Сириско дете со супермоќи: Ги молиме руските експерти да помогнат (видео)

За да бидете суперхерој треба да имате посебна моќ.

Малиот Зулфикар Ибрахим дефинитивно, има една посебна моќ, а тоа е дека на стомакот може да “залепи“ било каков метален предмет.

Детето, кое побегнало од сирискиот град Латакија, станало познато откако е откриено дека има способност да привлекува метални предмети, кои како магнет се лепат за неговиот стомак.

Неговите баба и дедо се надеваат дека овој “магнетизам“ кој детето го поседува нема да влијае на неговото здравје.

„Загрижени сме поради овој феномен. Да бидеме искрени, не би сакале на било кој начин да му влијае во иднина. Бидејќи Русија е специјализирана за вакви случаи, сакаме нивните експерти да го испитаат и да ни објаснат за што станува збор и каков вид на биолошка енергија тој поседува“ – изјавил неговиот дедо.

Малиот Ибрахим изјави дека забележал дека поседува “супермоќ“ кога му паднала лажицата додека јадел супа, која неговиот стомак моментално ја привлекол.

„Јадевме, лажицата падна. Сакав да ја подигнам, но таа се залепи за мојот стомак. Мојот дедо ја тргна од стомакот, ја избриша и ја стави на маса. Ја земав и виљушката, лажицата и повторно ги залепив за стомакот. Мојот стомак привлекува се што има метал во себе. После јас и тетка ми баравме на Јутуб да видиме дали има уште некој кој може тоа да го направи. Се покажа дека има многу случаи како мене“ – изјави за „РТ“.


Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер