Сите прават станици за полнење , а Нисан за празнење на е-возила - Канал 5

Сите прават станици за полнење , а Нисан за празнење на е-возила

Во светот се прават  се повеќе и повеќе станици за полнење на електрични автомобили, откако побарувачката за овој вид возила е зголемена.

Сите прават станици за полнење , а Нисан за празнење на е-возила

Јапонскиот производител на автомобили Нисан одлучи да изгради станица за празнење на електрични автомобили наместо станица за полнење.

И пред да помислите дека се луди, вреди да се знае дека добиле одобрување од јапонската влада.

Електричните автомобили на Nissan, првенствено Nissan Leaf, би можеле да станат итни извори на електрична енергија во случај на катастрофа. Затоа јапонската влада потпиша договор со Nissan дека во случај на катастрофа, сопствениците на „Nissan Leaf“ ќе доаѓаат во станиците за празнење и ќе „донираат“ дел од нивната електрична енергија.

Засега, станицата за празнење е поставена во близина на павилјонот на Нисан во Јокохама и сопствениците на Leaf , всушност, плаќаат за паркирање со својата електрична енергија.

YouTube video

Нисан истакнува дека нивна цел не е целосно да ги испразнат батериите на нивните автомобили и на тој начин да ги спречат возачите да се вратат дома, туку да земат само мал дел од енергијата, користејќи ја технологијата за складирање на енергија.

Nissan исто така се грижи за старите батерии кои веќе не се доволно моќни за автомобилите, но сè уште не се за фрлање. Таквите батерии се преуредуваат и се поставуваат како светилки што потоа ги осветлуваат улиците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градскиот воз станува секојдневие: Брза, евтина и удобна транспортна алтернатива

Два месеца откако првата сирена на локомотивата го најави неговото враќање, градскиот воз полека, но сигурно станува дел од секојдневието на скопјани.

Градскиот воз станува секојдневие: Брза, евтина и удобна транспортна алтернатива

За жителите кои живеат покрај железничката траса веќе станува и навика, оти велат е поинтересна и попрактична транспортна алтернатива.

Дел од нив не паметат кога пред градскиот воз, последен пат се возеле на шини – патувањето велат е сосема поразлично, евтино, брзо и удобно, а притоа да не го изгубат целиот ден патувајќи...

За други, пак, возот денеска беше можност за празнична прошетка, посета на пријатели или на некој од околните манастири. Велат, брзата железничка врска била мотив плус да излезат од дома и денот да го поминат поинаку.

Најголема возбуда, очекувано, кај најмалите. И денеска забележавме родители кои ги носеа своите деца на возење со воз. За тинејџерите од Зелениково пак тој веќе е дел од секојдневнието, превоз до училиште, како и за почести прошетки.

Во текот на денот оваа линија од Скопје до Зелениково, каде повратна карта е 70 денари ја користат околу 300 граѓани, половина од нив веќе имаат и месечни билети. Машиновозачите и кондуктерите велат дека интересот е се поголем. Железницата во земјава, како и во целиот свет велат треба да стане примарен, а не алтернативен транспорт.

Граѓаните дополнително сметаат дека градскиот воз би бил уште покорисен со почести поаѓања и подобро усогласен возен ред. Предлагаат и воведување интегриран билет што би важел за целиот јавен превоз, што патувањето би им го направило поедноставно и попрактично.

Сепак, железницата да стане уште попристапна и побезбедна, потребни се дополнителни инфраструктурни подобрувања, особено во однос на сообраќајната сигнализацвија и рампите на железничките премини.

Градскиот воз почна да сообраќа на први септември, со почетокот на учебната година.

На линијата Скопје – Зелениково има по осум поаѓања дневно во секој правец, а патувањето трае околу 25 минути. Оваа линија е првата од трите предвидени, односно втората траса ќе биде од Волково до Транспортен центар и третата од Илинден исто така до центарот на градот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег

Завршија топлите и сончеви денови..

УХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег

Дождливото и ветровито време ќе продолжи и во следните денови, а според прогнозата од синоптичарите, наскоро на повисоките планини ќе падне и снег.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија го одбележува 11 Октомври

Македонија денеска го слави 11 Октомври е денот кога во 1941 година со нападите во Прилеп и Куманово започна организиранот антифашистичко востание за слобода и сопствена држава.

Македонија го одбележува 11 Октомври

Овој голем празник останува морален компас кој потврдува дека македонскиот народ секогаш ја избрал вистинската страна на историјата.

Борбата од 1941 година ги постави темелите на АСНОМ и на современата независна Македонија. Со низа свечености денека се одбележува празникот. Централниот настан е во Куманово... Таму е Михаило Донев, го имаме во живо.. Михаило како помина настанот?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер