Сиријци и Алжирци, шверцери на мигранти, пукале врз албанската полиција на границата со Косово - Канал 5

Сиријци и Алжирци, шверцери на мигранти, пукале врз албанската полиција на границата со Косово

Според полицијата во Кукс, финализирана е акцијата „Структурирање“ при што дошло до размена на оган меѓу полицајците и трговците со луѓе.

Сиријци и Алжирци, шверцери на мигранти, пукале врз албанската полиција на границата со Косово

Тежок инцидент се случиј во зелениот појас на албанско – косовската граница, во близина на преминот Морина, во кој сириски државјани шверцери на мигранти пукале врз албанската полиција, на што таа одговорила, но нема повредени, јавија албанските медиуми повикувајќи се на полициско соопштение.

Според полицијата во Кукс, финализирана е акцијата „Структурирање“ при што дошло до размена на оган меѓу полицајците и трговците со луѓе. Во истата куршумите продреле во заштитната облека на двајца полицајци, кои за чудо не се повредени. Разбиена е криминална група која организирала меѓународен шверц на имигранти од трети земји, од Грција кон Албанија, Косово и Србија, со крајна дестинација земјите од ЕУ, наведуваат медиумите.

Уапсени се петмина сириски и еден алжирски државјани, а се трага по еден алжирски државјанин.

Полициските службеници ги предупредиле да застанат на што дел употребиле огнено оружје, сериозно загрозувајќи ги животите на полициските службеници. Веднаш било комуницирано со Граничната полиција на Косово, за блокирање на границата од косовска страна, а по неколкучасовна потера, полициските служби успеале да ги уапсат шесте лица, стои во полициското соопштение.

Процедурните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Кукс за понатамошни дејствија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин

Ива Михаилова, жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка која заврши со смртни последици, ја напуштила Македонија заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија.

Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин

Ива Михаилова, жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка која заврши со смртни последици, ја напуштила Македонија заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамки на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи објави бугарската БТВ.,

Михаилова изјави дека поради влошената здравствена состојба во која се наоѓа, одлучила да се врати во Бугарија.„Ја преминавме границата со мојот адвокат. Моето здравје се влоши, тој ме зеде и се вративме во Бугарија без никакви проблеми вели таа и додава дека на границата ја покажала македонска лична карта.

Таа меѓу другото изјави дека се чувствува безбедно во Бугарија , а се жалеше дека во Македонија била репресирана поради бугарското потекло и според неа тоа било и една од причините зошто била обвинета “,вели Михаилова за БТВ.

На прашањето дали има намера да се врати во Македонија за судењето, чие следно рочиште е закажано за 9 ноември таа одговори:„Случајот продолжува со или без мене. Ќе видиме како ќе биде“.Нејзиниот адвокат одби да каже на кој граничен премин поминале, велејќи дека не сака да им предизвика проблеми на луѓето кои, според него, им помагале.

Во меѓувреме, од бугарското министерство за надворешни работи објавија дека не биле однапред известени за случајот и тврдат дека не учествувале во организацијата за враќање на младата Ива во Бугарија.Се уште нема информација и од македонското мвр како Ива Михаилова ја преминала границата со оглед на тоа што ѝ се одземени личните документи, како и преку кој граничен премин ја напуштила државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Акал ќебап

Во понеделник (05.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Нино Величковски

„Гответе со Дракче“ - Акал ќебап

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. јагнешки мозок

500 гр. јагнешко месо

500 гр. јагнешка марамица

1 главица кромид

1 чешне лук

масло

сол, шарена сол и др. зачини по избор

Бешамел сос за премачкување

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Јокиќ маестрален на натпревар од предсезоната. Трипл-дабл за 26 минути

Еден од најдобрите светски кошаркари, српскиот центар Никола Јокиќ одигра одличен натпревар во победата на Денвер Нагетс над Чикаго Булс со 133:128, во подготвителен меч пред почетокот на новата НБА-сезона.

Видео: Јокиќ маестрален на натпревар од предсезоната. Трипл-дабл за 26 минути

31 годишниот Јокиќ оствари „трипл-дабл“ учинок за само 26 минути поминати на теренот, завршувајќи го натпреварот со 22 поена, 11 скока и 10 асистенции.

Трикратниот НБА МВП имаше шут од игра 8 од 12 (вклучувајќи 1 од 2 за три поени), додека од линијата за слободни фрлања погоди пет од седум обиди.

Тој запиша и една блокада, а до „трипл-дабл“ стигна уште во текот на првите три четвртини. Јокиќ одлично го отвори натпреварот. Во првата четвртина ги погоди сите пет шута од игра и постигна 14 поени, а до крајот на мечот повторно покажа зошто важи за еден од најдобрите додавачи меѓу високите играчи во историјата на кошарката. Големо внимание привлекоа неколку негови асистенции, вклучувајќи и едно атрактивно додавање преку речиси целиот терен.

Најефикасен играч на Денвер беше Арон Гордон со 25 поени, додека Камерон Џонсон додаде 15. Кај Чикаго се истакна Леонард Милер, кој постигна 26 поени влегувајќи од клупата и имаше реализација од 11 од 14 обиди од поле.

Минатата сезона, Јокиќ ја продолжи низата од шест последователни сезони во кои завршуваше меѓу првите двајца во гласањето за МВП-наградата.

Иако „трипл-дабл“ учинокот од подготвителните натпревари не се вбројува во неговата официјална НБА-статистика, синоќешниот настап покажа дека српскиот центар е во одлична форма пред почетокот на новата сезона.

Пред стартот на регуларниот дел од сезоната, Денвер го очекуваат уште неколку подготвителни натпревари против Лос Анџелес Клиперс и Лос Анџелес Лејкерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер