Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
ФудбалСинот на сопственикот на Валенсија е новиот претседател на клубот Валенсија преку официјално соопштение објави дека клубот има нов претседател, а тоа е синот на сингапурскиот сопственик Питер Лим - Куат Лим. Тој официјално ќе ја преземе функцијата на 5 март.Куат Лим е директор на „лилјаците“ од 2022 година, а сега на функцијата ја наследува бизнисменката Лаихун Чан. Веста дојде на денот кога „Меритон Холдингс“, компанијата преку која Питер Лим го има мнозинскиот удел во Валенсија со 91 отсто од акционерскиот капитал, објави изјава во сингапурскиот медиум „Бизнис Тајмс“. Демантираше дека клубот се продава за 400 милиони. евра, според информациите кои се појавија. Со својот син на чело на клубот, сопственикот Питер Лим се обидува да го рационализира раководството на клубот, особено во спортската област, за да ја елиминира потребата од вообичаените консултации што ги спроведува Валенсија во Сингапур пред каква било операција поврзана со клубот. Бизнисменот, кој е мнозински сопственик од 2014 година, веќе извесно време е под сериозен притисок од навивачите на „лилјаците“, кои воопшто не се задоволни од неговите потези. Под негово раководство, Валенсија забележа сериозен пад во својата игра и резултати, при што тимот освои само еден шпански Куп во овој период, во сезоната 2018/2019. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
МакедонијаКратко и интензивно невреме во Скопје – предизвикана материјална штетаКратко, но многу интезивно невреме го зафати Скопје попладнево.За само 10 минути направи вистински хаос, а предизвика и материјална штета. Одиме со слика во Карпош, таму е Михајло Видимлиски.. Михајло како е на терен? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
АвтомобилизамСе враќа Смарт во веќе препознатливата форма, премиерата е закажана наесен во Париз Електричниот мал Смарт #2 моментално е во процес на обемна глобална програма за тестирање пред неговата светска премиера на Саемот за автомобили во Париз во октомври 2026 година. Возилото е тестирано на пат во црно-бела камуфлажа, а тестовите вклучуваат агилност, стабилност, безбедност и нивоа на бучава и вибрации во кабината. Тешки услови на патот Инженерите го подложија возилото на тешки урбани сценарија, од ненадејни пречки и итни промени на лентите до лизгави влажни патишта. Суспензијата, управувањето и цврстината на шасијата постојано се подобруваат, така што автомобилот останува послушен и агилен во секојдневното градско возење. Посебно внимание се посветува на тишината во кабината. Тестовите се спроведени во аеродинамичен тунел, акустична комора и на јавни патишта, со цел да се намали бучавата од ветерот, погонскиот склоп и површината. Различни видови гуми беа тестирани и со цел да се пронајде оптималниот сооднос помеѓу опсегот и нивото на бучава. Дизајн и безбедност Смарт #2 наследува препознатлив дизајн со тркала лоцирани на самите рабови на каросеријата, што обезбедува исклучителна агилност во тесни урбани простори. Новата генерација на познатата безбедносна ќелија tridion одржува компактни димензии со високо ниво на заштита на патниците. Официјалната светска премиера на моделот smart #2 се очекува на Саемот за автомобили во Париз во октомври 2026 година.Тагови: Смарт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
МакедонијаДемократски Сојуз: Дополнителни мерки и одговорност, без политички влијанијаДемократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар.Очекуваме координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго. Демократски сојуз смета дека треба да се направат и други превентивни мерки, меѓу кои и лабораториски анализи на: 1. Водата што се користи за наводнување, 2. Земјоделските производи, посебно зеленчукот (марула, зелка, пиперки, патлиџани и др), и 3. Почвата. Врз основа на резултатите да се донесат и соодветни одлуки и насоки за постапување. Инаку, оваа епидемиолошка состојба и прекинот на снабдувањето со вода на граѓаните во Гостивар е резултат на партизацијата, политичкото мешање при носење на стручни работи, јавашлукот и неодговорноста на неспособните партиски кадри. Во услови на прогласена кризна состојба, неопходно е брзо дејствување од сите локални и државни институции. Одговорност мора да има за сите што придонеле за оваа скандалозна состојба, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter