Хоџа на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ - Заеднички пристап кон климатските предизвици
1Хоџа на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ - Заеднички пристап кон климатските предизвици
СветВрховниот командант на украинската армија, Сирски ги посети војниците во руската област КурскВрховниот командант на украинската армија, генерал Олександр Сирски, го сумираше развојот на ситуацијата на фронтот во руската погранична област Курск по посетата на тамошните украински сили, јави ДПА.Во објава на Телеграм, Сирски рече дека од почетокот на украинската офанзива во областа Курск, руската армија изгубила повеќе од 34.000 војници кои биле убиени или ранети во обидите да ги потиснат украинските сили. „Благодарение на херојските напори на украинската војска, непријателот беше принуден да задржи голем број војници на својата територија и да премести резерви од други правци“, напиша Сирски. Тој додава дека речиси пет месеци се заробени околу 700 руски војници, кои Украина може да ги размени за свои војници кои се во руско заробеништво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
ЗабаваСпортски игри за младите, „Ден на спортот“ денеска во БитолаВо спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денеска се одржа манифестацијата „Ден на спортот“, која се реализира во рамките на програмата „Спортски игри за младите“Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денеска се одржа манифестацијата „Ден на спортот“, која се реализира во рамките на програмата „Спортски игри за младите“ – најголемата аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа со повеќе од 29 години традиција. Настанот е наменет за ученици од основните училишта и има за цел да ги промовира масовното и бесплатното учество во спортот, инклузивноста, родовата еднаквост, здравите животни навики и фер-плејот. Во текот на денот учениците се натпреваруваа во „народна“, атлетика – трчање на 60 метри, како и во повеќе други спортски дисциплини. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање истакна дека локалната самоуправа останува посветен поддржувач на младите, спортот и физичката активност. „Општина Битола е една од општините која најмногу вложува во спортската училишна инфраструктура. Речиси и да нема училиште во кое не се реконструираат или изградени нови спортски терени, а во дел од училиштата се градат и современи типски спортски сали. Во завршна фаза е и изградбата на затворениот пливачки базен во ОУ „Даме Груев“, а континуирано инвестираме и во спортска опрема за наставата по физичко и здравствено образование“, рече Коњановски. Тој нагласи дека ваквите манифестации имаат големо значење за поттикнување на младите кон активен и здрав начин на живот. „Спортските игри за младите“ според бројот на учесници претставуваат најголем аматерски спортски настан во Европа и се реализираат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија, УЕФА и ФИДЕ. Во рамките на програмата се одржува и „Кока-Кола Куп“, најголемиот малоклупски фудбалски турнир во Европа, кој годинава се организира по дванаесетти пат. На настанот присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, како и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаХоџа на Министерска конференција на Процесот за соработка во ЈИЕ - Заеднички пристап кон климатските предизвициМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес присуствуваше на Министерската конференција во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP), што се одржа во Софија, Република Бугарија.Конференцијата беше посветена на зајакнување на регионалната соработка во областа на климатските политики, заштитата на животната средина и одржливиот развој. На настанот учествуваа високи претставници од земјите од регионот, како и Џесика Росвал, еврокомесарка за животна средина, отпорност на водните ресурси и конкурентна циркуларна економија. Во рамки на конференцијата беа разменети ставови за унапредување на регионалната соработка, спроведување на зелената агенда и забрзување на процесите на усогласување со европските стандарди во областа на животната средина и климатските политики.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаКанал 5 дојде до Компромисните амандмани на Европскиот парламент за Извештајот за МакедонијаКанал 5 екслузивно дојде до Компромисни амандмани на Европскиот парламент за Извештајот за Македонија.Спроведување на Договорот со Бугарија, продолжување на работата на Историската комисија и потврда дека уставните измени остануваат главниот услов за отворање на првиот преговарачки кластер – ова се дел од најчувствителните пораки во компромисните амандмани на Европскиот парламент за извештајот за Македонија до кои дојде Канал 5. . Значајно е тоа што меѓу нив никаде директно не се споменува амандманот на известувачот за земјава Томас Вајц кој побара разјаснување дали вториот билатерален протокол меѓу Македонија и Бугарија е дел од условите за отворање на првиот преговарачки кластер. Наместо, тоа, документот се повикува на Договорот со Бугарија и обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка на земјава. Во амандманите се наведува и дека постојат различни толкувања за историските карактеристики на македонското општество, но содржана е и формулација според која јазичниот, културниот и националниот идентитет не треба да влијаат врз пристапниот процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22