Сивата економија се уште проблем за бизнисмените, УЈП работи на сузбивање на нелојалната конкуренција

Сивата економија се уште претставува проблем за бизнис секторот кој бара да не се толерираат оние кои не плаќаат даноци. 

Од Управата за јавни приходи, која денеска прославува 25 години од постоењето, велат дека прават контроли и очекуваат сите процеси што ги имплементираат да придонесат кон намалување на нелојалната конкуренција.

Според претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска, нелојалната конкуренција го нарушува пазарното стопанство и системот не смее да ги толерира неплаќачите на даноци кои се директна конкуренција на оние што редовно ги подмируваат долговите кон државата.

– Дефинитивно најголемата болка покрај тоа што ја имаме оваа несигурност и нестабилност во државата предизвикана од политичките турбуленции и најавените предвремените парламентарни избори, е и сувата економија за која конзинстентно апелираме дека треба да се бориме сите чинители во општеството, изјави Арсовска на денешното одбележување на 25-годишнината од УЈП.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вели дека прават контроли и постапуваат по барања на институции. Мал сегмент во намалувањето на сивата економија, според Лукаревска, е и мерката „МојДДВ",

– Сакаме да градиме партнерски однос со даночните обврзници и да го симнеме оној симбол кој досега не „красеше" за репресивен орган. Се трудиме да бидеме партнери. Со сите процеси што ги прравиме, очекуваме дека че ги следиме модерните текови во светот, а сето тоа ќе допринесе за намалување на сивата економија, истакна Лукаревска.

И од Стопанската комора на Северозападна Македонија се залагаат за намалување на сивата економија.

– Како бизнис сектор секогаш сме за залагале сивата економија да се намали. Во однос на тоа, политиката за даноци да биде рамна и насочена кон сузбивање на сивата економија, истакна Неџи Хоџа од Комората на Северозападна Македонија.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека се направени се големи реформи во УЈП и оти оваа институција веќе во бизнис секторот се гледа како партнер, а не како инструмент што власта може да го користи за своите интереси.

– Тоа го покажуваме и со новите мерки и истовремено со одличната соработка која ја има со институциите со цел да создаваме приватниот сектор да биде генератор на економскиот раст. /МИА

Студентите кои протестираа поради војната Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас

Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас.

Демонстрантите и полицијата синоќа се судрија во кампусот на Универзитетот во Тексас при што дојде до десетици апсења, а Универзитетот Колумбија во Њујорк почна да ги суспендира студентите, јавија странските агенции.

Според локалниот адвокат на Универзитетот во Остин, најмалку 40 демонстранти се уапсени синоќа под обвинение за нарушување на јавниот ред.

Доцна синоќа, Универзитетот објави соопштение во кое се вели дека многу од демонстрантите не се поврзани со институцијата и дека камповите се забранети во кампусот. Исто така, се наведува дека некои демонстранти влегле во „физички и вербални конфронтации“ со претставници на Универзитетот, што ги натерало службениците да контактираат со полицијата.

Протестот во Тексас и другите протести низ земјата уследија по протестите на Универзитетот Колумбија во Њујорк, кои се уште траат. Активистите во универзитетскиот кампус синоќа го пропуштија рокот да го напуштат кампот со околу 120 шатори.

Иако управата на Универзитетот не повика полиција да ги растера демонстрантите, портпаролот на Универзитетот Бен Чанг рече дека започнале процес за отпуштање на студентите. Тој рече дека иако Универзитетот го почитува правото на студентите на слободен говор, кампот ја попречува наставата и подготовката за завршните испити. Универзитетот соопшти дека ќе понуди алтернативно место за протести по испитите.

Најмалку шест жртви во напад во џамија во Авганистан

 Вооружен маж уби шест лица и рани едно во напад во џамија во провинцијата Херат, западен Авганистан, соопшти рано утринава Министерството за внатрешни работи на земјата.

Непознато лице синоќа околу 21:00 часот по локално време пукало во верници во квартот Гузара, јужно од главниот град на провинцијата.

Шест цивили загинаа, а еден цивил е ранет“, соопшти портпаролот на МВР на социјалната мрежа Х.

Чави по победата над Валенсија: Задоволен сум од нашиот став

Тренерот на Барселона, Чави изрази задоволство од триумфот (3:2) на неговиот тим синоќа против Валенсија во 33. коло на Шпанското фудбалско првенство.

- Не попречија скоковите на Валенсија. Овој тим практикува ваква игра, тоа е нивен клучен елемент. Ја имаа потребната подготовка и на тој начин создадоа четири-пет шанси. Среќен сум и задоволен од нашиот однос. Имавме индивидуални грешки, но демонстриравме добра организација во офанзива. На следните средби треба да играме посмирено, изјави Чави за „DAZN“.

Барселона со 73 бода се искачи на второто место во Ла Лига. Валенсија е осма во поредокот со 47 бодови. Лидер е Реал Мадрид со 84 бода.

До крајот на првенството остануваат уште пет кола.

притисни ентер