Сите занимливости за жрепките на светските првенства - Канал 5

Сите занимливости за жрепките на светските првенства

Конгресната палата Кремљ во Москва денеска од 16 часот е местото на одржување на жрепката за групите за Светското првенство во фудбал кое од 14 јуни до 15 јули следната година ќе се игра во Русија.

Сите занимливости за жрепките на светските првенства

ФИФА се откажа од досегашното одредување на групите според континенталните федерации. За Светското првенство во Русија групите се одредени според рејтингот на ФИФА листата, објавена на 16 октомври.

Тоа ќе биде 21-во издание на жрепката во 88-годишната историја на светските првенства. Првиот танц на топчињата е одржан во 1930 во Монтевидео и тоа три дена пред почетокот на натпреварите. До сега на жрепките имаше сешто. Среќата на репрезентациите му ја носеа шестогодишното дете Ив, внук на претседателот на ФИФА Жулс Риме, потоа 11-годишниот Детлеф Ланге член на берлинскиот Шонебергер Сангеркнанбен, кој во 1974 во иста група ги спои непријателите СР Германија и ДДР.

На жрепката пред СП во Шпанија 1982 се расипа барабанот, па жрепката беше повторена. Италијанците во програмата внесоа здив на гламур, а Бразилците на едно место собраа дури осум поранешни светски прваци.

Преглед на занимливости на некои од жрепките
СП 1930 Уругвај
За првото Светско првенство во Уругвај во 1930 година немаше квалификации. На турнирот настапија 13 репрезентации, а жрепката беше одржана кога сите тимови пристигнаа во Монтевидео. Жрепката е одржана три дена пред почетокот на натпреварувањето, а Уругвај, Бразил, Аргентина и САД беа поставени за носители. Репрезентациите беа поделени во три групи по три тимови и една со четири репрезентации.

СП 1938 Франција
Жрепката е одржана во познатиот салон „d`Horloge“ во Министерството за надворешни работи во Париз. Среќата на репрезентациите им ја донесе шестогодишното дете Ив, внук на претседателот на ФИФА Жулс Риме, кој ги извлекуваше топчињата.

СП 1958 Шветска
Првпат пред жрепката репрезентациите беа поделени по географски клуч. Во една група беа репрезентациите од Западна Европа, во втора од Источна Европа, во третата беа британските, а во четвртата американските тимови. Таквата поделба предизвика бројни протести на учесниците во Светскиот куп.

СП 1966 Англија
Жрепката за групите од Светското првенство 1966 во Англија првпат во живо беше пренесувана на телевизија. Жрепката е одржана на 6 јануари 1966 во Гарден хотел во Лондон.

СП 1974 СР Германија
Жрепката по групи за СП 1974 во СР Германија ја одбележа 11-годишниот Детлеф Ланген член на берлинскиот Шонебергер Сангеркнанбен. Малиот Детлеф ги шокираше сите присутни кога во иста група ги извлече СР Германија и ДДР. На крајот ДДР славеше 1:0 со голот на Јурген Спарвасер, но СР Германија на крајот го освои првото место.

СП 1982 Шпанија
На СП во Шпанија првпат настапија 24 репрезентации, а жрепката беше одржана во Мадрид во Паласио де Конгресос. Жрепката ја одбележаа технички проблеми со механичкиот барабан. Неколку репрезентација беа жребани во погрешни групи пред барабанот да полуди и да ги скриши топчињата со имињата на репрезентациите, па сето тоа мораше да биде повторено. Да потсетиме дека главен на жрепката беше Сеп Блатер, тогаш генерален секретар на ФИФА.

СП 1990 Италија
Италија за жрепката по групи за СП 1990 година ангажираше голем број ѕвезди и тоа беше првпат шоу бизнисот да влезе во програмата за извлекување по групи. Жрепката е одржана во римскиот Палацето дело Спорт. Програмата ја водеше Пипо Баудо, а италијанците ги ангажираа тенорот Луцијано Павароти, славната актерка Софија Лорен, како и фудбалските ѕвезди Пеле, Карл - Хајнц Румениге и Боби Мур.

СП 1998 Франција
На СП во Франција 1998 година првпат настапија 32 репрезентации, а жрепката беше одржана на стадионот Велодром, пред 38 илјади гледачи. ФИФА групите првпат ги одредуваше врз основа на рејтингот на репрезентациите во комбинација со резултатите на репрезентациите од изминатите три светски првенства.

СП 2006 Германија
Жрепката за групи за СП 2006 во Германија ја следеа неверојатни 300 милиони луѓе во 150 земји од светот, а Германците направија вистинско шоу. Програмата ја водеше манекенката Хајди Клум со асистенција на Пеле, Лотар Матеус, Роже Мила и Јохан Кројф.

СП 2014 Бразил
Жрепката од претходното Светско првенство беше одржана во бразилскиот град Салвадор, а при извлекувањето асистираа дури осум поранешни светски прваци - Кафу, Фабио Канаваро, Алсидес Гиџа, Фернандо Кијеро, Геоф Хурст, Маријо Кембес, Лотар Матеус и Зинадин Зидан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи заплени вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош. 

Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните

Станува збор за лек чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежни институции и чиј транспорт подлежи на строго пропишани стандарди.

Случајот е откриен на влез во државата на граничниот премин Богородица, каде при контрола на автобусот, во кутија за прва помош, се откриени вкупно 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, 29 кутивчиња, но и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна кеса.

Од страна на Одделението за истраги против сторителот е поднесена кривична пријава за „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.

Годинава од мобилните тимови и царинските службеници на граничните премини, запленети се над 30 илјади парчиња лекови, со што јасно ја покажуваме нашата улога во заштита на здравјето на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Nvidia“ се огласи за „RTX 5090“: Вистината за прекинот на производството и новите цени

„Nvidia“ ги демантираше гласините за прекин на производството на графичката картичка „RTX 5090“, иако признава дека ограничувањата во синџирот на снабдување би можеле да доведат до недостиг за гејмерите.

„Nvidia“ се огласи за „RTX 5090“: Вистината за прекинот на производството и новите цени

Во текот на изминатите неколку дена се појавија гласини дека „Nvidia“ го запрела производството на „RTX 5090“ – модел што првенствено се користи во гејмерски конфигурации. Компанијата сега стави крај на овие шпекулации, но сепак укажа на еден загрижувачки аспект.

Откако „RTX 5090“ ненадејно исчезна од веб-страниците на трговците и од официјалната страница на „Nvidia“, се појавија извештаи во кои се тврди дека компанијата го запрела производството за да ги пренасочи производствените капацитети кон забрзување на развојот на својот хардвер за вештачка интелигенција (AI). Вреди да се напомене дека, иако препорачаната малопродажна цена (MSRP) за „RTX 5090“ изнесува 1.999 долари, практично е невозможно да се купи по таа цена, бидејќи препродавачите на платформи од трети страни ја нудат по цена и до три пати повисока од таа.

Џеф Фишер, виш потпретседател во „Nvidia“, изјави за неколку тајвански медиуми – вклучувајќи ги „SJTV“ и „CNA“ – дека извештаите за прекин на производството се целосно неточни. Понатаму, тој нагласи дека „RTX 509“0 останува „исклучително важен, клучен производ“. Сепак, тој призна дека постојат проблеми со снабдувањето, уверувајќи ги купувачите дека „Nvidia“ вложува значителни напори за да ја врати графичката картичка на полиците во продавниците. Се разбира, каде што има чад, има и оган. Фишер не навлезе во детали зошто „RTX 5090“ воопшто исчезна од пазарот. Можно е „Nvidia“ да ја променила својата одлука по негативните реакции од гејмерската заедница – група која веќе е под значителен притисок, бидејќи компаниите што се занимаваат со вештачка интелигенција откупуваат огромни количини на графички процесори (GPU), меморија и други компоненти за да ги напојуваат своите најнови „AI“ модели.

Во текот на изминатата година, „RTX 5090“ се соочи со бројни проблеми, вклучувајќи ограничувања поврзани со „DLSS 5“, неисправни примероци, топење на конекторите за напојување и друго. Сепак, на пазар кој веќе се соочува со вртоглав раст на цените на хардверот, најновите изјави на Фишер нудат барем трошка надеж дека, во одреден момент, луѓето ќе имаат можност да го набават хардверот што им е потребен за играње игри.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска

Уште еден голем успех за македонскиот танц на меѓународната сцена! Македонската танчерка Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во хип-хоп и попинг, кое се одржа во Киелце, Полска, запишувајќи значаен резултат за Македонија.

Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска

Палчевска го освои третото место во категоријата „All Styles Battles Junior 1“, со што се вброи меѓу најдобрите натпреварувачи во својата категорија на светско ниво.

Со својот талент, посветеност и танцови вештини, Анастасија успеа да се искачи на светскиот подиум и гордо да го развее македонското знаме, остварувајќи резултат што претставува успех не само за неа, туку и за македонската танцова сцена.

Овој медал е уште една потврда дека Македонија има млади таленти кои со својата работа, упорност и љубов кон танцот можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот.

Бронзениот медал на Анастасија Палчевска претставува повод за гордост и инспирација за новите генерации млади танчери во Македонија.

Со овој успех, македонскиот танц добива уште едно значајно меѓународно признание, а Анастасија Палчевска уште еднаш покажува дека талентот, трудот и посветеноста се вистинскиот пат до светскиот врв.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер