Сите мобилни телефони во ЕУ ќе се приклучуваат на универзални полначи - Канал 5

Сите мобилни телефони во ЕУ ќе се приклучуваат на универзални полначи

Европската унија денеска објави дека ќе нареди воведување универзални полначи за мобилни телефони.

Сите мобилни телефони во ЕУ ќе се приклучуваат на универзални полначи

Ова е нов удар за технолошкиот гигант Apple, кој користи сопствени полначи за своите уреди, пренесува Радио Слободна Европа.

Според денешниот предлог на Европската комисија, сите мобилни телефони и таблети треба да имаат USB влезен слот тип C, што е клучен чекор за конечното воведување на универзален полнач.

Европската комисија смета дека стандардниот полнач за сите мобилни телефони ќе го намали количеството електронски отпад, додека Apple тврди дека полнач погоден за сите видови мобилни телефони би ја запрел иновацијата и дополнително ќе го влоши проблемот со загадувањето со електронски отпад.

Комисијата претставила предлог за измена на директивата дека USB Type C треба да стане стандарден слот за полнење на паметни телефони, таблети, камери, слушалки, преносни звучници и рачни конзоли за видео игри.

Единствениот USB-C слот ќе им овозможи на потрошувачите да ги полнат уредите со ист USB-C полнач, без оглед на брендот на уредот.

Исто така, се предлага да се оддели продажбата на полначи од продажбата на самите уреди. Ова значи дека потрошувачите ќе можат да го купат уредот без полнач, но производителите сепак ќе можат да ги нудат во пакет.

ЕУ е огромен пазар со околу 450 милиони луѓе, а воведувањето универзален полнач со USB-C конектор може да има одлучувачко влијание на глобалниот пазар на мобилни телефони, пишува RFI.

„Европските клиенти беа фрустрирани предолго кога некомпатибилните полначи се трупаа во фиоките“, вели во соопштението Маргрет Вестагер, потпретседателка на Европската комисија за дигитална ера.

„И дадовме доволно време на индустријата да изнајде сопствени решенија, и сега е време за правни потези што ќе не доведат до универзални полначи“, додаде таа.

"Со се` повеќе уреди што ги купуваме, добиваме се` повеќе полначи кои не се нужно компатибилни едни со други. Ќе го завршиме ова сега. Со овој предлог, европските потрошувачи ќе можат да користат еден полнач за сите нивни преносни електронски уреди,“, изјави комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон.

Предлогот за директива е проследен до Советот и Европскиот парламент за усвојување. Комисијата им предлага на земјите -членки да им се додели период од две години од датумот на донесување во кој треба да ја транспонираат Директивата.

Сопствениците на мобилни телефони моментално можат да избираат помеѓу три водечки полначи или конектори: Apple, микро-USB и USB-C.

Трите главни типа на полначи се чекор напред од периодот до 2009 година, кога се користеа десетици различни видови полначи за различни мобилни телефони, што резултира со голема количина електронски отпад.

Сепак, ЕУ не е задоволна од трите главни типа на полначи и вели дека таквата ситуација е „непријатна“. Европската комисија вели дека потрошувачите од ЕУ трошат околу 2,4 милијарди евра годишно за одделни полначи кои не доаѓаат во комплет со мобилните уреди. Новата регулатива, велат во ЕК, треба да ја намали и количината на електронски отпад за околу илјада тони годишно.

Apple, кој веќе користи USB-C конектори за некои типови на своите iPad и лаптопи, тврди дека принудувањето на производителите да се префрлат на универзални полначи нема оправдување.

„Ние и понатаму сме загрижени дека строгата регулатива која бара еден тип конектори ќе ја задуши иновацијата наместо да ја поттикнува, што пак ќе им наштети на потрошувачите во Европа и низ целиот свет“, рече Apple.

Во најновиот предлог на Европската комисија, кој би можел суштински да се измени пред да стапи во сила, на производителите ќе им се даде рок од 24 месеци да се прилагодат на новите одредби.

Епл соопштил дека рокот од две години може да биде голем проблем за индустријата и да ја запре продажбата на постоечката опрема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

Четвртиот нафтен танкер во последните 24 часа налета на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГГ), пренесуваат иранските медиуми.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

„Четврти танкер во рок од 24 часа експлодираше во Ормускиот теснец откако удри во поморска мина“, се наведува во извештајот објавен синоќа на каналот на „Прес ТВ“ (Press TV) на „Телеграм“.

Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да користат, според тврдењата на Техеран, неовластени пловни патишта низ Ормускиот теснец.

Во соопштение од Морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиона барели сурова нафта кога налетал на мина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА.

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

„Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи.

Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција .

Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни.

Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци.

Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот.

Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“.

„Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија

Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) ѝ ја одзеде дозволата за работа на „АЛТА банка“ а.д. Белград. 

Одземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија

Банката е во сопственост на Давор Мацура, кој се смета за близок до Српската напредна странка – партијата на поранешниот претседател Александар Вучиќ, која претрпе пораз на изборите пред една недела.

Од НБС соопштија дека, со судска одлука, за стечаен управник ќе биде назначена Агенцијата за осигурување на депозити, пренесува nova.rs.

Во соопштение за јавноста, Народната банка на Србија наведува дека на оваа одлука ѝ претходеле контроли, преку кои се настојувало работењето на банката да се насочи кон зголемување на ликвидноста.

„Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката значително се влошила. Постои можност за дополнителен пад на ликвидноста, поради што се загрозени интересите на депонентите на банката“, се вели во соопштението на НБС.

Од централната банка додаваат дека одлуката е донесена со цел заштита на депонентите и зачувување на стабилноста на финансискиот систем, бидејќи се исполнети условите за одземање на дозволата, пропишани со Законот за банки.

Агенцијата за осигурување на депозити треба да обезбеди исплата на осигурените износи во рок од седум работни дена и да им овозможи на клиентите да располагаат со своите средства. Според податоците на НБС, сметката на „Алта банка“ е блокирана уште од 30 октомври.

Непосредно пред објавувањето на одземањето на лиценцата, компанијата „Алта пеј“ (Alta Pay), која работи во рамките на истата групација како и банката, ги известила своите деловни партнери плаќањата да ги вршат преку нејзините сметки во други банки – „Поштанска штедионица“ и ОТП (OTP), пренесува „Време“.

Овој потег бил невообичаелив, бидејќи „Алта пеј“ има сопствен платен промет и сметки, меѓу другото и во „Алта банка“. Компанијата, всушност, дала насоки да се заобиколат нејзините сметки во матичната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер