СветСинот на Нетанјаху остро го критикуваше Макрон за најавата за признавање на палестинска државаЈаир Нетанјаху, син на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, остро го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон, откако тој рече дека Франција наскоро би можела да ја признае палестинската држава.„Да“ за независноста на Нова Каледонија! „Да“ за независноста на Француската Полинезија! „Да“ за независноста на Корзика! „Да“ за независноста на Баскија! „Да“ за независноста на Француска Гвинеја“, напиша Јаир Нетанјаху на Икс, очигледно збунувајќи ги Гвинеја и Гвајана. Во интервју за Франс 5 емитувано пред неколку дена, Макрон рече дека Франција може да направи чекор кон признавањето на Палестина за време на конференцијата на Обединетите нации во Њујорк во јуни. Тој додаде дека се надева оти овој потег ќе предизвика реципрочно признавање на Израел од арапските земји. „Мораме да одиме кон признавање и ќе го направиме тоа во следните месеци. Ќе го направам тоа затоа што верувам дека во одреден момент ќе биде правилно и затоа што сакам да учествувам во колективната динамика, која мора да им овозможи на сите оние кои ја бранат Палестина да го признаат Израел за возврат, што многу од нив не го прават“, рече Макрон. Бенјамин Нетанјаху го критикуваше „речникот“ на неговиот син, но ја осуди и поддршката на Макрон за палестинската државност. /MИАТагови: Макрон Нетанјаху Палестина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВоен авион се урнал во УнгаријаУнгарскиот премиер Петер Маѓар вчера изјави дека унгарски борбен авион „Грипен“ се урнал во близина на Солнок, во централниот дел на земјата, од непознати причини, и дека пилотот се катапултирал.„Од причини кои сè уште не се познати, пред неколку минути, борбен авион „Грипен“ на унгарските вооружени сили се урна во близина на Солнок. Пилотот успешно се катапултирал. Истрагата е во тек, а министерот за одбрана (Ромулус Русин-Сенди) е на пат кон местото на настанот“, рече Маѓар, според порталот Портфолио. Тој додаде дека во авионската несреќа нема повредени ниту штети на цивилната инфраструктура. Министерот за одбрана Ромулус Русин-Сенди изјави во видео објавено на Фејсбук дека пилотот не е повреден во авионската несреќа. Русин-Сенди додаде дека пилотот направил сè што можел за авионот да слета на безбедна и ненаселена територија. Унгарската национална служба за брза помош соопшти дека состојбата на пилотот е стабилна и дека е префрлен со хеликоптер за брза помош во болница на набљудување. Извор: Б92Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРеволт на екс фудбалски ѕвезди против Инфантино и ФИФА: Доста е. СменаБројни сегашни и поранешни фудбалери јавно се свртеа против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наведувајќи дека е потребна промена во раководството на светската фудбалска федерација.Меѓу нив се поранешните француски репрезентативци Микаел Силвестре и Емануел Пети, англиската репрезентативка Луси Бронзе и поранешниот англиски голман Дејвид Џејмс. На почетокот на неделавфа Силвестре - член на панелот „Гласот на играчите“ на ФИФА - објави изјава на X насловена како „Доста е!“, која подоцна ја споделија многу истакнати фудбалери. Потегот беше поттикнат од контроверзниот план на Инфантино потенцијално да продаде удели во натпреварувањата на ФИФА, вклучително и Светското првенство, на приватни инвеститори. „Гледавме како спортот што го сакаме се оддалечува од своите основни вредности под актуелното раководство на ФИФА. Предолго гледавме како се носат важни одлуки без консултација со играчите или земање предвид на нивните ставови, и без никакво внимание кон навивачите кои го одржуваат овој спорт во живот“, се вели во соопштението. Играчите повикаа на структурни промени во рамките на ФИФА и побараа фудбалерите и навивачите да имаат поголемо влијание врз процесот на одлучување. „Потребни се промени. Моќта ја замати способноста на актуелното раководство да ги разликува сопствените интереси од она што е најдобро за фудбалот. Поради неодамнешните настани, молчењето повеќе не е опција“, изјавија тие. Тие повикаа на колективна акција, „од самата база па сè до врвот на спортот“, за да се обезбеди играчите и навивачите да имаат „вистинско и директно влијание“ врз начинот на кој се управува со фудбалот. УЕФА се заканува со бојкот Инфантино е изложен на постојан притисок во последните недели, при што неколку конфедерации се побунија поради контроверзиите поврзани со проектот „FIFA Forward Enterprise“ (FFE).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилно торнадо уништи 300 домови во јужна ФранцијаСилно торнадо го погоди селото помас во југозападниот дел на Франција, при што се повредени 41 лице, а стотици куќи претрпеле штета.Локалните власти соопштија дека 15 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена која била повредена откако врз неа се урнале делови од куќа. Ветровите достигнувале брзина до 117 километри на час, корнеле дрвја, носеле покриви и оштетиле околу 300 домови. Повеќе од 120 припадници на итните служби биле испратени на терен за справување со последиците од невремето. Околу 2.800 домаќинства во десет населени места останале без електрична енергија, а властите издале портокалово предупредување за грмотевици во голем дел од југозападна Франција. Тагови: Торнадо Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook