Сирија секој момент очекува да биде нападната

Сирија очекува секој момент да биде нападната – изјавија сириските безбедносни сили кои уште рекоа дека ќе ги преземат сите мерки за да ја одбранат својата држава.

 Изјавата доага само неколку часа,откако истражителите на Обединетите Нации ја напуштија Сирија, што според дел од американските медиуми се чекаше за да започне воениот напад . Првичните информации од истрагата ќе ги слушне Бан Ки Мун, по што земените примероци ке се испратат  до лабораториите во западните земји. Резултатите се очекуваат за десет дена. Но се чини дека  за Америка нема дилеми што се случило во Сирија.

„Знаеме дека 3 дена пред нападот  сирискиот режим бил на терен и го подготвувал нападот и знаеме дека на нивните подржувачи им  кажале да се заштитат со гас маски и да се подготват за напад со хемиско оружје“изјави државниот секретар Џон Кери.

Кери но и неговиот шеф Обама ги критикуваа лидерите кои според нив се пасивни и одлучиле да стојат настрана додека во светот се случува злосторство. Американскиот претседател Обама најави ограничен напад врз Сирија што нема да трае долго и нема да се води од копно .

„Не можеме да  прифатиме свет во кој ќе се задушуваат   жени и деца и недолжни цивили“изјави Обама.

За рускиот претседател  обвинувањата дека сирискиот режим употребил хемиско оружје се неосновани – тој го  повика Обама ако има докази да ги презентира пред советот за безбедност .

„Да не заборавиме дека Обама е добитник на Нобеловата награда за мир – Америка во изминативе десет години почна војни во многу делови низ светот Авганистан, Ирак, Либија, но дали некаде ги решија проблемите дали има демократија? Ова мора да се земе в предвид пред да се нападне Сирија бидејки ќе има многу цивилни жртви“ – вели рускиот претседател. 

До сега само Франција децидно ја подржа Америка во намерите за воен напад додека Велика Британија, Германија и НАТО ја отфрлија таа можност .
притисни ентер