туку празните седишта и тоа траеше околу 40 секунди. Page Six објави дека МТВ го цензурирала нивниот настап затоа што на Викторија ѝ паднал горниот дел, оставајќи ѝ ги целосно откриени градите. My new obsession? @thisismaneskin's #VMA performance of "Supermodel" !!! pic.twitter.com/cMt3sH7Srg — Video Music Awards (@vmas) August 29, 2022 Викторија отишла до предниот дел на бината додека толпа танчери го опкружувале бендот. Сите скокаа и танцуваа, а нејзиниот горен дел падна околу половината. После тоа само продолжи да свири бас, поради што камерите кружеа околу остатокот од бендот избегнувајќи да ја покажат. CONGRATULATIONS, @taylorswift13!!! 🥳️ "All Too Well" by Taylor Swift is our 2022 #VMA Video of the Year! pic.twitter.com/H7obWaYzej — Video Music Awards (@vmas) August 29, 2022 Откако видеото од настапот од доделувањето беше објавено на официјалниот Јутјуб канал на МТВ, фановите на Манескин ја критикуваа одлуката на телевизијата. „Беа неверојатни, не ми се верува дека успеавме да видиме само мал дел од настапот“, „Организацијата знаеше за облеката и им дозволи да настапат, но кога на Викторија ѝ падна блузата, режисерот доби срцев удар. Ти им го уништи моментот“, „Навистина? Така се справуваш со ситуацијата? Нема стратешко позиционирање на камерата, само сечење и уништување на изведбата“, „МТВ нема проблем да го покаже Демијан без маица, но кога станува збор за Викторија, таа е цензурирано? Таа нема проблем со тоа, секогаш го славела своето тело. МТВ, во која година сме, сериозно?“ се само дел од критиките.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во ГрцијаМинистерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001. Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти. МНРиТТагови: МНРиТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНикол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“Актерката Никол Кидман се осврна на својот брак со Том Круз и нагласи дека врската била сосема природен дел од нејзиниот живот.Иако рано влегла во светот на славата, таа вели дека нејзината врска со една од најголемите ѕвезди на ерата ѝ изгледала нормална, пишува британскиот Вог. Брак на 22 години Кидман објасни дека се чувствува удобно на настани како што се модни ревии и на црвени теписи бидејќи многу рано била потопена во тој свет. „Мора да размислите за кого се омажив толку млада. Бев турната во тој свет на 22 години. Бев навистина млада“, рече таа. За нејзиниот брак со Круз, таа додаде: „Одеднаш, на 23 години, имав сопруг кој беше светски позната филмска ѕвезда. Ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше многу едноставно“. Кариера и љубов Актерката изјави дека многу луѓе биле против нивната врска во тоа време, загрижени за нејзината кариера. „Се сеќавам дека луѓето ми кажуваа како тоа ќе влијае на мојата кариера. Реков дека не ми е гајле бидејќи бев заљубена и сакав да се омажам“, рече таа. Деценија брак и развод Кидман и Круз се запознаа во 1990 година на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Тие беа во брак повеќе од десет години, а официјално се разведоа во август 2001 година. Кидман подоцна зборуваше за овој период во интервју за „Vanity Fair“. „Имав многу време за себе, што беше добро бидејќи бев практично дете кога се омажив. Требаше да пораснам“, рече таа во тоа време. Нов живот и поглед назад Во 2006 година, таа се омажи за пејачот Кит Урбан. Двојката го објави својот развод во 2025 година по 19 години брак, а заедно ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Во претходно интервју за „New York Magazine“, Кидман објасни зошто не сакаше да зборува за нејзиниот брак со Круз. „Секогаш не сакав да зборувам за тоа како се омажив за Том Круз на 22 години. Сега сум во брак со маж кој е моја голема љубов и чувствувам дека тоа би било непочитување кон него“, рече таа, додавајќи дека бракот ја заштитил од негативни искуства во индустријата. „Се омажив од љубов, но тоа што се омажив за исклучително моќен маж ме заштити од сексуално вознемирување. Работев, но во исто време бев многу заштитена, како во кожурец“, заклучи таа. Извор: Индекс.хрТагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотИнспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска негаОд Германија пристигнува една исклучително позитивна и инспиративна приказна за двајца млади Македонци кои докажуваат дека дури и далеку од дома со труд, желба и истрајност, соништата се остваруваат.Кире и Цветанка Коцеви, родени во 2002 година во струмичкото село Ангелци, веќе 7 години живеат и работат во Германија. Иако млади, преку сопствената посветеност и напорна работа, тие успеале да постигнат голем деловен успех: отворање на сопствена служба за амбулантна нега. Нивната компанија обезбедува професионални медицински и хигиенски услуги за пациенти во нивните домови. „ За нас ова е голем успех и убаво е да за ова нешто да дознае јавноста, за да може да мотивираме повеќе народ да не се откажуваат од нивните сонови. Затоа што ние лично сме во туѓа земја ама сепак достигнавме нешто убаво ипозитивно, тоа е добро да се слушне за мекдонскиот народ, а не само негативни вести за Македонија“, порачуваат Кире и ЦветанкаТагови: медицинска нега Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter