Сириските бунтовници го освоија Дамаск – претседателот Башар Ал Асад замина од државата - Канал 5

Сириските бунтовници го освоија Дамаск – претседателот Башар Ал Асад замина од државата

Сириските бунтовници објавија дека ја презеле контролата врз главниот град Дамаск, прогласувајќи го за „слободен“, откако започнаа офанзива која брзо напредуваше низ целата земја во последните неколку денови.

Сириските бунтовници го освоија Дамаск – претседателот Башар Ал Асад замина од државата

-Градот Дамаск сега е ослободен, тиранинот Башар ал Асад е соборен. Сите неправедно затворени луѓе од режимските затвори се ослободени.

Во моментов не е познато каде се наоѓа претседателот на Сирија, Башар ал Асад. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија за него соопшти дека полетал од Дамаск рано утринава но без да наведе каде, додека руското министерство за надворешни потврди дека Асад ја напуштил Сирија откако наредил мирно предавање на власта.

Освен за ослободување на Дамаск, лидерите на бунтовничките групи како што пренесуваат медиумите, соопштиле дека се речиси ослободени и другите поголеми сириски градови како Хама и Хомс, каде веќе се слави на улиците.

-Бунтовниците влегоа во Хама, беше голема радост за нас, нешто што го чекавме уште од 2011 година, да се ослободи земјата. Божја волја, од Хама до Хомс и до Дамаск и цела Сирија. Сирија е наша и никој не ја поседува.

-Режимот е соборен заедно со државната безбедноси и воздушно разузнавање. Триумфиравме над тиранот Башар и неговите сојузници, како и врз Иранците и Русите.

По објавата на сириските бунтовници дека го ослободиле Дамаск, на социјалните мрежи утринава се појави видео на кое сирискиот премиер Мохамед Гази ал Џалали ја напушта својата резиденција во придружба на вооружени лица. Подоцна во обраќање од својот дом тој порача дека се подготвени да соработуваат со новата влада.

Подготвени сме да соработуваме со новото водство и да им олесниме за се што им е потребно, за целата владина документација да се трансферира лесно и систематски на начин што ќе се зачуваат државните објекти.

Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров кој се наоѓа во Катар изјави дека не смее да се дозволи Сирија да падне во рацете на терористичките групи

-Недозволиво е на терористичка група да ѝ дозволиме преземање на контрола на територијата со прекршување на договорите кои произлегуваат од Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 2254 која строго го истакнува суверенитетот, територијалниот интегритет и единството на Сириската Арапска Република и која осудува секакви обиди на терористи да го попречуваат живото на Сиријците и која повикува на директен дијалог помеѓу Владата и опозицијата. – Сергеј Лавров – Министер за надворешни работи на Русија

Состојбата во Сирија ја следат и САД. „Претседателот Бајден и неговиот тим внимателно ги следат вонредните настани во Сирија и се во постојан контакт со регионалните партнери“, се вели во соопштението на Белата куќа. Аналитичарите пак сметаат дека е прашање на време кога ќе се случи целосно предавање на власта.

-Ако Русите и Иранците не се повлечеа уште порано, најверојатно режимот ќе паднеше пред девет години, но сега Русите се зафатени со Украина, Иранците треба да се справат со последиците од изралеската војна со Хамас и Хезбола. Сега режимот е оставен сам на себе и прашањето е колку долго ова ќе трае, дали ќе има мирно преземање на Дамаск или ќе има повремени борби. – Арон Зелин – Вашингтон институт за политика на Блискиот исток

Во меѓувреме македонското МНР ги повика сите македонски државјани кои се наоѓаат во Сирија, да ја напуштат во прва можна прилика, поради влошената безбедносна ситуација. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија, велат од МНР и апелираат да се одложат сите патувања кон оваа држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно

Британскиот принц Хари, за првпат јавно се огласи по апсењето на таткото на неговата сопруга Меган Маркл, Томас Маркл . 

Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно

За време на посетата на Брисел – каде што тој и неговата сопруга присуствуваа на откривањето на спомен-обележјето „Изгубен екран“ (Lost Screen) во Европскиот парламент – тој се осврна на сè поактуелниот проблем со безбедноста на децата на интернет, истакнувајќи дека нивната заштита не би требало да зависи од земјата во која живеат.

Со Меган (45) покрај себе, Хари (42) одржа емотивен говор во кој укажа на еден парадокс на современиот технолошки развој: додека технологијата напредува со неверојатна брзина, заштитата на најмладите останува голем предизвик.

„Како стигнавме до точка каде што можеме да создадеме технологија способна за толку неверојатни работи, а сепак сè уште се мачиме да обезбедиме таа да биде безбедна за децата? Ретко бараме од технологијата да биде помалку амбициозна. Ни велат дека таа ќе го трансформира образованието, ќе лекува болести и ќе решава проблеми за кои некогаш сме мислеле дека се нерешливи. Зошто нашата амбиција би застанала тука?“ праша Хари.

Тој нагласи дека не се залага за свет без технологија, туку за интернет каде што децата можат слободно да истражуваат, да учат и да ги развиваат своите интереси, без страв од опасност.

„Сите деца треба да можат да пристапат до интернет и да откријат нешто прекрасно – пријател, интерес што прераснува во страст или место каде што се чувствуваат разбрани. Тие заслужуваат да се чувствуваат безбедно, каде и да се наоѓаат“, изјави принцот.

Тој особено нагласи дека заштитата на децата мора да биде заедничка одговорност на сите држави, предупредувајќи дека штетните содржини и практики не смеат едноставно да се префрлат во земји со помалку строги прописи.

„Европа не може да стане безбедно засолниште за децата доколку штетните практики само се преместуваат во земји со пониско ниво на заштита. Мораме да соработуваме со државите ширум светот за да осигуриме дека напредокот овде нема да значи оти децата на други места остануваат изложени на истите ризици. Безбедноста на едно дете никогаш не смее да зависи од земјата во која тоа живее“, истакна Хари.

Тој додаде дека е неопходно да се испита кој се спротивставува на мерките наменети за заштита на најмладите, кој ги финансира таквите активности и чии интереси се застапуваат.

Неговиот говор имаше и силен емотивен крај.

– Да ја прифатиме понудата на технологијата за изградба на свет што ги надминува нашите соништа, но да се согласиме дека во тој свет нашите деца, во најмала рака, би биле безбедни. И ниту едно семејство не би требало да изгуби дете, пред светот да одлучи да заштити барем едно – заклучи принцот.

Иако првично беше планирано Меган да ѝ се обрати на публиката, тоа беше откажано еден ден пред настанот.

Според британскиот весник „Телеграф“ (The Telegraph), извор близок до двојката изјавил дека таа во моментов не е доволно емоционално силна за да зборува во јавност.

Нивното појавување во Брисел се случи четири дена по апсењето на таткото на Меган, Томас Маркл Постариот (82), во Флорида.

Според американското обвинителство, тој е обвинет по една точка поврзана со поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува максимална казна од 20 години затвор.

Томас Маркл Постариот не се изјасни за вината и беше пуштен на слобода врз основа на ветување дека ќе се појави на суд, по неговото појавување пред судот. Тој претходно негираше дека некогаш имал сексуални односи со малолетници или дека поседувал материјал за кој станува збор. Сè уште не е одреден датум за судењето – или, попрецизно, за следното појавување пред судот во Калифорнија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка..

Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешен министер на Србија

Раде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.

Уапсен поранешен министер на Србија

Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови!

Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.

Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер