Девет жртви во уривање на воен хеликоптер во Колумбија

Воен хеликоптер се урна во северна Колумбија при што загинаа сите девет патници во него, соопшти армијата на јужноамериканската земја.

Хеликоптерот Ми-17 се урнал во близина на градот Аренал дел Сур во департманот Боливар во северна Колумбија, соопшти војската.

- Жалам за смртта на деветмината војници во воениот хеликоптер што требаше да ги снабди војниците во борбата против кланот дел Голфо на југот на Боливар, напиша колумбискиот претседател Густаво Петро на Х.

Кланот дел Голфо (Заливски клан) е најмоќната криминална организација во Колумбија. Криминалниот синдикат ги регрутира своите членови главно од поранешните десничарски паравојски и се претпоставува дека има околу 6.000 вооружени мажи.

Покрај трговијата со дрога, организацијата се занимава со илегални ископувања и рекет за заштита и е одговорна за бројни убиства и одземање на имот. Минатата година, поранешниот шеф на картелот, Даиро Антонио Усуга, попознат како Отониел, беше осуден на 45 години затвор во САД.

На аргентинскиот јунак од СП во Катар му се заканува затвор поради силување

Аргентинскиот фудбалер Гонзало Монтиел (27) добил наредба да биде подложен на психијатриски прегледи, откако против него во март беше поднесена кривична пријава за тешка сексуална злоупотреба и силување.

Монтиел е обвинет дека дрогирал и сексуално злоставувал девојка со која во тоа време бил во кратка врска на 1 јануари 2019 година, на прославата на неговиот роденден. Деталите се откриени во видеото минатиот месец од страна на жртвата.

„Јас сум Каролина, модел и водителка која преживеа групно силување чиј главен сторител беше Гонзало Монтиел, човекот кој го постигна последниот гол на Светското првенство во 2022 година.Се славеше неговиот роденден и ме повика кај него дома.Се запознавме, а потоа ме дрогираа, додека не изгубив свест.Во истрагата се докажа дека врескав за време на забавата. Долго барав адвокат бидејќи никој не сакаше да оди на суд со мене", рече таа.

Монтиел тврди дека не сторил кривично дело, а неговото судење е закажано за 17 и 20 септември во Буенос Аирес. Монтиел моментално игра во Нотингем Форест, каде што е позајмен од Севиља, а е запаметен како херој на Аргентина на Светското првенство во Катар, каде го постигна победничкиот пенал во престрелката во финалето против Франција. Една година претходно, тој ја освои Копа Америка со Аргентина.

Силна експлозија одекна во универзитет во Санкт Петербург, има настрадани (ВИДЕО)

Експлозија одекнала во еден од универзитетите во Санкт Петербург, јавуваат руските медиуми.

Портпаролката на прес-службата на окружната управа на Калинин изјави дека локален жител пријавил во дежурната служба експлозија на проспектот Тихорецки на територијата на Воената академија, пренесува РИА Новости.

Според достапните информации, на местото на настанот излегле надлежните служби.

Како што се додава, властите не добиле масовни извештаи за експлозијата од жителите на областа Калинин.

Неофицијално се наведува дека во експлозијата се повредени неколку лица, но оваа информација се уште не е официјално потврдена.

Убиена е кандидатка за градоначалник и уште пет лица на предизборен митинг во Мексико (ВИДЕО)

Кандидатката за градоначалник Лусеро Лопез Маза и уште пет лица, од кои една млада девојка, се убиени во пукање на предизборен митинг во градот Ла Конкордија во јужната мексиканска држава Чиапас, пренесе АП.

Покрај тоа, две лица се ранети.

„Конфликтот избувна меѓу вооружени цивили за време на политички митинг“, соопшти обвинителството.

Како што е соопштено, не е познато дали Лопез Маза била цел на нападот, бидејќи улични пукотници се честа појава во таа област.

Чиапас е во близина на границата со Гватемала и е главна рута за шверц на дрога и мигранти, а двата главни нарко картели во Мексико се борат за контрола на областа.

Претходно оваа недела, 11 лица беа убиени во масовно пукање во село во градот Чикомусело, неколку десетици километри оддалечено од Ла Конкордија.

притисни ентер