Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“
2Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“
1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
БалканСИРИЗА загуби речиси 600.000 гласови во споредба со изборите во 2019 годинаОстанатите партии кои обезбедија влез во Парламентот добија повеќе гласови за разлика од 2019 година. Грчките левичарски партии СИРИЗА и МЕРА 25 се големите губитници на вчерашните избори, со намален број гласови во споредба со последните избори пред четири години, додека пак останатите партии Нова демократија, ПАСОК- Движење на промена, Комунистичката партија и Грчко решение се со зголемена поддршка од граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Доколку се направи анализа на официјалните резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција и се споредат со оние од парламентарните избори во 2019 година, СИРИЗА изгубила 598.503 гласа, а Нова демократија добила 152.300 повеќе. Поконкретно, со пребројани 99,7 отсто од гласовите, Нова демократија вчера победи со 40,79 проценти и 2,4 милиони гласови, односно 0,94 отсто повеќе од пред четири години. СИРИЗА од друга страна во 2019 година освои 31,53 проценти и 1.781.057 гласови, додека пак вчера доби 20,07 проценти од гласовите, односно загуби 11,46 отсто што се 598.503 гласови. Во загуба е и партијата МЕРА25 на Јанис Варуфакис, поранешниот министер за финансии од Владата на СИРИЗА, која не го достигна изборниот праг од три отсто за влез во Парламентот, губејќи 0,83 проценти од гласовите пред четири години. Останатите партии кои обезбедија влез во Парламентот добија повеќе гласови за разлика од 2019 година: ПАСОК- Движење на промена е за 3,36 отсто засилена, Комунистичката партија за 1,92, а Грчко решение за 0,75 проценти. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.На 06.09.2026 во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДесет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија. Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..Тагови: Денот на независноста Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства. View this post on Instagram A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs) Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook