Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки
Минчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!
1Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки
2Минчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветСирски: Се спроведува нов руски напад врз Костјантинивка, клучен град на источниот фронт на УкраинаПортпаролот на украинските сили на исток од земјата, Виктор Трехубов за Укринформ изјави дека Костјантинивка и градот Покровск на запад се „главните арени на битките и стратешките амбиции на Кремљ“.Врховниот командант на вооружените сили на Украина вчера изјави дека неговите сили се соочуваат со нов напад врз клучен град на источниот фронт во војната против Русија, додека Москва тврдеше дека напредува во друга област подалеку на југозапад. По почетниот неуспешен обид да се освои Киев во првите недели од инвазијата во февруари 2022 година, руската војска се фокусираше на освојување на целиот регион Донецк во источна Украина. Градот Костјантинивка е еден од главните цели. Украинските сили со месеци го бранат градот од жестоки напади, додека регионалниот гувернер ги повика преостанатите жители оваа недела да се евакуираат поради распаѓачката инфраструктура. Врховниот украински командант Олександр Сирски вчера напиша на Телеграм дека областа Костјантинивка е под жестоки напади. „Непријателот напредува кон Костјантинивка, но освен бројните загуби, тие не постигнаа ништо“, напиша Сирски, додавајќи дека „агресорот се обидува да ја пробие одбраната и да напредува по трите оперативни сектори“. Портпаролот на украинските сили на истокот, Виктор Трехубов, за Укринформ изјави дека Костјантинивка и градот Покровск на запад се „главните арени на битките и стратешките амбиции на Кремљ“. Сирски, исто така, рече дека минатата недела украинските сили одбиле тежок напад во близина на селото Јаблуновка во североисточниот Сумски регион, каде што руските сили се обиделе да воспостават тампон зона во рамките на украинските граници. Руското Министерство за одбрана, во извештаите претходно во текот на денот, соопшти дека московските сили го освоиле селото Червона Зирка, подалеку на југозапад, во близина на административната граница на регионот Дњепропетровск. Бавното напредување на Русија низ источна Украина, кое од ден на ден зазема голем број села, резултираше со уништување на големи градови и инфраструктура. Москва инсистира дека патот до решавање на 40-месечниот конфликт зависи од тоа дали Украина ќе ја признае руската контрола врз четири украински региони: Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон. Руските сили контролираат околу една петтина од територијата на Украина, иако не зазеле целосно ниту еден од тие четири региони. Москва во последните недели тврдеше дека нејзината армија напредувала во областите долж регионот Дњепропетровск, кој се граничи со регионите Донецк и Запорожје. Украинските власти ги негираа овие тврдења.Тагови: Сирски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројкиДурмиши, истакна дека целта на новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница е да се обезбеди објективен, транспарентен и статистички заснован приказ на реалните трошоци на домаќинствата.На денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), социјалните партнери дискутираа за повеќе прашања од значење за работниците, работодавачите и животниот стандард на граѓаните, со посебен акцент на просечната потрошувачка кошница изготвена од Министерството за економија и труд. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека целта на новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница е да се обезбеди објективен, транспарентен и статистички заснован приказ на реалните трошоци на домаќинствата, кој ќе претставува основа за креирање квалитетни економски и социјални политики. „Нашата цел не е да покажеме пониска бројка, туку да обезбедиме проверлива, транспарентна и статистички заснована слика за трошоците на домаќинствата. Податоците треба да ни служат како основа за носење одговорни одлуки и мерки што ќе придонесат за подобрување на животниот стандард и заштита на куповната моќ на граѓаните“, нагласи министерот Дурмиши. Според податоците на Министерството за економија и труд, просечната потрошувачка кошница за септември 2026 година изнесува 58.117 денари за четиричлено домаќинство, што претставува намалување од 358 денари, односно 0,6 проценти во однос на август. Истовремено, во споредба со јануари годинава, вредноста на кошницата е зголемена за 1.736 денари или 3,1 процент. Министерот посочи дека овие податоци ја потврдуваат потребата од континуирано следење на ценовните движења, но и од внимателно согледување на притисоците врз семејните буџети. Во рамки на седницата беше образложена и методологијата за пресметка на потрошувачката кошница, која опфаќа 11 категории на трошоци и 101 прехранбен производ. Пресметката се темели на податоци од Државниот завод за статистика за осум градови, информации за цените на овошјето и зеленчукот од 23 пазари, како и податоци од пет големи и три регионални трговски синџири. Со ваквиот пристап, Министерството обезбедува поширок опфат на цените и потрошувачката на ниво на целата држава, со цел да се добие порепрезентативна слика за трошоците на домаќинствата. Во однос на разликите со другите пресметки на потрошувачката кошница, министерот појасни дека тие произлегуваат од различната структура, опфатот и изворите на податоци. Најизразените разлики се забележуваат кај храната и пијалаците, облеката и обувките, образованието, домувањето и комуналните трошоци, додека во одредени категории, како одржувањето на домаќинството, рекреацијата и културата, пресметката на Министерството покажува повисоки вредности. „Различните пресметки не треба да бидат причина за меѓусебно оспорување, туку поттик за конструктивна дискусија и креирање политики засновани на релевантни податоци. Ниту една статистика не може да ја замени реалната грижа за куповната моќ, економската сигурност и достоинствениот живот на граѓаните“, истакна Дурмиши. Покрај потрошувачката кошница, на седницата на Економско-социјалниот совет беа отворени и прашањата поврзани со неработните денови, работата во недела, можностите за воведување четиридневна работна недела, како и регулирањето на пензискиот стаж. Министерот нагласи дека сите овие прашања бараат внимателно разгледување, усогласување на различните интереси и активна вклученост на социјалните партнери. „Економско-социјалниот совет е местото каде што ги слушаме аргументите на синдикатите, работодавачите и институциите. Нашата определба е преку отворен и конструктивен социјален дијалог да доаѓаме до решенија што ќе ги штитат правата на работниците, ќе обезбедат предвидливост за работодавачите и ќе придонесат за подобар животен стандард“, порача министерот Дурмиши. Министерството за економија и труд останува посветено на унапредување на социјалниот дијалог, транспарентното следење на економските показатели и креирањето одржливи политики насочени кон подобрување на условите за работа и живот на сите граѓани.Тагови: Дурмиши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!Професионалната администрација не се гради со декларации, туку со знаење, одговорност и конкретни резултати. Институциите не се вреднуваат според бројот на донесени документи, туку според квалитетот на нивната работа и услугите што ги добиваат граѓаните. Ова беше пораката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој денеска од Прилеп се обрати на вториот циклус генерички обуки за административните службеници за 2026 година. „Не е доволно да имаме закони и процедури ако немаме луѓе што знаат доследно да ги применуваат. Знаењето без примена останува потенцијал, професионалноста без одговорност е само декларација, а работата без резултати не ја исполнува својата цел. Нашата обврска е да изградиме администрација што знае, умее и испорачува!“ истакна Минчев. Сржта на оваа определба е Академијата за професионален развој и обука на административните службеници, чиј почеток со работа е планиран за 1 јануари 2027 година. Академијата треба да воспостави систем во кој учењето нема да биде повремена активност, туку континуиран процес, а професионалниот развој составен дел од работата на секој административен службеник. „Академијата не е само место за обуки, туку темел на администрацијата што сакаме да ја изградиме. Не можеме да очекуваме подобри услуги ако не вложуваме во луѓето што ги обезбедуваат. Затоа воспоставуваме систем што ќе го развива знаењето, ќе ги унапредува професионалните компетенции и ќе ја зајакнува одговорноста. Силата на институциите почнува со квалитетот на луѓето, а нивната вредност се докажува со резултатите што ги испорачуваат“ порача министерот. Во тек се подготовките за функционирање на Академијата, развојот на програмите и модулите за обука, унапредувањето на системот за електронско учење (ЛМС) и обезбедувањето услови за спроведување обуките. Министерството за јавна администрација продолжува со реализацијата на генеричките обуки како дел од поширокиот процес на јакнење на административните капацитети. Знаењето е почетната точка на реформите, професионалноста е нивниот стандард, а конкретните резултати во работата на институциите се мерилото според кое граѓаните ќе го препознаат нивниот успех. Ви благодариме. Со почит, Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦелосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и МралиноОпштина Илинден го заврши реновирањето и санацијата на домовите на култура во населените места Текија, Кадино и Мралино, во рамки на програмата за обновување и модернизација на јавните објекти. Со реализираните градежни активности значително се подобрени условите за одржување културни, општествени и јавни настани. Во Домот на култура во Текија извршена е санација на кровната конструкција со поставување нов пластифициран лим, поставени се нови ПВЦ-врати и обновена е електричната инсталација. Дополнително, извршено е глетување и молерисување на внатрешните простории, целосна санација на санитарните јазли и обновување на фасадата. Во Домот на култура во Кадино поставени се нови вертикални олуци и пластифициран лим за симс, санирана е фасадата и обновени се внатрешните простории. Поставени се нови ПВЦ-врати и прозорци, заштитна ограда и нови плочки на надворешните скали, а извршена е и санација на електричната инсталација. Во Домот на култура во Мралино целосно е обновена кровната конструкција, поставени се нов пластифициран лим, хоризонтални и вертикални олуци, како и нови ПВЦ-врати и прозорци. Извршена е санација на фасадата, обновени се надворешните скали и терасата со нови плочки и заштитна ограда, додека во внатрешноста се поставени гипс-картон и ново осветлување, а ѕидните површини се глетувани и молерисани. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека со реновирањето на домовите на култура се обезбедуваат подобри услови за развој на културниот и општествениот живот, како и функционални простори за организирање различни активности и настани за потребите на граѓаните. Општина Илинден продолжува со вложувањата во културната инфраструктура, при што во изминатиот период беа реновирани и санирани домовите на култура и во населените места Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци. Општина ИлинденТагови: Општина Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook