СЈО ги гони Камчев, Мијалков, Панделевски во новата истрага „Империја"

Специјалното јавно обвинителство ја извести јавноста дека по спроведена опсежна предистражна постапка денеска е отворена истрага под кодно име „Империја".

Специјалното јавно обвинителство ја извести јавноста дека по спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети што се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои била воспоставена надлежност на ова Јавно обвинителство, денеска е отворена истрага под кодно име „Империја" против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

СЈО со соопштението што предамалку го лиферуваше наведува дека во текот на предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

Во текот на денешниот ден од страна на ова Јавно обвинителство, во соработка со МВР, беа извршени 12 претреси и лишени се од слобода пет осомничени лица, кои во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и за кои ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство.

Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно – правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот, наведува СЈО во соопштението за новата истрага „Империја". /МИА

Во Скопје вчера изречени 125 казни за сообраќајни прекршоци

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера при контрола на сообраќајот во главниот град изрекол 125 санкции.

Како што соопшти МВР, 16 од нив биле за возење без возачка дозвола, седум за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири казни за користење мобилен телефон при возење, три за некористење на сигурносен појас...

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции...

Тринаесеттото издание на дводневниот Самит Македонија 2025 денеска ќе биде заокружено со панели за справување со корупцијата, за стратегии за привлекување странски инвестиции и за градење прилагодливи синџири за снабдување.....

Тринаесеттото издание на дводневниот Самит Македонија 2025 денеска ќе биде заокружено со панели за справување со корупцијата, за стратегии за привлекување странски инвестиции и за градење прилагодливи синџири за снабдување, за искористување на дигиталните здравствени иновации за подобри медицински услуги во регионот....

Активностите почнуваат со обраќање на амбасадорката на САД во државава Анџела Агелер, по што ќе почне првиот панел насловен „Чувари на интегритетот: Справување со владината корупција за просперитетна иднина“.

Во рамки на Самитот на Македонија2025, Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ денеска ќе потпише меморандум за соработка со партнерите кои го поддржуваат Центарот: МАКЕДОНИЈА 2025, Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), Виза Југоисточна Европа и Клириншка куќа-Клириншки интербанкарски системи АД Скопје.

Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ е новоформирана фондација која ќе работи на креирање екосистем за дигитална трансформација на македонските микро, мали и средни претпријатиј .

Од организацијата Македонија 2025 на отворањето на Самитот вчера порачаа дека е потребна интензивна и темелна акција во наредниот период со вклучување на сите реурси со оглед на бавниот напредок и заостанувањето на државава на повеќето меѓународни рангирања и извештаи. Истакнаа дека дијаспората подава рака и оти треба да се фокусираме на дигитализацијата, борбата против корупцијата, подобра регулатива и стабилни институции.

Самитот е регионална платформа за размена на искуства, зајакнување на соработката и вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората.

Видео: Јувентус ја победи Аталанта во финалето на Купот на Италија

Јувентус синоќа на „Олимпико“ во Рим ја совлада Аталанта со 1:0 и го освои Купот на Италија.

Стрелец на единствениот гол беше Душан Влаховиќ во 4. минута по асистенцијата на Андреа Камбиасо.

Јувентус го освои Купот на Италија по рекорден 15-ти пат.

За Аталанта, финалето беше шесто во историјата на клубот. Тимот од Бергамо остана на единствениот трофеј освоен во 1963 година.

притисни ентер