ЛДП: Извештајот на ЕПИ ги потврди нашите предупредувања – правосудството е на колена поради погрешни приоритети и политички притисоци!
1ЛДП: Извештајот на ЕПИ ги потврди нашите предупредувања – правосудството е на колена поради погрешни приоритети и политички притисоци!
Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
1Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
БалканСитуацијата на северот на Косово мирнаЕУ и САД го засилија притисокот врз Белград и Приштина за надминување на кризата.Во општините Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ ноќта помина мирно, а од утрово, седми ден од кризата во тие три општини на северот на Косово, граѓаните повторно се собираат барајќи повлекување на градоначалниците Албанци од општинските згради и повлекувањето на косовските специјални единици. Вработените во општина Звечан и денеска се запишани во импровизиран список поставен на маса пред оградата што ја подигна Кфор, чии членови се на приодот до општинската зграда. Од минатиот петок на вработените им е забрането да доаѓаат на работа во зградата на општина Звечан, каде се уште се наоѓаат специјални полициски единици. КФОР се уште е распореден на главната раскрсница во Звечан, како и на други четири места за да се спречи каква било провокација. ЕУ и САД им претставија на властите во Приштина неколку барања за смирување на ситуацијата во северно Косово, вклучително и одржување нови избори и формирање Заедница на српски општини. Косовскиот премиер Албин Курти по разговорот со претставник на Белата куќа изјави дека е подготвен да одржи нови избори под услов косовските Срби да престанат со протестите. Тензиите се зголемија во северно Косово минатиот петок кога косовски Срби се обидоа да ги спречат новоизбраните градоначалници на косовски Албанци да влезат во општинските згради и да ги преземат своите должности во општините доминантно српски. Косовската полиција потоа употреби солзавец за да ја растера толпата и да ги пушти новите вработени во канцелариите. Во понеделникот избувнаа судири меѓу демонстрантите, полицијата и мировните сили на НАТО КФОР Косово, при што беа повредени околу 30 војници на КФОР и околу 50 косовски Срби. Косовските Срби ги бојкотираа локалните избори во април, а албанските кандидати победија на изборите во четири општини со доминантно српско население - Звечан, Лепосавиќ, Зубин Поток и Северна Митровица. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел синоќа го зголеми притисокот врз косовските власти да преземат мерки за деескалација на тензиите. Имаме три јасни барања - нови избори веднаш, обезбедување учество на косовските Срби, почеток на создавање Заедница на српски општини. Непочитувањето на нив ќе има сериозни последици за нашите односи, напиша Борел на Твитер. Косовската претседателка Вјоса Османи и српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа накратко се сретнаа во присуство на Борел, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Молдавија. Макрон повика што е можно поскоро да организираат нови избори во четирите општини во северно Косово, населени претежно со Срби. Макрон рече дека тој и германскиот канцелар Олаф Шолц побарале јасни одлуки до следната недела. Курти го услови одржувањето на нови избори во општините на северот на Косово со завршување на, како што наведе, „насилните протести пред општините на север“ и целосно спроведување на Бриселскиот договор. Курти го објави ова на Твитер откако телефонски разговараше со американскиот заменик-советник за национална безбедност Џонатан Финер и американските сенатори Крис Марфи, Пит Рикетс и Џин Шахин. „Отстранувањето на насилните толпи пред општинските згради и целосното спроведување на Бриселскиот договор е патот кон деескалација, до нови избори“, напиша Курти. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаЛДП: Извештајот на ЕПИ ги потврди нашите предупредувања – правосудството е на колена поради погрешни приоритети и политички притисоци!Сурова потврда за она на што Либерално-демократската партија (ЛДП) предупредува со месеци пристигна со единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика (ЕПИ).Сурова потврда за она на што Либерално-демократската партија (ЛДП) предупредува со месеци пристигна со единаесеттиот Извештај во сенка за Поглавјето 23 на Институтот за европска политика (ЕПИ): правосудниот систем е доведен до работ на функционален колапс поради системска негрижа, хронично недоволно финансирање и политички влијанија кои ја поткопуваат независноста на институциите. Со 18 неажурни судови од вкупно 34, над 134.000 нерешени предмети и обвинителства кои функционираат без ниту еден јавен обвинител, станува јасно дека граѓаните се оставени да чекаат правда во систем кој сè потешко може да ја испорача. Додека судската власт располага со само 0,26% од БДП, наместо законски предвидените 0,8%, власта без проблем наоѓа средства за одржување на една од најгломазните влади во Европа, непотребни заменички функции, партиски административни позиции и бројни управни одбори. Истовремено, поради необезбедени средства од Министерството за финансии, беше поништен огласот за прием на 130 кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители. Особено алармантно е што извештајот нотира и притисоци од извршната власт врз јавното обвинителство, преку јавни изјави и реакции на високи владини функционери во врска со конкретни истраги и судски постапки. Наместо институциите да бидат заштитени од политички влијанија, сведочиме на постапки и изјави кои отвораат сериозни прашања за независноста на обвинителите и нивната можност непречено да ја извршуваат својата работа. Не може власта истовремено да бара резултати од обвинителството, а политички да ги коментира и оспорува неговите одлуки. Не може да се повикува на владеење на правото, а да создава атмосфера во која обвинителите треба да размислуваат каква ќе биде политичката реакција пред да донесат професионална одлука. Во комбинација со штетните измени на Кривичниот законик, кои овозможија застарување на предмети за висока корупција, недостигот од кадар и финансиската зависност на правосудните институции, се создава систем во кој неказнивоста станува правило, а правдата исклучок. „Не може да бараме правда како во Холандија, Шведска или Германија, а да финансираме непотребни владини фотелји додека обвинителствата остануваат без обвинители. Уште помалку може да зборуваме за независно правосудство кога претставници на извршната власт вршат јавен притисок врз оние што треба да го спроведуваат законот. Обвинителството мора да ја гони корупцијата, а не да стравува од оние што треба да ги истражува. Проблемот не е само во парите, туку во политичките приоритети и волјата да се изгради држава во која законот важи еднакво за сите. Очигледно, за власта има пари за функции, но нема пари за правда!“, истакна претседателката на ЛДП, Моника Зајкова. ЛДП бара итно обезбедување на законски предвидените средства за правосудството, деблокирање на процесите за прием на нови судии и јавни обвинители, рационализација на непотребните административни трошоци и насочување на буџетските средства кон институциите што треба да ја гарантираат правната сигурност на граѓаните. Истовремено, бараме прекин на политичките притисоци врз обвинителството, целосна заштита на неговата независност, ревизија на штетните измени на кривичното законодавство и воспоставување ефективна одговорност за високата корупција. Правдата не смее да биде привилегија на моќните, ниту заложник на политичките интереси. Држава во која има пари за политички привилегии, а нема пари за судии и обвинители, не страда од сиромаштија, туку од погрешни приоритети. А држава во која политичарите сакаат да влијаат врз обвинителите, не гради владеење на правото, туку систем на неказнивост. ЛДП останува цврсто определена за бескомпромисни реформи, независни институции и правда која нема да прашува кој е на власт, туку кој го прекршил законот. Затоа што без независно обвинителство нема вистинска правда, без правда нема доверба во институциите, а без доверба нема функционална држава! Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“ Најмалку четири лица загинаа во Флорида и Алабама како последица на ураганот „Исаја“, а повеќе од 868.000 корисници се без електрична енергија додека ураганот навлегува подлабоко во југоисточниот дел на САД, соопштија синоќа локалните власти.Во округот Ескамбија, Флорида, едно лице загина откако остана заглавено под дрво што паднало врз куќа, изјави за CNN Мелони Питерсон, портпаролка на Канцеларијата на шерифот на округот Ескамбија. Кога пристигнале на местото на настанот, противпожарната спасувачка екипа на округот ја пронашла жртвата во бессознание. Hurricane Isaias has killed four people and left more than 650,000 people without power, with Pensacola, Florida, among the hardest-hit areas, as officials warn of further flooding from heavy rainfall. https://t.co/f2dt5mUHee — Al Jazeera English (@AJEnglish) October 11, 2026 Питерсон соопшти дека претходно вчера, во истиот округ Ескамбија, уште едно лице било пронајдено мртво во својата гаража, која била затворена додека работел агрегат, а четворица членови на неговото семејство – на возраст од 72, 24, 5 и 4 години – биле пренесени во болница поради повреди што не претставуваат опасност по животот. Гувернерката на Алабама, Кеј Ајви, соопшти дека двајца жители на државата загинале во ураганот, предупреди на можни торнада и ги повика жителите „да се подготват за најлошото“. Two dead and hundreds of thousands are without power as Hurricane Isaias sweeps inland. The Category 2 hurricane made landfall in Florida late Friday, packing wind gusts over 100 mph and a storm surge of up to 6 feet. https://t.co/GF427JXvMH https://t.co/IzG6eeBYOC — The Washington Post (@washingtonpost) October 10, 2026 Заканата од поплави и торнада сè уште е на сила. Иако денес ураганот ослабе во посттропски циклон, „Исајас“ сè уште претставува закана од поплави и торнада додека се движи кон внатрешноста на САД, предупредија метеоролозите и официјалните лица. Според податоците на PowerOutage.us, рано утринава повеќе од 868.000 корисници во Флорида, Алабама и Џорџија останаа без електрична енергија. Синоќа во Флорида 438.137 корисници останаа без струја, во Алабама 294.662, а во Џорџија 111.105 корисници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерство за јавна администрација: Честит 11 Октомври – Денот на народното востание! 11 Октомври е еден од најзначајните датуми во нашата историја, симбол на непокорот, храброста и решителноста на македонскиот народ во стремежот за слобода, достоинство и самостојна држава.Делото на учесниците во Народноослободителната борба е трајно врежано во темелите на нашата држава. Нивната жртва не обврзува да го чуваме историското наследство и да продолжиме да ја градиме Македонија како демократска и просперитетна држава, со силни институции и јавна администрација посветена на граѓаните. Со почит кон минатото и со визија за иднината, да продолжиме да придонесуваме за држава во која слободата, достоинството и правдата се темелни вредности. Нека е честит 11 Октомври!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00