ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
СветСирија ја одбележува првата годишнина од соборувањето на АсадСирија денеска ја одбележува првата годишнина од соборувањето на диктаторот Башар ал-Асад, додека разединетата земја се соочува со нестабилност и потреба од обнова по повеќе години конфликт.Официјалната прослава е закажана на централниот плоштад Омејад во Дамаск, каде славениците се собираат веќе неколку дена, како и во други делови од земјата. Се очекуваат и воени паради. Асад побегна од Сирија во Русија пред една година кога бунтовниците предводени од новиот претседател Ахмед ал-Шара го зазедоа Дамаск и ставија крај на неговото владеење, по повеќе од 13 години откако избувна војната од востанието против Асад. Шара ја одбележа годишнината со утринска молитва во џамијата Омејад во Дамаск, јавува државната новинска агенција САНА. Тој бил облечен во воена облека слична на онаа што ја носел за време на победничката бунтовничка кампања предводена од неговата исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам, јави агенцијата. Шара вети дека ќе изгради праведна и силна Сирија. „Од север до југ и од исток до запад, ако даде Господ, повторно ќе изградиме силна Сирија со структура што одговара на нејзината сегашност и минато“, рече тој, според САНА. Недоверба на малцинствата Шара, поранешен командант на Ал Каеда, воведе големи промени кои ги преобликуваа надворешнополитичките врски на Сирија. Тој воспостави односи со Соединетите Американски Држави, доби поддршка од Турција и арапските земји од Персискиот Залив и се оддалечи од сојузниците на Асад, Иран и Русија. Тешките санкции на Западот се главно укинати. Шара вети дека ќе ја замени бруталната полициска држава на Асад со инклузивен и праведен поредок. Меѓутоа, стотици луѓе се убиени во секташко насилство, што доведе до нови раселувања и поттикна недоверба кај малцинските народи кон владата на Шара додека таа се обидува да ја донесе цела Сирија под контрола на Дамаск. Курдската администрација која управува со североистокот ги забрани собирите и другите настани поради безбедносни причини, наведувајќи ја засилената активност на „терористичките ќелии“ кои сакаат да ја злоупотребат пригодата. Сепак, на Сиријците им ја честиташе годишнината. Курдската администрација се стреми да ја зачува својата регионална самоуправа, додека Друзите, припадници на малцинска секта произлезена од исламот, бараат независност во јужната провинција Свеида откако таму стотици луѓе беа убиени во јули во судири со владините сили. Уште четири години транзиција Шара на учесниците на форумот во Катар за време на викендот им рече дека „Сирија денес живее во своите најдобри времиња“ и покрај насилството, и вети дека оние што се одговорни за него ќе одговараат. Тој рече дека транзицискиот период со него на чело ќе трае уште четири години за да се создадат институции, закони и нов устав, за кој граѓаните ќе гласаат, а потоа ќе бидат распишани и избори. Шара има широки овластувања врз основа на привремениот устав усвоен во март. Властите организираа индиректни избори за формирање на парламент во октомври. Но, според уставот, Шара допрва треба да избере една третина од неговите 210 пратеници. Семејството Асад, кое припаѓа на сириското малцинство Алавити, владееше со Сирија 54 години. Во војната во Сирија загинаа стотици илјади луѓе, а милиони се раселени од 2011 година, поради што пет милиони луѓе избегаа во соседните земји. Агенцијата за бегалци на Обединетите нации денеска соопшти дека околу 1,2 милиони бегалци, покрај 1,9 милиони луѓе раселени во земјата, се вратиле во татковината откако Асад беше соборен, но дека намалувањето на хуманитарната помош би можело да ги одврати другите од враќање. Гувернерот на сириската централна банка, говорејќи на конференцијата NEXT на Ројтерс минатата недела, рече дека враќањето на околу 1,5 милиони бегалци помага за раст на економијата. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) тврди дека хуманитарните потреби низ Сирија се акутни и дека на околу 16,5 милиони луѓе им е потребна помош. ХРТТагови: Асад Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37